Наос (ѕвезда)
Наос или Зета Пупис (Zeta Puppis / ζ Pup / ζ Puppis) е ѕвезда во соѕвездието Крма. Позната е по имињата Наос („Naos" од грчки ναύς „брод“) и Сухаил Хадар („Suhail Hadar“ од арапски, „светла ѕвезда на тлото“).
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Крма |
Ректасцензија | 08ч 03м [1] | 35,1с
Деклинација | −40° 00′ [1] | 11,6″
Прив. величина (V) | 2.21 |
Особености | |
Спектрален тип | O5 IAf |
U−B Боен показател | −1.09 |
B−V Боен показател | −0.27 |
Променлив тип | ? |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −24.0[1] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: −30.82[1] млс/г Дек.: 16.77[1] млс/г |
Паралакса (π) | 3.00 ± 0.10 млс |
Оддалеченост | 1.090 ± 40 сг (330 ± 10 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −5.96 |
Податоци | |
Маса | 64 M☉ |
Полупречник | 16 R☉ |
Сјајност | (bolometric)790,000 L☉ |
Температура | 42,400 K |
Металичност | ? |
Вртење | >211 km/s.(>4.8 days) |
Старост | 4 × 106 години |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Нејзиниот спектрален тип е O5Ia, што значи дека ова е екстремно жешка ѕвезда. Таа е една од ретките ѕвезди на ноќното небо од типот „O“ што се гледаат со голо око. Температурата на површината ѝ е 42.400 K[2], а масата 59 сончеви маси.
За разлика од многу други ѕвезди на толкава далечина, за Зета Пупис се знаат точните параметри, а се знае и дека потекнува од реонот со молекуларен облак во соѕвездието Едро.[3] Според тоа, за оваа ѕвезда можеме точно да ја одредиме оддалеченоста, што на пример не можеме за ѕвездата Денеб.
Зета Пупис е есктремно сина суперџин ѕвезда, една од најсјајните ѕвезди во нашиот Млечен Пат. Визуелно е 21.000 пати помоќна од нашето Сонце, но бидејќи е екстремно сина ѕвезда, поголемиот дел од нејзиното електромагнетно зрачење е ултравиолетово. Сините ѕвезди не се многу големи, па така и Наос не е исклучок, околу 20 пати е поголем од сончевиот полупречник. Во тој поглед најголеми се црвените џинови, како што е Бетелгез на пример.
За неколку илјади години, Наос ќе се излади и ќе се претвори во црвен суперџин, и ќе мине низ спектралните типови: B, A, F, G, K, и M. Кога ќе се случи ова, гледано од Земјата, Наос ќе биде една од најсјајните ѕвезди на небото. За 2 милиони години, Наос ќе се претвори во црвен суперџин од типот M5, а се прептоставува дека на крајот ќе експлодира во хипернова толку моќно и сјајно, што ќе се види на небото посјајно од полна Месечина.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „SIMBAD Query Result“. Results for NAOS. Посетено на 2009-01-09.
- ↑ Lamers & Cassinelli 1999, accurate to 200 K.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-09-07. Посетено на 2009-06-05.
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)