Мала рибарка
Возрасна S. a. sinensis со перје во сезона на парење, Австралија
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Рибарки
Род: Мала рибарка
Вид: Мала рибарка
Научен назив
Sternula albifrons
Pallas, 1764
Синоними[2]

Sterna albifrons

Мала рибарка (научSternula albifrons syn. Sterna albifrons) — морска птица од семејството на рибарките (Sternidae) која се среќава во Македонија. Порано беше сместена во родот Sterna, кој сега е ограничен на големите бели рибарки (Bridge et al., 2005). Оваа птица се размножува на крајбрежјата и во копното на умерена и тропска Европа и Азија. Таа е птица преселница, која зимува на крајбрежјата од суптропските и тропските океани, до јужна Африка и Австралија. Има три подвида, номинираниот albifrons кој е распространет во Европа, Северна Африка и западна Азија; guineae кој го има во западна и централна Африка и sinensis во источна Азија и на северните и источните брегови на Австралија (Higgins and Davies, 1996).

Малата рибарка се размножува во колнии на камчињата или песокот на плажите или островите. Гнездото е сместено на земја и во него снесува 2-4 јајца. Како и другите рибарки, таа го брани своето гнездо и малечките и ги напаѓа натрапниците. Слично како другите рибарки, и оваа се храни со риба, нурнувајќи се од лет. Нудењето риба на женката од страна на мажјакот е дел од неговото додворување. Ова е мала рибарка, долга 21-25 см, со распон на крилјата од 41 до 47 см. Тешко ќе се помеша со некоја друга од нејзиното семејство, заради својата големина и белото чело за време на размножувањето. Нејзиниот тенок, остар клун е жолт со црн врв, а нозете, исто така, се жолти. Зимно време, челото е уште поинтензивно бело, клунот црн, а нозете побезбојни. Повикот е гласно, препознатливо крескање.

Мала рибарка (во средина) на Филипините
Вон сезона на парење S. a. sinensis со цуцулести рибарки зад неа
Sternula albifrons albifrons

Малата рибарка на европските реки

уреди

На почетокот од XIX век, малата рибарка била вообичаена птица на европските брегови, реки и езера, но во XX век популацијата на бреговите се намалила заради загубата на живеалиштата и вознемирувањето од страна на луѓето.

Копнените популации се намалија уште повеќе заради регулацијата на реките, изградбата на браните и сл. што ја намали нивната поранешна животна средина. Популацијата на малата рибарка се намали или исчезна во многу европски земји, и поранешни места за размножување на големите реки како Дунав, Елба и Рајна. Денес, само неколку речни системи имаат соодветна животна средина: Лоара/Алие во Франција, Висла/Одра во Полска, По/Тичино во Италија, Даугава во Латвија, Немен во Литванија, Сава во Хрватска и Драва во Унгарија и Хрватска. Популацијата на Драва е една од најзагрозените. Старомодните практики со регулацијата на водата, каналите за наводнување ги загрозуваат паровите. Само 15 пара сè уште се размножуваат на песоците и чакалот на границата на Хрватска и Унгарија.

На малата рибарка се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици преселници.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Sterna albifrons. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 20 May 2013.
  2. Sternula albifrons на Avibase

Надворешни врски

уреди