Кондор
Андски кондор лета над јужен Перу (Кањон Колка).
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Ciconiiformes
Семејство: Птици од Новиот Свет
Genera

Андски кондор
Калифорниски кондор

Кондор — голема птица-мршојадец од Новиот Свет кој го сочинуваат два вида: Андскиот кондор и Калифорнискиот кондор.

Особености

уреди

Две од најголемите птици што летаат, секоја со должина од околу 130 cm и тежина од 10 кг. И двете се хранат со мртви животни. Андскиот кондор (Vultur gryphus) кој се наоѓа од тихоокеанското крајбрежје во Јужна Америка до високите Анди, има малку подолги крилја (3 m) и е црн со бели пердуви околу вратот и розова глава, врат и гуша. Калифорнискиот кондор (Gymnogyps cxalifornianus) речиси е црн со бели делови од крилјата, гола жолта глава и црвен врат и гуша. Бил речиси изумрен во 80-тите години на XX век, по што, како чекор на заштита, речиси секој калифорниски кондор бил уловен; внимателната грижа неодамна довела до ослободување на десетици кондори во дивината.

Кондорот како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди