Игалоград во општината Херцег Нови во Црна Гора. Спрема пописот од 2003 година имал 3.754 жители (спрема пописот од 1991 година имал 3.676 жители). Иако со Херцег Нови чини единствена градска целина, Игало се смета за посебно населено место. Името го добил по истиот збор од грчко потекло, кој значи „брег, плажа“.

Игало
Игало
Град
Игало is located in Црна Гора
Игало
Игало
Координати: 42°27′32″N 18°30′44″E / 42.45889° СГШ; 18.51222° ИГД / 42.45889; 18.51222
Држава Црна Гора
ОпштинаХерцег Нови
Население (2003)
 • Вкупно3,754
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Повик. бр.+382 31
Рег. таб.HN

Лекувалиште

уреди

Игало е познато туристичко место, а благодарение на радиоактивната морска тиња од Блатна Плажа (Каллива Плажа) – или како што уште ја нарекуваат Стара бања, тој е центар на здравствениот туризам во Црна Гора. Игало е познато и по неексплотираната минерална вода наречена „Игалка“. Во 1930 година направено е испитување во познатото француско лекувалиште Виши (Vichy) кое испитување дефинитивно ја потврдило неговата исклучителна лековитост, но дури после Втората светска војна, на иницијатива на Мирко Стиепчевиќ, кој го ангажира д-р Светозар Живојновиќ, се реализирани дамнешните планови за основање на лекувалиште во Игало. Истото со одлука на владата на Црна Гора од 1 ноември 1949 година конечно е основано.

Во Игало се наоѓа црквата Св. Преображение Господово од втората половина на 17 век, која е обновена во 1857 година.

Демографија

уреди

Во Игало живеат 2.988 полнолетни жители, а просечната возраст на жителите изнесува 38,2 години (37,1 кај мажите и 39,3 кај жените). Во местото има 1.300 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 2,88.

Националниот состав во Игало според пописот од 2003 година[1] е следниот:

Националност Игало
Срби 2.270
Црногорци 1.011
Муслимани по националност 22
Југословени 15
Роми 14
Македонци 11
Унгарци 6
Бошњаци 5
Словенци 3
Германци 1
Италијанци 1
Албанци 1
Непознато 72
Вкупно 3.432

Наводи

уреди
  1. Становништво, национална или етничка припадност, подаци по насељима. Подгорица: Републички завод за статистику. септември 2004. ISBN 978-86-84433-00-0.

Надворешни врски

уреди