Награда „Мајка Тереза“
- Ова е статија за државна награда. За истоимената личност видете Мајка Тереза
Мајка Тереза — државна награда на Македонија, која се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери. Во една година можат да се доделат најмногу до две награди. Се доделува на 26 август - денот на раѓањето на Мајка Тереза.[1]
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата. Наградата првпат била доделена во 2006 година.[2]
Добитници
уреди- 2006 - Коте Тасевски - стоматолог примариус; - Христо Крстевски - писател; Ремзи Бала - дефектолог; и Стојан Тренчевски - новинар.
- 2008 - д-р Љупчо Ајдински - дефектолог и хуманист; и Антон Серечи - новинар и публицист;
- 2009 - Томе Серафимовски - вајар и Ресул Шабани - писател;
- 2010 - Халил Зендели - писател; и м-р Олга Јотовска - доктор специјалист педијатар;[3]
- 2011 - Сами Нуредини - жител на Крушопек, спасувач на повеќе лица од сигурна смрт; и Здружение за цистична фиброза;[4]
- 2012 - Хуманитарно здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ и УК Детски театарски центар;[5]
- 2013 - Живко Поповски - Цветин - сликар, хуманист и новинар; и Живко Мукаетов - генерален директор и претседател на управниот одбор на „Алкалоид;[6]
- 2014 - Поликсена Илиоска - одделенски наставник и педагог;[7]
- 2015 - Сузана Тунева – Пауновска- секретар на Црвениот крст на град Скопје и Доц. д-р Буниамин Мемеди [8]
- 2016 - прим. д-р Димитар Котевски - доктор специјалист офталмолог [9]
- 2017 - Миливоје Јанковски и доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски[10]
- 2018 - Ленче Здравкин - хуманитарка и Омер Калеши - ликовен уметник[11]
- 2019 - не е доделена.[12]
- 2020 - не е доделена.[13]
Наводи
уреди- ↑ „Службен весник на РМ“ бр. 52/06
- ↑ „ДРЖАВНА НАГРАДА „МАЈКА ТЕРЕЗА" – ЗА ПРВ ПАТ Е ВОВЕДЕНА ВО 2006 ГОДИНА“. Министерство за култура. Посетено на 2019-05-07.
- ↑ „Награда „Мајка Тереза" за Зендели и Јотовска“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-08-18.
- ↑ Доделена државната награда Мајка Тереза за 2011[мртва врска]
- ↑ Доделена државната награда „Мајка Тереза“
- ↑ Наградата „Мајка Тереза“ врачена на Мукаетов и на Цветин[мртва врска]
- ↑ „НАГРАДА „МАЈКА ТЕРЕЗА" ЗА ПОЛИКСЕНА ИЛИОСКА“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-08-18.
- ↑ http://a1on.mk/wordpress/archives/524028[мртва врска]
- ↑ http://cooltura.mk/kultura-i-nauka/dimitar-kotevski-dobitnik-na-drzhavnata-nagrada-majka-tereza[мртва врска]
- ↑ „Избрани добитниците на државната награда „Мајка Тереза" за 2017 година“. Посетено на 2019-05-07.
- ↑ „Ленче Здравкин и Омер Калеши добитници на наградата „Мајка Тереза"“. Архивирано од изворникот на 2019-05-07. Посетено на 2019-05-07.
- ↑ „ОДБОР ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА "МАЈКА ТЕРЕЗА"“. De iure. Посетено на 12 декември 2020.
- ↑ Стефанова, Нина (8 декември 2020). „Заради застојот во Собранието – наградата "Свети Климент Охридски" не се додели“. Телма. Посетено на 12 декември 2020.