Натриум бромид
Натриум бромид — неорганско соединение со формулата NaBr. NaBr е бела, кристална цврста суптстанца која што е подложна на топење при висока темпераура која наликува на натриум хлорид. Тој е широко користен извор на бромидниот јон и има многу голема примена.[7]
Назив според МСЧПХ Натриум бромид | |
Назнаки | |
---|---|
7647-15-6 13466-08-5 | |
ChEMBL | ChEMBL1644694 |
ChemSpider | 22712 |
| |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
PubChem | 253881 |
RTECS-бр. | VZ3150000 |
| |
UNII | LC1V549NOM |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Изглед | бела прашкаста материја, хигроскопна |
Густина | 3.21 g/cm3 (анхидрид) 2.18 g/cm3 (дихидрат) |
Точка на топење | |
Точка на вриење | |
71,35 g/100 mL (−20 °C) 79,52 g/100 mL (0 °C) 94,32 g/100 mL (25 °C)[1] 104.9 g/100 mL (40 °C) 116.2 g/100 mL (100 °C)[2] | |
Растворливост | Растворлив во етанол, течен амонијак, пиридин, хидразин, SO2 Нерастворилв во ацетон, ацетонитрил[1] |
Растворливост во methanol | 17.3 g/100 g (0 °C) 16.8 g/100 g (20 °C) 16.1 g/100 g (40 °C) 15.3 g/100 g (60 °C)[1] |
Растворливост во [[етанол]] | 2.45 g/100 g (0 °C) 2.32 g/100 g (20 °C) 2.29 g/100 g (30 °C) 2.35 g/100 g (70 °C)[1] |
Растворливост во [[мравја киселина]] | 19.3 g/100 g (18 °C) 19.4 g/100 g (25 °C)[1] |
Растворливост во [[глицерол]] | 38.7 g/100 g (20 °C)[1] |
Растворливост во [[диметилформамид]] | 3.2 g/100 g (10.3 °C)[1] |
Парен притисок | 1 torr (806 °C) 5 torr (903 °C)[3] |
−41.0·10−6 cm3/mol | |
Топлинска спроводливост | 5.6 W/(m·K) (150 K)[4] |
Показател на прекршување (nD) | 1.6428 (24 °C) nKrF = 1.8467 (24 °C) nHe–Ne = 1.6389 (24 °C)[5] |
Вискозност | 1.42 cP (762 °C) 1.08 cP (857 °C) 0.96 cP (937 °C)[1] |
Структура | |
Кристална структура | Кубична |
Термохемија | |
Ст. енталпија на образување ΔfH |
−361.41 kJ/mol[1] |
Стандардна моларна ентропија S |
86.82 J/(mol·K)[1] |
Специфичен топлински капацитет, C | 51.4 J/(mol·K)[1] |
Pharmacology | |
Законски статус |
|
Опасност | |
NFPA 704 | |
Температура на запалување | 800 °C (1,470 °F; 1,070 K) |
Смртоносна доза или концентрација: | |
LD50 (средна доза)
|
3500 mg/kg (rats, oral) |
Безбедносен лист | External MSDS |
Слични супстанци | |
Други анјони | Натриум флуорид Натриум хлорид Натриум јодид Натриум астатид |
Други катјони | Литиум бромид Калиум бромид Рубидиум бромид Цезиум бромид Франциум бромид |
Дополнителни податоци | |
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Синтеза, структура, реакции
уредиNaBr кристализира во истиот кубен мотив како NaCl, NaF и NaI. Анхидридната сол кристализира на 50,7 °C.[7] Дихидратните соли (NaBr·2H2O) кристализираат надвор од воден раствор под 50,7 °C.[8]
NaBr се произведува со третирање на натриум хидроксид со водородбромид.
Натриум бромидот може да се користи како извор на бром. Ова може да се постигне со третирање на воден раствор на NaBr со хлор во гасовита фаза:
- 2 NaBr + Cl2 → Br2 + 2 NaCl
Употреба
уредиНатриум бромид е најкорисен неоргански бромид во индустријата.[7] Исто така се користи како катализатор во реакциите на оксидација со посредство на ТЕМПО.[9]
Медицина
уредиИсто така познат како Sedoneural, натриум бромидот се користи како хипнотик, антиконвулзивен лек и седатив, уште од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Неговото дејство се должи на бромидниот јон и поради оваа причина калиум бромид е подеднакво ефикасен. Во 1975 година, бромидите биле отстранети од лековите во САД како што е Бромо-Селцер поради токсичност.[10]
Подготовка на други соединенија на бром
уредиНатриум бромидот е широко користен за подготовка на други бромиди во органската хемија за оррански синтези и други области. Тој е извор на бромид нуклеофил за претворање на алкил хлориди во пореактивни алкилбромиди со Финкелштајнова реакција:
- NaBr + RCl → RBr + NaCl (R = alkyl)
Во минатото NaBr наоѓал голема потреба во фотографирањето, но сега се оваа побарувачка е намалена, па наместо NaBr се користи фотосензитивната сол сребрен бромид кој што се подготвува со користење на NaBr.
Средство за дезинфекција
уредиНатриум бромид се користи заедно со хлор како средство за дезинфекција за топли кади и базени.
Нафтена индустрија
уредиПоради неговата висока растворливост во вода (943,2 g/L или 9,16 mol/L, на 25 °C) натриум бромидот се користи за подготовка на густи течности за дупчење што се користат во нафтени бунари за да се компензира можниот прекумерен притисок што се јавува во колоната на течноста и да се спротивстави на поврзаниот тренд на издување. Присуството на натриум катјонот исто така предизвикува бентонитот додаден во течноста за дупчење да отече, додека високата јонска јачина предизвикува бентонитна флокулација.
Безбедност
уредиNaBr има многу ниска токсичност со орален LD50 проценет на 3,5 g/kg за стаорци.[6] Сепак, ова е вредност за единечна доза. Бромидниот јон е кумулативен отров со релативно долг полуживот (повеќе од една недела кај луѓето): видете калиум бромид.
Наводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 „Sodium bromide“.
- ↑ Seidell, Atherton; Linke, William F. (1919). Solubilities of Inorganic and Organic Compounds (2. изд.). D. Van Nostrand Company.
- ↑ 3,0 3,1 Pradyot, Patnaik (2003). Handbook of Inorganic Chemicals. The McGraw-Hill Companies, Inc. ISBN 978-0-07-049439-8.
- ↑ 4,0 4,1 „Sodium Bromide (NaBr)“. korth.de. Korth Kristalle GmbH. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 2014-06-11.
- ↑ Polyanskiy, Mikhail. „Refractive index of NaBr (Sodium bromide) - Li“. refractiveindex.info. Посетено на 2014-06-11.
- ↑ 6,0 6,1 „Sodium bromide MSDS“. sciencelab.com. Sciencelab.com, Inc. 2013-05-21. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-07. Посетено на 2014-06-11.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Michael J. Dagani, Henry J. Barda, Theodore J. Benya, David C. Sanders "Bromine Compounds" in Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry Wiley-VCH, Weinheim, 2000. doi:10.1002/14356007.a04_405
- ↑ Eagleson, Mary (translated by) (1994). Concise Encyclopedia Chemistry (Illustrated, revised, English language. изд.). Berlin [u.a.]: Walter De Gruyter. стр. 996. ISBN 9783110114515.
- ↑ Hirota, Masayuki; Tamura, Naoyuki; Saito, Tsuguyuki; Isogai, Akira (2010). „Water dispersion of cellulose II nanocrystals prepared by TEMPO-mediated oxidation of mercerized cellulose at pH 4.8“. Cellulose. 17 (2): 279–288. doi:10.1007/s10570-009-9381-2. S2CID 97264888.
- ↑ „Bromide: Potassium & Sodium“. canine-epilepsy.com. Canine-Epilepsy Resources. 2011-05-31. Архивирано од изворникот на 2014-03-06. Посетено на 2014-06-11.
Надворешни врски
уреди- Натриум бромид на Ризницата ?
- Information about NaBr.
- Bromide Poisoning in Angola