Харем-и Хумајун

(Пренасочено од Отомански харем)

Османлискиот харем (турски: Harem-i Hümâyûn) бил еден од најважните судови односно резиденции на Османлиското Царство. Тој бил управуван од страна на Валиде султан, односно мајката на султанот. Позицијата на Валиде султан била втора по важност во отоманската хиерархија, по онаа на султанот. Таа имала огромно влијание врз управувањето на земјата.

Сцена од османлискиот султански харем

Во текот на 17 век, главно поради застанувањето на престолот на неколку неспособни султани кои постепено ја уништувале империјата, формално власта била во рацете на Валиде султан. Овој период од историјата на Отоманското Царство се нарекува Султанат на жените[1]. Покрај Валиде султан, по ранг во харемот биле омилените или хасеки девојки на султанот како и наложничките чии функции биле да го забавуваат на султанот во неговата одаја[2]. Од друга страна пак голем дел од харемските девојки никогаш не го гледале султанот па останувале единствено слугинки неопходни за секојдневното функционирање на харемот.

Историја

уреди

Османлискиот султански харем се наоѓал во палатата Топкапи-сарај во Цариград. Ова била официјалната резиденција на мајката на султанот односно Валиде султан, на неговите сестри, ќерки и наследниците на султанот (шехзаде), на неговата жена, љубовниците и наложници. Во харемот живееле околу 700 жени од изградбата на Кафезот.

Харемот бил опслужуван по стар византиски начин од евнуси облечени во црно (карагалари) кои биле под команда на Дарусаде Агаси. Капа Агаси бил управител на белите евнуси (акагалари) и тие биле одговорни за сигурноста на харемот. До 1587 година Капа Агаси располагал со внатрешна власт во палатата, а неговата функција се споредувала со онаа на везирот, а по 1578 година поголемо влијание во харемот добиле црните евнуци. Евнусите биле машки затвореници или робови, кастрирани пред пубертетот и осудени на потчинет живот. Белите евнуси за првпат биле обезбедени од освоените христијански области во Грузија и Ерменија а подоцна и Балканските земји. Црните евнуси пак биле доведени од Египет и Судан.

Во османлискиот харем постоела строга хиерархија. Прва дама била Валиде султан, а по неа по ранг биле сестрите на султанот, а потоа следувала неговата сопруга. Харемот бил одржуван со специјален данокот наречен башмаклак.

Во харемот на султанот имало и робинки кои обично биле наложници и кои во харемот доаѓале кога биле продавани од страна на нивните родители за да се стекнат со образование. Многу грузиски и черкешки семејства ги охрабрувале своите ќерки да влезат во харемот бидејќи животот таму бил луксузен и многу поубав. Освен овие поголемиот дел од нив биле купувани од пазарот за робови или пак биле киднапирани. Девојките биле откупувани од 5-7 години и биле обучувани до 15 година од нивната возраст. Најубавите од нив често биле предавани на султанот. Тие биле обучувани во музиката, готвењето, шиењето, уметноста и дворската етика како и за давање на максимално задоволство на мажите. При продажбата на своите ќерки, нивните татковци потпишувале посебен документ каде тие посочувале дека се согласуваат дека во иднина нема да имаат никакви претензии кон нивните ќерки и дека нема да се среќаваат со нивните ќерки до крајот на својот живот. Кога ќе влегле во харемот, девојките добивале ново или тајно име.

Церемонија

уреди

При изборот на султанската наложница таа требало да замине во одајата на султанот. Но претходно морела да помине преку неколку ритуали. Така за да биде избрана таа морала да добие од султанот одреден подарок, најчесто шамија или прстен. По поканата девојката одела во бања а по ова била облекувана во најубавите алишта и била придружувана до вратата на султанот. По влегувањето во неговата соба, таа требала да го чека султанот и во никој случај не смеела да легне во креветот пред да престигне султанот. По влегувањето на султанот во собата, таа коленичела пред султанот и му ги бакнувала неговите нозе. Утрото султанот испраќал подароци на наложницата во харемот а доколку на султанот му се допаднала таа останувала цела ноќ кај него.

Султанот според протоколот можел да има четири фаворитки за љубовници. Ако наложницата забременеела таа била преместувана во категоријата на среќници. По раѓањето на султански наследник, таа добивала статус на сопруга на султанот. Тогаш таа имала во палатата самостојна соба, имајќи право на дневно мени од 15 јадења, како и многу робинки за домашна послуга. Само една од жените на султанот добивала титулата султанши или хасеки султан, а тоа била онаа чиј син можел да го наследи престолот. Сите наложници во харемот на султанот и слугинките, и други жени таму биле должни да ги бакнуваат краевите на фустанот на хасеки султан. Еднаква на султанши се сметала само мајката на султанот. хасеки султан, независно од нејзиниот потекло би можела да биде многу влијателна во управувањето со империјата (најпознат пример е Рокселана).

По 9-годишна служба во харемот, султанските наложници имале право да го напуштат харемот. Во таков случај, султанот при нивното мажење им исплаќал, а ослободените од харемот добивале и посебен документ дека се слободни луѓе.

Влијанието на хасеки султан во текот на XVII и XVIII век се зголемило и често биле користени како дипломатски посредници пред османлискиот султан од амбасадорите на големите сили. На овој начин рускиот амбасадор во Османлиското Царство, Михаил Кутузов, пристигнал во септември 1793 година во Истанбул а Михришах султан му подарила раскошни подароци.

По укинувањето на ропството во 19 век, султанските наложнички поминувале апсолутно доброволно животот во харемот во согласност на родителите. Како државна институција харемот бил ликвидиран во 1908 година.

Наводи

уреди
  1. Murat Iyigun, “Lessons From the Ottoman Harem on Culture, Religion & Wars,” (University of Colorado, 2011), 2.
  2. "Harem." Merriam-webster.com. Merriam-Webster, Inc., n.d. Web. 23 Oct. 2013.