Албај е покраина на Филипините сместена во регионот Бикол на островот Лусон. Главен град е Легаспи. Се граничи со Јужен Камаринес на север и Сорсогон на југ.

Албај
Провинцискиот грб на Албај
Провинцискиот грб на Албај
Мапа на Филипините со факти за Албај highlighted
Мапа на Филипините со факти за Албај
Регион Билол Регион (Регион V)
Главен град Легаспи
Дивизии  
 - Високоурбанизирани градови 0
 - Составни градови 3
 - Општини 15
 - Барангај 720
 - Конгресни окрузи 3
Население 22-ра
 - Вкупно (2000) 1.090.907
 - Густина 427/km² (10-та)
Површина 26-та
 - Вкупно 2,575.77 [1] km²
Основана 10 март 1917
Јазици биколски, тагалски
Гувернер Џои Сарте Салкеда (KAMPI)

Население и култура

уреди

Население. Спорен пописот во мај 2000, Албај имаше население од 1.090.907 жители, што ја прави 22-ра покраина по население на филипините. Постојат 208.640 домаќинства со просек од 5,22 жители по домаќинство, додека државниот просек е 4,99.

Јазици. Бикол јазикот е прво по зборуваност, кој всушност е во целиот регион Бикол. Но сепак мнозинствоте разбира и говори Таталог и Англиски.

Стопанство

уреди

Традиционална индустрија. Земјоделието е примарна стопанска гранка во покраината, со производство на кокос, ориз, шеќер, и сл. Следува шумарството, дрвната индустрија и рибарството.

Тешка индустрија.Од вкупно 6.369фабрики и погони во регионот Бикол, 48,6% се сместени во Албај. Најиндустриски градови во овок регион се: Тиви и Манито.

Tранспорт. Излезот на море го прави Албој големо пристаниште. Најпознати се: Tabaco International, Legazpi National, Pio Duran Provincial, и Pantao Regional Port (во градба од 2003).Постои и меѓународен аеродром.

Географија

уреди

Албај има вкупна површина од 2.552,6 км2, што ја прави 26-та покраина по големина. Таа е претежно планинска земја во кој има и еден вулкан, Мајон Вулкан кој е висок 2460 m.

Административна поделба

уреди

Албај е поделен на 15 општини, 720 Барангаи и 3 градови. Три он нив, Полангуи, Дарага, и Гвинобадан се класифицирани како градови оид прв степен.

Наводи

уреди
  1. „The province of Albay“. Overview of the Region. Makati City, Philippines: National Statistical Coordination Board. Архивирано од изворникот на November 13, 2012. Посетено на January 11, 2013.

Надворешни врски

уреди
 
Активниот вулкан Мајон