Сорбона (универзитет)

Париски универзитет, познат и само како Сорбона (француски: Université de Paris, Sorbonne) — универзитет во Париз, основан од Робер де Сорбон во 1253 година. Прво, тој изградил зграда со црква за да ги олесни теолошките студии на сиромашните ученици. Од сите стари градби на Сорбона, останала само црквата.[1] Универзитетот бил активен во периодот 1150–1793 година и во 1806–1970 година.

Историскиот грб на Универзитетот во Париз
Парискиот универзитет денес

Избрани студенти

уреди

Познати студенти на овој универзитет се: Нанс Скот, Марија Кири, Пјер Кири, Жак Дерида, Ибрахим Ругова, Пол Пот, Андре Бретон, Симон де Боваар, Марина Цветаева, Анри Поенкаре, Ирена Золио Кири, Александар Алехин и Жан Мишел Атлан. Исто така, на Сорбона студирале: Михаило Петровиќ Алас, Милан Недељковиќ, Вељко Влаховиќ, Власта Петковиќ, Радомир Лукиќ, Оскар Давичо, Станислав Винавер, Филип Христиќ, Сретен Жујовиќ, Ранко Радовиќ, Јован Ристиќ, Воислав Вељковиќ, Јеврем Грујиќ, Милован Јанковиќ, Коча Поповиќ и Олга Луковиќ-Пјановиќ.

Надворешни врски

уреди
  1. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 140.