Калкан
Калкан — најчесто триаголен дел од ѕидот помеѓу рабовите на кровната косина. Обликот на калканот и неговата обработка зависи од употребениот конструктивен систем, климатските влијанија, достапните матерјали како и естетскиот пристап. Калкан како поим најчесто се користи за целата ѕидна површина вклучувајќи го триаголниот дел оформен од кровните косини како и ѕидот под него.

Калканско спојување уреди
Калканско спојување како поим најчесто се користи кога два соседни објекти се спојуваат со нивните бочни страни во однос на улицата.