Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола

Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола — филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во времетраење од 16 минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно бела техника и 35мм филм.[1]

„Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола“
кадар од филмот
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1911
Времетраење16 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
ПретходенТурскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун

Историска позадина

уреди

По победата на Младотурската револуција (1908 година), на местото на Абдул Хамид II, во 1909 година за нов султан бил поставен Мехмед V Решад, кој владеел до 1918 година и бил претпоследен турски султан. Во 1911 година Мехмед V Решад тргнал во посета на најоддалечените европски краеви на своето царство и при оваа своја обиколка ги посетил Солун и Битола. Браќата Манаки успеале да издејствуваат специјална дозвола за да го придружуваат и снимаат султанот за време на неговиот престој, реализирајќи две импозантни филмски целини за неговите посети на Солун и Битола.

Кратка содржина

уреди
 
 
кадри од филмот

Вториот дел од документарниот филмски запис за посетата на претпоследниот турски султан Мехмед V Решад, браќата Манаки го реализирале при неговата посета во Битола. Филмот започнува со секвенцата на пристигнувањето на султанот на железничката станица во Битола и неговото заминување кон зградата на општината каде престојувал за време на неговата посета на Битола.

Следува долга секвенца од парадата која се одвивала пред султанот, пред зградата на општината, во која учествувале припадници на сите народи и верски заедници во Отоманското Царство, како и претставници на сите општествено-политички, воени и верски структури. Биле застапени сите возрасти - деца од најмлада возраст до постари мажи и жени.

Освен оваа парада пред султанот, во филмот се забележани и неколку негови парадни прошетки низ улиците на Битола, како и патот до и престојот на излетничкото место крај Битола - Тумбе Кафе. Филмот завршува со заминување на султанот од железничката станица во Битола.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди