Мајон (тагалски: Mayon Volcano) е вулкан и планина во покраината Албај, во регионот Бикол на островот Лусон, на Филипините. Вулканот е номиниран како едно од новите 7 светски чуда.[4]

Мајон
Bulkang Mayon  (јазик?)
Мајон во декември 2006
Највисока точка
Надм. вис.2463 м [1]
Истакнатост2447 м [1]
Заведена како
Координати13°15′24″N 123°41′6″E / 13.25667° СГШ; 123.68500° ИГД / 13.25667; 123.68500
Друго имеBulkang Mayon  (јазик?)
Географија
Мајон на карта

Карта

МестоЛусон
ЗемјаФилипини
ДелБикол
ОбластАлбеј
Геологија
Видстратовулкан
Последен избув24 јануари 2018[2]
Искачување
Прво освојувањеПатон и Стјуард (Шкотска) (1858)[3]

Опис и местоположба

уреди
 
Мајон во регионот Албеј, кого го делат осум општини.

Мајон е класичен стратовулкан со мал централен врв. Конусот се смета за еден од најсовршено формираните вулкански конуси на светот, образуван со слоеви лава и пирокластични потоци од минатите ерупции и од ерозија. Горните падини на овој базалтно-андезитски стратовулкан се мошне стрмни, со просечна закосеност од 35–40 степени. Исто како другите вулкани во Тихиот Океан, и Мајон е дел од Тихоокеанскиот Огнен Прстен. Тој се наоѓа на југоисточната страна на Лусон, близу до Филипините, на границата на филипинската и евроазиската тектонска плоча што пак е зона на подвлекување.

Мејон е најголемото обележје на Филипините и највисока точка на покраината Албеј и целиот регион Бикол со надморска височина од 2.462 метри (8.077 стапки).[5][6] Вулканот географски го делат8 града и општините Легазпи Сити, Дарага, Камалиг, Гвинобатан, Лигао Сити, Табако Сити, Малилипот и Санто Доминго.

Ерупции

уреди

Мајон е најактивниот вулкан на Филипините кој избил повеќе од 51 пат во текот на минатите 400 години. Првиот запис за голема ерупција бил посведочен во февруари 1616 од страна на холандскиот истражувач Јорис ван Спилберген, кој го запишал настанот во тек на неговото патување околу светот.[7] Првата ерупција за која постојат пошироки записи и која траела 6 дена се случила на 20 јули 1766.[8][9]

Ерупцијата во 1814

уреди
 
Стара фотографија од урнатините на Кагсава. Црквата била уништена при ерупцијата во 1814. Денес постои само камбанаријата.

Најдеструктивната ерупција на Мајон се случила во февруари 1814 (VEI 4).[10] Течело лава но овојпат помалку отколку при ерупцијата во 1766 година. Вулканот исфрлал темна пепел и повремено го бомбардирал градот Кагсава со тефра која го затрупала.[10] Изгореле дрвјата, реките биле оштетени а воедно настрадале и околните места. наталожениот слој пепел изнесувал 9 метри длабочина. Во Албеј загинале 2200 луѓе и ова се смета за најсмртоносната ерупција во историјата на Мајон[10] макар што во други официјални записи бројот на жртвите изнесува 1,200.

Ерупцијата во 1881–1882

уреди
 
Ерупција на Мајон во 1928

Од 6 јули 1881 докај август 1882, Мајон имал силна ерупција (VEI 3). Самуел Ниленд, биолог, професор и геолог, ја набљудувал вулканската активност на Божиќ, 1881, пет месеци по започнувањето на ерупцијата:

На денот на мојата посета, вулканот се истури, пет месеци непрекинато течеше поток од лава на страната на Легаспи од самиот врв. Зажарената маса течеше тивко но обемно, и преку работ на кратерот, спуштајќи се неколку стотици стапки во блескав бран, како зажарено стопено железо. Постепено, исчезнувајќи како што се ладеше горната површина, се претвори во илјада пенливи ленти помеѓу пукнатините и кога ќе дојдеше зад шумите, огновите трепереа како ѕвезди или искри на пожар кој се гасне. Повеќе од половина од висината на планината така беше осветлена.[11]


Ерупцијата во 1897

уреди

Најдолгата непрекината ерупција на Мајон се случила на 23 јуни 1897 (VEI 4) која траела 7 дена врнежи од оган. 11 километри источно, селото Бакакај било закопано под лавата (слојот изнесувал 15 метри). Во Санто Доминго 100 луѓе загинале од исфрлениот вулкански материјал, или жешки камења. Пепелта во темни облаци била носена и до 160 километри подалеку од катастрофалниот настан, при кој загинале вкупно 400 луѓе.[6]

Ерупцијата во 1968

уреди

Вулканот Мајон, југоисточен Лусон, започнал со серија експлозивни ерупции во 9 часот на 21 април 1968 година, а до 15 мај се случиле повеќе од 100 експлозии, најмалку 6 лица загинале[12], а околу 100 км2 биле покриени со повеќе од 5 см падната пепел, блокови од пепел и текови на лава. Сите материјали биле порфиритски аугит-хиперстенски андезит. Експлозиите од кратерот на врвот (со надморска височина од 2460 м) исфрлиле големи количини на пепел и зажарени блокови до висина над 600 метри и создале пирокластичен облак, што се искачил на висина од 3 до 10 км.[12] Вулканскиот материјал се спуштил по падините движејќи се со брзина од 9 до 63 метри во секунда. Најголемите пирокластични текови се спуштиле на југозапад и стигнале до 7 километри од врвот. Проток на аа лава, исто така, се спуштил 3½ км по оваа страна и овие блокови останале жешки дури и по неколку дена. Околу пирокластичните текови била зафатена зона широка 2 км, каде цела вегетација била изгорена и распарчена и каде не останало ништо освен наталожен тенок слој од паднат пепел[12].

 
Пирокластичен тек на вулканот Мајон 2010

Ерупциите во 1984 и 1993

уреди

При ерупцијата во 1984 немало смртни случаи но повеќе од 73,000 луѓе биле евакуирани од опасните зони.[13] Но во текот на ерупцијата од 1993 од пирокластичните текови загинале 75 луѓе, кои главно биле земјоделци.[14]

Ерупциите во 2006

уреди
 
Сателитска снимка на Мајон

48-та ерупција на Мајон од поновото време била на 13 јули 2006. Вулканот тивко испуштал лава, што започнало на14 јули 2006.[15] Речиси 40,000 луѓе биле евакуирани од 8 километарската опасна зона на југоисточната падина на вулканот.

По експлозијата на пепел на 1 септември 2006, еруптивната активност на вулканот почнала да се намалува. Намалувањето на клучните параметри, како што се сеизмичноста, стапките на испуштениот сулфур диоксид укажувале дека вулканот полека се смирува. Намалената еруптивната активност се забележувала и по намалувањето на интензитетот на светењето на кратерот и по обемот на лавата на врвот. Нивото на опасност 4 било спуштено на ниво 3 на 11 септември 2006 година, на ниво 2 на 3 октомври 2006 година и на ниво 1 на 25 октомври 2006 година.[16]

Ерупцијата во 2008

уреди

На 10 август 2008, мала експлозија на врвот исфрлил пепел 200 метри над врвот кој се разнесол во правец исток-североисток. Неколку недели пред ерупцијата, кратерот видливо бил осветлен и се почувствувале земјотреси.[17]

Ерупцијата во 2009–2010

уреди
 
Експлозија на пепел одвулканот на 18 декември 2009

На 10 јули 2009, нивото на опасност 1 (слаба активност) на ниво 2 (умерена активност) бидејќи бројот на забележаните земјотреси го достигнал нивото на претходната фреатичка експлозија во 2008.[18]

Во 5:32 наутро на 28 ноември 2009, помала експлозијаод пепел се случила во кратерот на врвот. Столб од кафена пепел се издигнал 600 метри над кратерот и се упатил североисточно. 24 часа пред експлозијата, 13 земјотреси биле регистрирани a испуштањето пареа било со умерено ниво. Нивото на опасност останало 2, но подоцна било објавено дека се наближува тропски циклон па биле преземени дополнителни мерки на претпазливот поради опасноста од лахар или можен колапс на ѕид на вулканот.[19]

 
Ерупција на Мајон - 29 декември 2009.

Во 1:58 наутро на 11 ноември 2009, помала експлозија се случила во кратерот која траела околу 3 минути. Поради облаците не бил видлив столб од пепел. За 24 часа биле регистрирани 20 вулкански земјотреси. Статусот останал на ниво 2.[20] На 14 декември 2009, во 8 часот попладне, после 83 вулкански земјотреси регистрирани во рок од 24 часа[21] и зголемени емисии на сулфур диоксид, нивото за опасност се подигнало на 3.[22] Раноизутрината на 15 декември 2009, умерена експлозија на пепел се случила на врвот на кратерот и „тивкото течење на лава" резултирало со текови од 500 метри надолу од врот.[23] До вечерта, властите на покраината Албеј евакуирале околу 20,000 луѓе во полупречник од 8 километри околу опасната зона. Во таа 8 километарска опасна зона живеат 50,000 луѓе.[24][25] На 20 декември 2009, опасноста дошла до ниво 4 поради покачениот лавин тек на јужниот дел на вулканот и зголемувањето на сулфур диоксид на 750 тони на ден. Во вулканот биле регистрирани скоро 460 земјотреси. На границата на опасната зона се слушале татнежи како грмотевици.Над 9,000 семејства (44,394 луѓе).[26] Вулканот бил обезбедуван од војската присутна тука за превенција или намалување на штетите на евакуираните лица и на ниеден цивил нему било дозволено да се приближи до опасната зона.[27] Нивото 4 останало и во декември а евакуираните ги поминале новогодишните празници во центрите за евакуација[28] На 25 декември емисиите на сулфур диоксид достигнале до 8,993 тони на ден.[29][30] Исфрлениот вулкански материјал одпочетокот на ерупцијата се проценувал на 20 до 23 милиони кубни метри камења и вулкански отпадоци, во однос на 50 до 60 милиони кубни метри во минатите ерупции.[31] На 2 јануари 2010, нивото било спуштено на 3 поради намалувањето на вулканската активност во тек на претходните 4 дена.[32] Испуштениот сулфур диоксид од 8,993 тони на ден паднал на 2,621 тони на ден. 7,218 семејства се вратиле во своите домови (со живеалишта на 7–8 км) додека останатите 2,728 семејства соживеалишта 4–6 км воопасната зона останале во центрите за евакуација.[33] На 13 јануари 2010, нивото на опасност паднало на 2.[34]

Фреатичка ерупција во 2013

уреди
 
Мапа која ги покажува поголемите вулкани на Филипините

На 7 мај 2013, во 8 часот наутро вулканот имал фреатичка ерупција со траење од 73 секунди. Пепел, пареа и какења биле исфрлени во тек на ерупцијата. Облаците со пепел стигнале 500 метри над вулканот и се упатиле во правец запад југозапад.[35] Настанот убил петмина алпинисти од европско потекло,[36][37] како и нивниот филипински водич. Неколкумина други биле повредени.[38][39] Според наодите, починатите алпинисти настрадале од удар и од задушување.[40] Еден од спасените, имал скршеници на раката и изгореници на грбот и на вратот.[41] Наспроти ерупцијата, нивото на опасност останало на ниво 0.[39] Никаква сеизмичка активност не претходела на оваа ерупција и вулканот непокажувал знаци за понатамошно интензивирање на активноста.[42] така што не била планирана евакуација на населението.[43]

Ерупција во 2014

уреди

На 12 август 2014, 30-50 метри висока лавина купола се појавила на врвот на кратерот.[44] Нивото на опасност се зголемило на 3, што покажувало високо движење на магмата во кратерот и дека случајна експлозија е можна во тек на неделите.[45] На 18 септември 2014 имало изветување за 142 вулкански земјотреси и 251 избув на камења. Бел чад со насока југ-југозапад и дождовни облаци го покриле врвот. Емисиите на сулфур диоксид опаднале на 757 тони после оние измерени на 6 септември (2360 тони)[46]

Ерупцијата во 2018

уреди

На 14 јануари 2018, вулканот еруптирал, исфрлајќи пепел и чад[47], поради што илјадници месни жители во паника ги напуштиле своите домови. Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопштил дека ерупцијата на Мајон, траела околу пет минути[48]. Ерупцијата предизвикала сивкасат чад и столб од пепел, кои не беа многу видливи бидејќи вулканскиот кратер бил опкружен со облаци. Од кратерот се ширела миризба на сулфур, а месните жители можеа да го слушнат татнежот на вулканската активност[47]. Институтот го покачил нивото на опасност на втор степен[49]. Локалната полиција соопштила дека поради ерупцијата над 2.200 жители на местата Гинобатан, Камалиг и Анолинг ги напуштиле своите домови и се префрлиле во прифатни центри[47]. На 24 јануари 2018 година, од вулканот избиле фонтани од жешка лава проследени со огромни облаци од пепел и поради сè поопасната ерупција повеќе од 56.000 селани побарале засолниште во центрите за евакуација.[50] Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија изјавил дека лавините фонтани се високи до 700 метри над кратерот, а пепелта во првите моменти на ерупцијата се искачила на височина до 3 километри. Пред да избие лавата од вулканот, биле забележани три големи вулкански експлозии.[51]

Смртоносен лахар

уреди

По ерупцијата на 30 ноември 2006 година, силните дождови што го придружувале тајфунот Дуриан создале лахари од вулкански пепел и камења од последната ерупција, при што загинале најмалку 1.266 лица. Прецизната бројка можеби никогаш не е позната бидејќи многу луѓе биле закопани под лизгањата кал.[52] Голем дел од селото Паданг (предградие на Легазпи Сити) било прекриено со кал која стигнувала дури до крововите на куќите. Градот Легазпи ја избегал калта но настрадал од тешки поплави и прекини на електрична енергија. Делови од градот Дарага, исто така, биле уништени, вклучувајќи ја и областа Цагсава, каде што урнатините од ерупцијата од 1814 година повторно биле делумно затрупани.

Слични такви лахарски постерупции се случиле во октомври 1766 година, неколку месеци по јулската ерупција од таа година. Тешките дождови на силниот тајфун го носеле исфрлениот вулкански материјал закопувајќи ги плантажите и цели села. Во 1825 година, истото во Кагсава убивајќи 1.500 луѓе.[52]

 
Мајон 1984

Набљудување на Мајон

уреди

Мајон е најактивниот вулкан на Филипините и редовно се набљудува од страна на Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија чија опсерваторија се наоѓа на 12 километри до врвот.[53] Три телеметрички станици се инсталирани на падините коипраќаат информации на 7 сеизмомери на различни локации околу вулканот. Институтот располага со далечински електронски бројачи (EDM), прецизни референтни точки за израмнување и преносливи летачки спектрометри за следење на дневната активност на вулканот [54]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 de Ferranti, Jonathan; Aaron Maizlish. „Philippine Mountains – 29 Mountain Summits with Prominence of 1,500 meters or greater“. Посетено на 2011-01-31.
  2. „Mayon volcano Volcanic Ash Advisory: ERUPTION FL220 EXTD SW REPORTED AT 20180124/1008Z OBS VA DTG: 24/1000Z“.
  3. "Encyclopædia Britannica, Vol. 18, 9th Ed.", pg. 749. Henry G. Allen & Company, New York.
  4. „Mayon Volcano“. News7Wonders. Архивирано од изворникот на 2008-05-18. Посетено на 2008-05-08.
  5. „Mayon Volcano, Philippines“. Philippines Department of Tourism. Volcano.und.edu. Архивирано од изворникот на 2007-10-12. Посетено на 2007-11-20.
  6. 6,0 6,1 David, Lee (2008). "Natural Disasters", pp. 416–417. Infobase Publishing.
  7. Bankoff, Greg (2003). "Culture of disasters: society and natural hazards in the Philippines", pg. 39. RoutlegeCurzon, New York. ISBN 0-203-22189-3.
  8. Ocampo, Ambeth R. (2013-05-06). "The Mayon eruption of 1814". Inquirer Opinion. Посетено на 2013-05-07.
  9. "Mayon – Eruptive History". Global Volcanism Program. Посетено на 2015-03-05.
  10. 10,0 10,1 10,2 „Global Volcanism Program | Mayon“. volcano.si.edu (англиски). Посетено на 2017-12-23.
  11. Samuel Kneeland (1888). Volcanoes and earthquakes. D. Lothrop Co. стр. 116.
  12. 12,0 12,1 12,2 G. Moore, J; G. Melson, W (1969-06-01). „Nuées Ardentes of the 1968 Eruption of Mayon Volcano, Philippines“. Bull. Volcanol. 33: 600–620. doi:10.1007/BF02596528.
  13. „USGS“. Архивирано од изворникот на 15 јули 2012. Посетено на 25 јуни 2008.
  14. 'Ominous quiet' at Mayon volcano“. BBC. 2006-08-10. Посетено на 2013-05-12.
  15. „Mayon Volcano“. Philippine Institute of Volcanology and Seismology. Архивирано од изворникот на December 2, 2008. Посетено на 2009-12-14.
  16. „Mayon Volcano Bulletin 10/25/2006“. Архивирано од изворникот на 2008-04-20. Посетено на 2008-05-06.
  17. „Mayon Volcano Advisory“. Philippine Institute of Volcanology and Seismology. 2008-08-10. Архивирано од изворникот на 2008-09-29. Посетено на 2009-12-24.
  18. „Mayon in 'state of unrest,' alert level raised“. ABS-CBN News. 2009-07-10. Посетено на 2010-01-01.
  19. „Mayon spews ash anew“. Volcano Monitor. Philippine Daily Inquirer. 28 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 7 август 2011. Посетено на 5 декември 2009.
  20. „Mayon Volcano Advisory (November 2009)“. Philippine Institute of Volcanology and Seismology. 2009-11-11. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 2009-12-11.
  21. Papa, Alcuin (15 декември 2009). „6–7 km from Mayon volcano off limits to people“. Philippine Daily Inquirer. Архивирано од изворникот на 7 август 2011. Посетено на 15 декември 2009.
  22. „Lava flows from Mayon Volcano“. ABS-CBN News. 2009-12-15. Посетено на 2009-12-24.
  23. „Mayon Volcano Bulletin 3“. Philippine Institute of Volcanology and Seismology. 16 December 2009. Архивирано од изворникот на July 6, 2015. Посетено на 17 November 2015.
  24. Associated Press (15 December 2009). „20,000 Evacuated as Philippine Volcano Oozes Lava“. Fox News. Посетено на 7 June 2013.
  25. „Residents flee as Philippines volcano threatens to erupt“. CNN World. 2009-12-15. Посетено на 2009-12-24.
  26. „Volcano spews lava as eruption looms“. CNN World. 2009-12-22. Посетено на 2009-12-24.
  27. „Inquirer Volcano Monitor 2009-12-27“. Philippine Daily Inquirer. 27 декември 2009. Архивирано од изворникот на 7 август 2011. Посетено на 27 декември 2009.
  28. Papa, Alcuin & Nasol, Rey M. (1 јануари 2010). „Mayon quieting down“. Philippine Daily Inquirer. Архивирано од изворникот на 3 јануари 2010. Посетено на 2 јануари 2010.
  29. „Mayon Volcano Bulletin 13“. Philippine Institute of Volcanology and Seismology. 26 December 2009. Архивирано од изворникот на September 29, 2015. Посетено на 17 November 2015.
  30. „Mayon Volcano Bulletin 20“. Philippine Institute of Volcanology and Seismology. 2 January 2010. Архивирано од изворникот на September 29, 2015. Посетено на 17 November 2015.
  31. Flores, Helen (2010-01-02). „Phivolcs may lower Mayon alert level“. The Philippine Star. Архивирано од изворникот на 2012-09-09. Посетено на 2010-01-02.
  32. Associated Press (2 January 2010). „Philippine volcano calming; thousands head home“. The Hindu. Chennai, India. Посетено на 7 June 2013.
  33. „Alert level around Mayon lowered to 3“. GMA News.TV. 2010-01-02. Посетено на 2010-01-02.
  34. „Mayon Volcano Bulletin 31“. Philippine Institute of Volcanology and Seismology. 13 January 2010. Архивирано од изворникот на September 29, 2015. Посетено на 17 November 2015.
  35. „MAYON VOLCANO ADVISORY 07 May 2013 8:30 AM“. Philippine Institute of Volcanology and Seismology. May 7, 2013. Архивирано од изворникот на 2018-01-23. Посетено на May 7, 2013.
  36. „Bodies of 4 Mayon volcano hikers arrive in Manila“. InterAksyon.com. Архивирано од изворникот на 2013-06-18. Посетено на 2017-12-23.
  37. „Vulkanausbruch auf den Philippinen: Leichen deutscher Bergsteiger am Vulkan Mayon geborgen“. stern.de.
  38. „Philippine volcano Mount Mayon in deadly eruption“. BBC News Asia]]. May 7, 2013. Посетено на May 7, 2013. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  39. 39,0 39,1 Aaron B. Recuenco (May 7, 2013). „Death toll at Mayon rises to five, seven injured“. Manila Bulletin. Посетено на May 7, 2013.
  40. „Rescuers unable to bring down remains of 5 Mayon mountaineers“. Philippines News Agency. Interaksyon. May 9, 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-09. Посетено на May 9, 2013.
  41. „Last Thai survivor rescued from Mayon“. Philippines News Agency. Interaksyon. May 8, 2013. Архивирано од изворникот на 2013-05-11. Посетено на May 9, 2013.
  42. „5 dead, 7 hurt in Mayon Volcano ash eruption“. The Philippine Star. May 7, 2013. Посетено на May 7, 2013.
  43. May 7, 2013 (May 6, 2013). „Mayon Volcano Erupts, Spewing Rocks And Ash And Killing 5 Climbers In Philippines“. Associated Press. The Huffington Post. Посетено на May 7, 2013.
  44. PHIVOLCS Mayon volcano bulletin of Friday, 15 August 2014 06:49 local time Архивирано на 25 јануари 2018 г.. Retrieved September 15, 2014.
  45. PHIVOLCS Mayon volcano bulletin of Friday, 15 September 2014 14:02 local time Архивирано на 25 јануари 2018 г.. Retrieved September 15, 2014.
  46. Mayon volcano bulletin of Friday, 18 August 2014 08:00 local time Архивирано на 13 февруари 2019 г.. Retrieved September 18, 2014.
  47. 47,0 47,1 47,2 „Ерупција на вулкан на Филипините“. 14 јануари 2018.
  48. Orellana, Faye. „Phivolcs: Another phreatic eruption recorded on Mayon“ (англиски). Посетено на 2018-01-14.
  49. „Alert level raised after volcano eruption in the Philippines“. Sky News (англиски). Посетено на 2018-01-14.
  50. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2020-09-02. Посетено на 2018-01-24.
  51. „Mount Mayon volcano in Philippines spews lava, 56,000 have fled“. NBC News. 2018-01-24.
  52. 52,0 52,1 Maso, Saderra (1902). "Seismic and Volcanic Centers of the Philippine Archipelago", pp.13–14. Bureau of Public Printing, Manila.
  53. Dedace, Sophia R. (2009-12-30). „Mayon watch: An inside look at the Phivolcs headquarters“. GMA News.TV. Посетено на 2009-12-30.
  54. Nasol, Rey M. (27 декември 2009). „Mayon instruments intact despite eruption“. Philippine Daily Inquirer. Архивирано од изворникот на 27 декември 2009. Посетено на 30 декември 2009.