Елемент на злосторството

„Елемент на злосторството“ (дански: Forbrydelsens element) — филм на режисерот Ларс фон Триер од 1984 година. Главните улоги ги играат: Мајкл Ефлик, Езмонд Најт и Меме Лаи.[1]

Синопсис

уреди

Британскиот детектив Фишер се наоѓа во Каиро, каде се обидува да се сети на својот последен случај во кој барал еден убиец. Во желбата да ги реконструира настаните, тој се служи со хипноза и тогаш му навираат сеќавањата на мрачната Европа и на познатиот „Лото убиец“, кој давел и осакатувал девојки кои продаваат лозови за лото. За да го открие убиецот, Фишер се служи со контроверзните методи од книгата „Елемент на злосторството“, дело на неговиот посрамен ментор Озбонн. Во книгата, Озборн опишува лов на еден човек кој убивал на истиот начин како „Лото убиецот“. Во истрагата му помага проститутката Ким која имала дете со „Лото убиецот“...

Наводи

уреди
  1. Елемент злочина (пристапено на 15.3.2024)