Вилијам Аделин (1103 - 25 ноември 1120) бил син на англискиот крал Хенри I и неговата сопруга Матилда, а со тоа и наследник на англискиот престол.

Вилијам Аделин
Војвода од Нормандија
СопружникМатилда Анжу
ДинастијаНорманска династија
ТаткоХенри I
МајкаМатилда

Неговата прерана смрт во кралството предизвикала криза и граѓанска војна.

Вилијам е роден во Винчестер. Неговиот татко, Хенри I, бил најмладиот син на Вилијам Освојувачот, крал на Англија и војвода од Нормандија, и Матилда од Фландрија. Роберт Куртхос, најстариот син на Освојувачот, ја наследил Нормандија, а Вилијам Руф, еден од помладите браќа на Роберт, ја наследил Англија. Во 1100, Вилијам бил убиен, и Хенри го зазел престолот. Од 1105, тој исто така ја повратил од Роберт Нормандија.

Негова мајка била Матилда, ќерка на шкотскиот крал Малком III. Во 1119 година Вилијам се оженил со Матилда Анжу.

Вилијам Аделин загинал при потонувањето или рушењето на т.н. Бел брод на 25 ноември 1120 година. Тој го преминувал Ламанш со тогаш еден од најмодерните кралски бродови. Според податоците, од тој инцидент жив останал само еден човек. Така како единствен престолонаследник на Хенри останала само неговата ќерка Матолда, која подоцна државата ја вовела во граѓанска војна.