Самбра

река во Франција и Белгија

Самбра (француски: Sambre, Самбр) — река во северна Франција и Валонија, Белгија. Таа е лева притока на поголемат арека Меза, во која се влева во градот Намир.

Самбра
Самбра низ центарот на Намир, Белгија
Самбра во рамките на Белгија
извор
утока
Изворот и утоката на Самбра на карта на Белгија
Изворно имеSambre  (француски)
Местоположба
ЗемјаБелгија, Франција
Физички особености
Извор 
 • местоЛе Нувион во Тјераш, Пикардија
 • координати50°01′49″N 3°50′29″E / 50.0302° СГШ; 3.8413° ИГД / 50.0302; 3.8413
 • надм. вис.199 м
Устие 
 • место
Меза во Намир
 • координати
50°27′43″N 4°52′15″E / 50.4619° СГШ; 4.8708° ИГД / 50.4619; 4.8708
Должина193 км
Големина на сливот2.740 км2
Особености на сливот
ТечениеМезаСеверно Море

Реката извира кај Ле Нувион во Тјераш во департманот Ена, Франција. Минува низ француско-белгиското јагленарско подрачје, кое некогаш било од голема индустриска важност. Пловноста почнува од Ландреси во раскрсницата со каналот кон Оаза, кој го поврзува со централната речна сообраќајна мрежа на Франција (барем пред структурните пореметувања во 2006 г.).[1] Тече во должина од 54 км и минува низ 9 преводници со димензии од 38,5 × 5,2 м сè до белгиската граница кај Жемон. Почнувајќи од границата, Самбра е канализирана во два посебни потега долж 88 км, и има 17 преводници. Потегот Горна Самбра е долг 39 км и има 10 преводници со иста големина како француските, и оди до индуструскиот град Шарлероа. Остатокот од течението во Белгија е надограден на европска класа IV (товарни пловила до 1.350 тони) непосредно по Втората светска војна. Лежи во западниот крај на Индустриската бразда (Sillon industriel), која и денес претставува срцевината на индустријата во Валонија, и покрај целосното замирање на јагленарството и челичарството. Го достигнува градот Намир и се влева во Меза, која пак самата завршува во Северното Море.

Пловните делови во Франција се под надлежност на управата Водни патишта на Франција, а со оние во Белгија раководи Јавната служба на Валонија во рамките на Генералната оперативна дирекција за внатрешни водни патишта[2]

Течение

уреди

Самбра тече низ следниве градови и гратчиња во Франција и Белгија, наведени според матичните департмани и покраини:

  Ена: Барзи во Тјераш
  Север: Ландреси, Олноа-Емери, Отмон, Мобеж
  Ено: Тиен, Монтињи ле Тијел, Шарлероа
 Намир: Флореф, Намир

Поважни притоки

уреди

Реката Самбра ги има следниве поважни притоки:[3]

  • Мал Елп
  • Голем Елп
  • О Дер (кај истоим. езера)
  • Ант
  • Тира
  • Бјемел
  • Тирија
  • О Див
  • Пјетон, северна притока (кај Шарлероа).[4]
  • Анзин (кај Шатле)
  • Бјем Дезо
  • Орно
  • Лињ
  • О Депе
  • Фоски Поток
  • Солтра[5]

Занимливости

уреди

Наводи

уреди
  1. Edwards-May, David (2010). Inland Waterways of France. St Ives, Cambs., UK: Imray. стр. 246–249. ISBN 978-1-846230-14-1.
  2. Edwards-May, David (2014). European Waterways Map and Concise Directory. Lambersart, France: Transmanche. стр. 11–12, 17–20 and fold-out map. ISBN 979-10-94429-00-6.
  3. „Contrats de rivière en Wallonie - Sambre“. Environnement.wallonie.be. Посетено на 25 March 2018.
  4. „Le Ruisseau "le Piéton" - Piéton, Village du Hainaut“. Pieton.eu. Архивирано од изворникот на 2014-07-28. Посетено на 25 March 2018.
  5. Податоци за течението на Солтра Архивирано на 4 март 2016 г. (француски)

Надворешни врски

уреди