Степски сокол
Степски сокол | |
---|---|
Степски сокол (Falco cherrug) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Штркови |
Семејство: | Соколовидни |
Род: | Сокол |
Вид: | Степски сокол |
Научен назив | |
Falco cherrug Греј, 1834 |
Степски сокол, ловџиски сокол или крагуј ((науч. Falco cherrug)), за разлика од сивиот е прилагоден да лови и цицачи. Имено, својот плен може да го улови и на земјата. Поголем е од сивиот сокол и може да совлада и поголем плен. Степскиот сокол во Македонија се среќава при неговата преселба кон неговите територии на размножување. Сѐ уште нема податоци за негово гнездење во Македонија. Бојата на степскиот сокол е темнокафена до светла, во зависност од регионот од кој потекнува. Во првата година младите соколи имаат сина боја на нозете и восковицата - делот кој се наоѓа веднаш над клунот.
Степскиот сокол е една од најупотребуваните птици во соколарството. Арапите го ценат како заслужен за преживување на нивните предци - Бедуините. Во минатото, храната на Бедуините била многу еднолична и се состоела од растенија и корења. Кога увиделе дека степскиот сокол со леснотија лови птици и зајаци, го припитомиле и го искористиле за да дојдат до поквалитетна, белковинска храна. Од тогаш степскиот сокол "SAKER" претставува симбол во арапскиот свет. На банкнотата на Обединетите Арапски Емирати - дирхам, тој стои како неизбежен знак на препознатливост.