Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун
Оваа статија користи текст од мрежното место на Македонскиот информациски филмски центар (МИФЦ). Повеќе за наводите ќе најдете во делот за надворешни врски.
Текстот во статиите се употребува со дозвола на МИФЦ; Повеќе на страницата за разговор во рамките на ВикиПроектот „Филм“. |
Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун — филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во времетраење од 11 минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно бела техника и 35мм филм.[1]
„Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун“ | |
---|---|
кадар од филмот | |
Режисер | Јанаки Манаки Милтон Манаки |
Премиера | 1911 |
Времетраење | 11 мин |
Земја | Македонија |
Следен | Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола |
Историска позадина
уредиПо победата на Младотурската револуција (1908 година), на местото на Абдул Хамид II, во 1909 година за нов султан бил поставен Мехмед V Решад, кој владеел до 1918 година и бил претпоследен турски султан. Во 1911 година Мехмед V Решад тргнал во посета на најоддалечените европски краеви на своето царство и при оваа своја обиколка ги посетил Солун и Битола. Браќата Манаки успеале да издејствуваат специјална дозвола за да го придружуваат и снимаат султанот за време на неговиот престој, реализирајќи две импозантни филмски целини за неговите посети на Солун и на Битола.
Кратка содржина
уредиИако само единаесетминутен, овој краток филм прикажува барем три драматуршки цврсто поврзани секвенци:
- пристигнувањето на султанот во солунското пристаниште;
- неговиот пат низ солунските улици, преку низа манифестации, паради и смотри;
- заминувањето на султанот со воз од Солун и неговиот пат до Битола.
За овие последни секвенци е интересно што тие се снимени од возот во движење така што се забележани попатни предели и железнички станици низ кои минувал султанот и неговата експедиција.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Извадок од филмот на YouTube.