Матилда (кралица на Англија)

(Пренасочено од Кралица Матилда)

Мод или Матилда (7 февруари 110210 септември 1167) била ќерка на англискиот крал Хенри I и неговата сопруга Матилда. Во времето кога е родена таа била крстена како Аделаида,, но по свадбата со императорот Хенрик V, таа го примила името Матилда.

Кралица Матилда
Царица на Германија
Tenure7 јануари 1114 – 23 мај 1125
Кралица на Англија
На престол7 април 1141 – 1 ноември 1141 (208 days)
ПретходникСтефан
НаследникСтефан
СопружникХенрик V
1114 - 1125
Готфрид Плантагенет
1128 - 1151
ДецаХенри II
Готфрид
Вилијам Плантагенет
ДинастијаНорманска династија
ТаткоХенри I
МајкаМатилда Шкотска

Во текот на 1125 година, на 23 години, таа останала вдовица и без потомство од бракот со германскиот цар. Така, по налог на својот татко, таа се вратила во Англија. Во меѓувреме, нејзиниот брат и престолонаследник Вилијам Аделин загинал кога неговиот брод се срушил, таа станала единствената наследничка на англискиот престол. За ова, Хенри презел низа од дејствија. Така, првиот чекор на Хенри бил принудителна заклетва на англиските барони, според која тие го признаваат законското право на Матилда на престолот. Таа церемонија се одвила на 1 јануари 1127 година, а по една година, на 17 јуни 1128 година, таа била омажена за Готфрид Плантагенет.

Сепак, Матилда не успеела да ги освои симпатиите на бароните, кои во голем степен не ја сметале за своја, главно поради тоа што таа ја напуптила земјата уште од својата деветгодишна возраст, и на тој начин била воспитувана во германски дух. Така, по смртта на нејзиниот татко, таа не била крунисена за кралица.

Главен претендент за англискиот престол имал внукот на Вилијам I, Стефан. Благодарение на големата поткрепа, тој на 26 декември 1135 година бил прогласен за крал на Англија. Ова го дало почетокот на граѓанската војна во земјата која продолжила во следните осумнаесет години. Најголемиот си успех Матилда го постигнала во февруари 1141 година, кога на Стефан му нанела голема пораз во Битката кај Линколн, го заробил и го затворил во темница. Така, на 3 март таа се прогласила за Прва дама на Англичаните, а на 8 април за Прва дама на Англичаните и Норманите. Во текот на јуни, таа заминала за Лондон, со цел да го организира крунисувањето. Сепак, таа не била пречекана со големо уважување во престолнината, бидејќи наредила да се покачат даноците. Ова предизвикало бунт меѓу населениеѕо, кој се проширил до таков степен што таа морала да го напушти Лондон.

Во текот на следните години продолжиле војните. Во 1142 година, таа била ставена под опсадата во Оксфордскиот замок. таа успеала да побегне од замокот. Конечно, од англискиот престол таа се откажала во 1148 година. Борбата малку подоцна била продолжена од страна на нејзниот син Хенри II, кој на престолот застанал во 1154 година, како прв крал од династија Плантагенет.