Специфичен топлински капацитет
Специфичната топлина (c) го претставува количеството топлина потребна за зголемување на температурата на една единица маса од некое тело за една единица температура:
Во SI специфичната топлина се изразува во единицата Ј/(kg·K).
Специфичната топлина се користи како помошно средство во физичкиот закон на пропорционалноста, кој гласи:
Промената на внатрешната енергија (ΔE) на телото е пропорционална на масата на телото (m) и промената на температурата (Δt). Или, искажано со математичка формула:
Овој закон важи под услов телото да не ја менува својата агрегатна состојба.
Специфичната топлина на врстите тела и течностите е непроменлива величина зависна само од хемиската структура на телата и независна од нивниот облик и големина.
Кај гасовите, пак, специфичната топлина зависи од видот на гасот, и затоа кога се зборува за специфичната топлина на гасовите се подразбираат стандардни услови (cv).
Специфична топлина на некои тела Уреди
Оваа табела содржи податоци за специфичната топлина на некои хемиски елементи и соединенија:
Супстанција | Агрегатна состојба | Специфична топлина J/(kg·K) |
---|---|---|
Алуминиум | цврста | 900 |
Легура на бакарот и цинкот | цврста | 377 |
Бакар | цврста | 385 |
Дијамант | цврста | 502 |
Етанол | течна | 2460 |
Злато | цврста | 129 |
Графит | цврста | 720 |
Железо | цврста | 444 |
Литиум | цврста | 3582 |
Жива | течна | 139 |
Нафта | течна | ≈ 2000 |
Вода | течна | 4186 |
цврста (0 °C) | 2060 | |
Таму каде не е поинаку назначено се употребени стандардни услови |