Епидемија (филм од 1987)
„Епидемија“ (Epidemic) – филм на режисерот Ларс фон Триер од 1987 година. Главните улоги ги играат: Ларс фон Трир, Нилс Ворсел и Удо Кир. Филмот претставува втор дел од трилогијата „Европа“.[1]
Синопсис
уредиЕден режисер (го игра фон Трир) и еден сценарист (го игра Ворсел) имаат примено порачка за сценарио. Рокот кога треба да го достават сценариото се ближи, а тие немаат никаква идеја. Инспирирани од епидемијата на чума во средниот век, тие одлучуваат да напишат сценарио за филм за ширењето на измислена епидемија. Работејќи на сценариото, тие не забележуваат дека околу нив навистина се шири епидемија. Најпосле, сценариото е завршено и тие канат група луѓе на вечера, а токму тогаш излегуваат ан видело симптомите на болеста.