Џефри Плантагенет
Џефри Убавиот (роден на 24 август 1113 - починал на 7 септември 1151, познат како Џефри Плантагенет, бил гроф на Анжу од 1129 година, и војвода од Нормандија од 1144 година.
Џефри Плантагенет | |
---|---|
војвода од Нормандија гроф на Анжу | |
Гроф на Анжу | |
На престол | 1129 – 7 септември 1151 |
Претходник | Фулк V |
Наследник | Хенри II |
Сопружник | Кралица Матилда |
Деца | Хенри II Готфрид Вилијам Плантагенет |
Династија | Династија Плантагенет |
Татко | Фулк V |
Мајка | Ерменгарда |
Тој бил најстариот син на анжувскиот гроф Фулк V и Ерменгарда. Хенри I пратил делегација во Анжу за да се среди бракот помеѓу неговата ќерка Матилда, вдовица на Хенрик V. Така бил направен договор за брак помеѓу петнаесетгодишниот Џефри и 28-годишната Матилда. бракот бил склучен на 17 јуни 1128 година. Бракот требало да стави мир помеѓу Нормандија и Анжу. Во нивниот брак се родиле Хенри, Готфрид и Вилијам.
ПШо една година од својата венќавка, татко му абдицирал во корист на Џефри и се отселил во Ерусалим, станувајќи крал на Ерусалим. По смртта на Хенри I во 1135 година, Матилда влегла во Нормандија за да се прогласи за владетелка. Сепак, Нормандија не и се покорила, заедно со нејзините барони, па така избувнала граѓанска војна која траела 18 години. Во 1142 година, Џефри започнал да ја зазема Нормандија од Стефан, и во 1144 година се прогласил за војвода на Нормандија. Тие Нормандија ја задржиле до 1149 година кога ја препуштиле на својот син Хенри.
Во исто време започнал бунт во Анжу, па така тој успеал да го задуши истиот. Но бунтовите следеле и во наредните години, кои дополнително го отежнувале нападот во Англија.
Џефри починал на 7 септември 1151 година.