Милано-Санремо 2012

(Пренасочено од Милано-Сан Ремо 2012)

Милано-Санремо 2012 било 103. издание на еднодневната велосипедска трка Милано-Санремо. Била одржана на 17 март на должина од 298 километри и била четврта трка во сезоната 2012 на светската турнеја.

Милано-Санремо 2012
Светска турнеја на UCI 2012, трка 4 од 28
Рута на Милано-Санремо 2012
Детали за трката
Date 17 март
Растојание 298 км
Време 6ч 59' 24" (42.632 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Сајмон Геранс (Австралија) (ГринЕЏ)
Втор  Фабијан Канчелара (Швајцарија) (РадиоШек-Нисан)
Трет  Винченцо Нибали (Италија) (Ликвигас-Канондејл)
2011
2013

Трката ја освоил возачот на ГринЕЏ Сајмон Геранс, кој бил дел од групата од тројца возачи, кои се бореле за победа во спринтерската завршница.[1][2] Геранс завршил пред возачот на РадиоШек-Нисан Фабијан Канчелара – победникот на трката во 2008 – и возачот на Ликвигас-Канондејл Винченцо Нибали, кој го комплетирал подиумот.[3]

Екипи

уреди

25 екипи учествувале на Милано-Санремо 2012. Секоја екипа започнала со осум возачи, правејќи ја групата од 200 возачи. Тие биле:[4]

Резултати

уреди

[2]

Велосипедист Екипа Време
1   Сајмон Геранс (АВС) ГринЕЏ 6ч 59' 24"
2   Фабијан Канчелара (ШВА) РадиоШек-Нисан и.в.
3   Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл и.в.
4   Петер Саган (СВК) Ликвигас-Канондејл + 2"
5   Џон Дегенколб (ГЕР) Проект 1т4и + 2"
6   Филипо Поцато (ИТА) Фарнезе Вини-Селе Италија + 2"
7   Оскар Фреир (ШПА) Катјуша + 2"
8   Алесандро Балан (ИТА) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 2"
9   Даниел Ос (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 2"
10   Даниеле Бенати (ИТА) РадиоШек-Нисан + 2"

Наводи

уреди
  1. Lowe, Felix (17 март 2012). „Извонредниот Геранс победи на Милано-Санремо“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 17 март 2012.
  2. 2,0 2,1 „Поредок на пристигнувањето“ (PDF). Милано-Санремо. La Gazzetta dello Sport; RCS MediaGroup. 17 март 2012. Посетено на 17 март 2012.
  3. Вестемајер, Сузан (17 март 2012). „Геранс победи во Милано-Санремо“. Cycling News. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2013-03-20. Посетено на 17 март 2012.
  4. „Список на возачи“ (PDF). Милано-Са Ремо. La Gazzetta dello Sport; RCS MediaGroup. Посетено на 17 март 2012.

Надворешни врски

уреди