Семоа
Семоа (француски: Semois / Semoy, валонски: Simwès / Smwès, германски: Sesbach, луксембуршки: Setzbaach) — река во Белгија и Франција, северозападна Европа. Тече од подгорскиот крај на Ардените во Белгија и Франција, па се влева во Меза како нејзина десна притока.[1]
Семоа Semois | |
---|---|
Семоа во Бујон | |
![]() | |
Земја | Белгија, Франција |
Слив | |
Главен извор | Арлон 410 м 49°40.906′N 5°49.218′E / 49.681767° N; 5.820300° E |
Устие | Монтерме 49°52′50″N 4°44′18″E / 49.88056° N; 4.73833° EКоординати: 49°52′50″N 4°44′18″E / 49.88056° N; 4.73833° E |
Течение | Меза→ Северно Море |
Сливна повр. | 1.329 км2 |
Физички особености | |
Должина | 210 км |
Проток |
|
Реката извира кај Арлон во белгиската покраина Луксембург, недалеку од границата со кнежевството Луксембург. Тече во западен правец, минува низ селото Боан на Семоа, па влегува во Франција и се влева во Меза околу 10 км низводно од гратчето Монтерме. Целото течение е долго 210 км.
Семоа минува и низ други населени места како Шини, Флоранвил, Ербемон, Бујон (вкл. месностите Доан и Пупеан) и Врес на Семоа — сите во Белгија.
ИсторијаУреди
Реката првпат се споменува во II век како Sesmara. Во следниот период, на подрачјето се доселило монгубројно германско население. Крај реката се појавиле низа населени места како Сесомирс (664), Сесмарус (950), Сесмоа (1104) и Семоар (1244).
Реката го дала своето име и на позната сорта тутун кој се одгледува во тој крај.[1]
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Scheffel, Richard L.; Wernet, Susan J., уред. (1980). Natural Wonders of the World. United States of America: Reader's Digest Association, Inc. стр. 340. ISBN 0-89577-087-3.
Надворешни врскиУреди
- Семоа на Ризницата ?
- Семоа на базата „Сандр“
- Семоа — GeoNames