Латиница

азбука
(Пренасочено од Латинично писмо)


Латиница е назив за писмото со коешто се служеле старите Римјани, како и за писмата изведени од него. Латиницата постои во неколку верзии коишто имаат од 20 до 40 букви коишто можат да бидат мали и големи. Големи букви секогаш се употребуваат на почетокот на секоја реченица, како и за пипување на одредени зборови во зависност од соодветниот јазик. Се пишува од лево на десно.

Распространетост на латинична абецеда во свет:
  Држави во кои латиничнта абецеда е во употреба како службено (или де факто службено) писмо
  Држави во кои латиничната абецеда е во употреба како службено писмо со уште некое писмо

Денес латиницата е најупотребуваната азбука во светот.

Во современиот англиски јазик се употребуваат следните букви:

Големи букви
A B C D E F G H I J K L M N O P Q R S T U V W X Y Z
Мали букви
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z