Манастир „Св. Ѓорѓи“ - Кукуш
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — машки манастир кај градот Кукуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
Поглед на манастирската црква | |
41°0′5″N 22°52′28″E / 41.00139° СГШ; 22.87444° ИГД | |
Место | Кукуш |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | 1835 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Кукушко |
Епархија | Полјанско-кукушка |
Географија
уредиМанастирот е сместен на истоимениот рид Свети Ѓорѓи на 600 м северно од градот. Од него има прекрасен поглед на Кукуш, а се гледа дури и Дојранското Езеро. Во тој рид има убава пештера случајно откриена во 1908 г. Во неа има подземни рекички[1] и останки на праисториски животни. Највисокиот дел на ридот е доста пространа висорамнина, во старо време наречена „Кукушко Градиште“. Овде во 1830-тите при изградба на манастирската црква „Св. Ѓорѓи“ се откриени темелите на некогашен манастир и остатоци од тврдински градби. Во северозападното подножје на ридот се наоѓа Калуѓеровиот Кладенец, чие име повторно кажува за некогашното постоење на манастир.[4]:7–8, 23
Историја
уредиНаселбата веројатно е основана под ридот Свети Ѓорѓи, крај карстните извори под манастирот, а во Кукушкото Градиште жителите се засолнувале во време на опасност. Се претпоставува дека во времето на христијанизацијата таму е создаден манастирот кој му го дал името на самиот рид.[4]:8-10 Во VII – VIII век манастирот бил седиште на Каличката епископија (επισκοπή Καλλίκου). Манастирскиот комплекс е разурнат при наездата на Османлиите во XIV век.[1]
На почетокот на XIX век на ридот имало мал манастир „Св. Ѓорѓи“, чие време на изградба е непознато. Според преданието, Свети Ѓорѓи му се јавил на овчарот Јане (Јано) кој ги пасел овците на ридскиот врв, и му наредил да си го продаде стадото, да најми 7 солунски мајстори и да изгради манастир. Овчарот не го послушал веднаш, но светецот му се јавил пак, и тој ја исполнил наредбата. Кукушкиот кадија ја забранил изградбата и ги затворил мајсторите, но ослепел и оглувел; тоа го натерало да ги ослободи и да даде одобрение за изградбата на манастирот, по што станало чудо — кадијата прогледнал и почнал да слуша.[5]:20
Во 1830-тите и 1840-тите во Кукуш се забележува стопанско зајакнување на населението и будење на македонската национална свест. Главниот црковен епитроп/настојник Станиша Хаџихристов презел мерки за преизградба на „малиот“ манастир во поголем.[5]:19-20 Во 1833 г. е добиен ферман за изградбата на „Св. Ѓорѓи“.[4]:156 Подигнат е на местото на стариот манастир на врвот на ридот; старата црква била распадната, а иконите биле пренесени на привремено чување во „Св. Богородица“. Според преданието, исклучок била иконата на Свети Ѓорѓи, која никој не можел да ја премести и затоа ѝ направиле барака, одржувајќи го пламенот на кандилото во текот на целата изградба.[5]:20-21 Црквата била изградена со општонародно учество: сите носеле материјали и вода, подавајќи ги од рака на рака. „Црквата беше завршена во 1835 г. Натписот поставен над вратата не на грчки, туку на црковнословенски јазик, и ја бележеше веќе претстојната промена“. Подигањето на оваа црква од кукушани била сфатена како почеток на востановувањето на стариот манастир. Манастирот е завршен на почетокот на 1858 г. Поднесена е молба до Зографскиот манастир на Света Гора манастирот да биде примен под негова власт, и во него да се служи на црковнословенски јазик. Така, на празникот Света Троица истата година на црковнословенски е одржана првата богослужба во новиот манастир.[4]:69-70, 80-81
Во периодот од 1886 до 1891 г. се одвивал конфликт меѓу унијатите и православните жители (под Егзархијата) за манастирот „Св. Ѓорѓи“ и за црквата „Св. Богородица“. Високата порта им ги дала на унијатската општина, под влијание на француски дипломати.[1][4]:115[6] При манастирот работело и сиропиталиште.[6] Манастирот му е ставен на располагање на редот „Сестри на милосрдието“ (викентинки), како женски манастир за кукушките католици унијати од Македонскиот бугарски апостолски викаријат. Во 1886 г. Николаос Схинас го споредил овој манастир со манастирот „Дафни“ во Атика.[1]
Во март 1913 г. бугарскиот истражувач и политичар Богдан Филов го посетил манастирот и оставил интересни белешки за него:
„ | Попладнето се качивме на манастирот „Св. Ѓорѓи“, исто така унијатски. Според натписот на вратата, темелите на црквата биле поставени во 1265 г., а била подновена во 1834 г. Во неа има и многу стари икони надвор од иконостасот, слични на оние во „Св. Богородица“, и исто со подновени натписи како во неа. Во обете цркви има по две големи икони на „Страшниот суд“. Во „Св. Ѓорѓи“ има една стара икона на тој светец, на која во поново време ѝ е ставен датумот 1265 г. На задната страна порано имало друга икона, која сега е сосем избришана. Самиот врв на кој се наоѓа манастирот изгледа е многу стара населба, бидејќи најдов старогрчки плочки со сјајна црна глеѓ.[7] | “ |
За време на Втората балканска војна, во јуни 1913 г. градот е запален од грчката армија и населението го напуштило. Манастирот им дал прибежиште за многу лица, но затоа бил бомбардиран. И покрај тоа што останал во француски раце, македонските свештеници и монахињи морале да пребегаат во Бугарија. Камбаната на манастирот е пренесена во унијатската црква „Св. Троица“ во бугарското село Куклен,[6] каде се преселиле унијатите бегалци од с. Долно Тодорак.[8] Француските калуѓерки биле прогонети од новите грчки жители на градот на 27 јуни 1915 г., но манастирот останал католичка сопственост сè до 1926 г. кога ѝ е предаден на православната Цариградска патријаршија.[1]
Во 1950 г. со претседателски указ „Св. Ѓорѓи“ е претворен во машки манастир и изградени се два конака за братството. Во 1972 г. повторно станал женски, а во 1992 г. пак машки. Во периодот од 2009 до 2010 г. синодот на Грчката црква усвоил нов статут за манастирот.[1]
Во 1983 г. манастирската црква е прогласена за споменик на културата.[9]
Архитектура на манастирската црква
уредиГлавната црква „Св. Ѓорѓи“ е изградена во 1835 г.[4]:69 Му припаѓа на типот трикорабни македонски базилики со дрвени покриви и тремовии на западната и јужната страна, кои денес се реставрирани. Покривот е на две води, со засеци на источната и западната страна. Покривот на тремот е на пониско ниво. Дрвените столбови не одат долу до подот, туку се потпираат на нискиот камен парапет.[1]
Внатре, шестѕидната апсида на олтарната ниша е полукружна и во неа има едно правоаголно окно за светлина. Ѕидовите се од варовник. На предните страни на јужниот влез и југозападниот агол се вградени делкани камени плочи со крстови и лав. Камените плочи веројатно се поврзани со античкиот олтар, кој според традицијата се наоѓал на ридот близу изворот. Забележителни се надворешните украси на мермерната рамка на јужниот главен влез, сочинети од спирали и корнизи, кои се единствени во Кукушко и не се водат по западни примери. Храмот има два влеза — од југ и запад. Подот е направен претежно од камени плочи. Трите кораба се поделени со дрвени столбови. На внатрешниот источен ѕид има две полукружни конхи. Северниот кораб е посветен на Светите Бессребреници Кузман и Дамјан, средишниот на Свети Ѓорѓи и јужниот на Свети Димитрија Солунски; така, во неа може да се служи повеќе од една литургија дневно, но секоја треба да биде во различна конха. Во жртвеникот се претставени Свети Дионисиј Олимпски, Свети Јован Крстител и Свети Тома.[1]
Внатрешност на црквата
уредиХрамот е живописан. Фреските на страничните ѕидови и куполата се од средината на XIX век. Дрвените покриви на корабите се насликани со растителни и цветни мотиви, разни геометриски мотиви, главно ромбови и четириаголници. На западната страна на црквата е галеријата, која е богато изрезбана, подигната е и се простира на северниот и јужниот дел од црквата. Влезот е внатрешен од западната страна. Амвонот има многу страни и е насликан. Владичкиот престол и проскинитарите се резбани. Дрвениот иконостас е исклучително убав, изработен од резбано дрво со заоблена линија во 1834 г. Ѝ припаѓа на групата иконостаси кои го бележат крајот на копаничарството во последните години на османлиската власт. Првото подрачје се состои од ограда, богато украсена со растителни елементи. На дел од оградата се претставени лавот на Свети Герасим Јордански и еленот на Свети Евстатиј. Во второто подрачје, голем број од царските икони на иконостасот се дело на мајстори от Кулакиската школа (од погрченото солунско село Кулакија), датирани во 1841, 1845 и 1846 г. На повеќето до нив е напишано името на творецот, „διά χειρός μαργαρήτη λάμπου ἐκ Κολακιᾶς“ („дело на Маргарит Ламбу од Колакија“), како на пр. иконата на Свети Димитрија, на која е напишана годината „1845. δια χειρός [μαργαρήτη] λάμπου ἐκ κολακιᾶς“ („1845. Од рацете на [Маргаритис] Ламбу од Колакија“). На друга икона на Свети Никола може да се прочита „ΧẎΡ ΚΩΝΣΤΑΝΤΙΝΟΥ ΖΩΣΙΜᾹ ΕΚ ΚΟΛΑΚΙΑΣ Ι0ΥΝΙΟΣ 1841“ („Од рацете на Константинос Зосимас од Колакија јуни 1841“). Иконите на иконостасот десно од царските двери се: Христос, Свети Јован Крстител со сцени од неговото житие во долното подрачје, Свети Атанас со житие исто така долу, Свети Димитрија Солунски, Архангел Михаил на влезот на олтарот, Успението Богородично, датирана во 1845 г., Воскресението Христово и Свети Илија со сцени од житието долу. Лево од царските двери е најновата икона на Богородица со Младенецот, Свети Ѓорѓи и сцени од кругот на мачењата во долното подрачје, Свети Никола со сцени од неговото житие долу, Свети Теодор, Светите Три Јерарси, Успението на пресв. Богородица, Архангел Гаврил на влезот на олтарот и иконата на светите Бессребреници Кузман и Дамјан.[1]
Над царските икони следат подрачјата со сцени од Стариот завет (Битието, Истерувањето од рајот, Жртвата Авраамова и други), Јесеевото стебло и Апостолите. Третата зона на Дванаесетте празници е украсена со еден нерамномерен крст Распетие, кој завршува со детелини. Рипидите на кои се претставени Богородица и Јован се опкружени со резбани змејови. Крстот е во рамка од двоглави орли.[1]
Од влезот на олтарот до калканот на северната и јужната страна се насликани сцени од Христовиот циклус (Рождество, Сретение, Тајната вечера, Предавството на Јуда, Воскресението), опкружени со сцени со пророци (Еремија, Арон, Јесеј, Мојсеј), апостолите (Јаков, Тома, Вартоломеј, Филип, Андреја, Павле, Варнава, Матеј, Симеон, Јован, Јаков, Петар) и чудата на Господ (истерувањето на бесови од ќерката на Сирофеничанката, Свадбата во Кана).[1]
Во црковниот музеј на Полјанско-кукушката епархија има икона на Свети Ѓорѓи од манастирот, која датира од XVI век.[1]
Камбанарија
уредиКамбанаријата во североисточниот дел на храмот е изградена по 1949 г. Грчките доселеници од Карс во 1921 г. со себе донеле камбана тешка три тона, украсена со претстави на Преображението Христово, Богородица и Свети Ѓорѓи, подарок од рускиот цар Александар III за црквата „Св. Преображение“ во Карс. До 1933 г. камбаната била во храмот „Св. Преображение“, по што е преместена во црквата „Св. Ѓорѓи“. Однесена е во митрополијата на привремено чување, а во 1952 г. е вратена во „Св. Ѓорѓи“. Подоцна камбаната е стопена и од неа се изработени 7 помали камбани.[1]
Галерија
уреди-
Амвонот
-
Покровителската икона на св. Ѓорѓи Победоносец (детаљ)
-
Иконите на пресв. Богородица со Младенецот и св. Ѓорѓи
-
Икони
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 Λάμπρου, Σουλτάνα Δ. „Ιερά Μονή Αγίου Γεωργίου Λόφου Κιλκίς“. Promo.cross. Архивирано од изворникот на 2014-06-12. Посетено на 12 јуни 2014.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Ιερά Μονή Αγίου Γεωργίου“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]
- ↑ „Κιλκίς, Ι.Ν. Αγίου Γεωργίου“. Enjoy Kilkis. Посетено на 14 март 2018.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Влахов, Туше (1969). Кукуш и неговото историческо минало. Второ допълнено издание (PDF). Наука и изкуство.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Станишев, Христо (1995). Път от миналото към бъдещето. София: Орбел. ISBN 954-496-016-7 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help). - ↑ 6,0 6,1 6,2 Папукчиев, Иван. „Кукуш – неизвестни факти от трагедията му“. Посетено на 12 јуни 2014. no-break space character во
|title=
во положба 6 (help) - ↑ Филов, Б. Пътувания из Тракия, Родопите и Македония 1912 – 1916, София, 1993, стр. 49 – 50
- ↑ „Куклен“. Католическа апостолическа екзархия. Посетено на 24 октомври 2015.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/3974/85/31-1-1983 - ΦΕΚ 102/Β/11-3-1983“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 12 март 2018.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Манастир „Св. Ѓорѓи“ - Кукуш на Ризницата ?
- Каранфилов, Тихомир (17 мај 2017). „Манастир „Св Ѓорѓи" во Кукуш“. Македонска нација.