Коприва (Серско)
Коприва (грчки: Χείμαρρος, Химарос, до 1927 г. Κόπριβα, Коприва[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција.
Коприва Ζευγολατειό | |
---|---|
Координати: 41°6.38′N 23°15.29′E / 41.10633° СГШ; 23.25483° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Долна Џумаја |
Општ. единица | Орљак |
Надм. вис. | 50 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 526 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во североисточното подножје на планината Карадаг, близу десниот брег на реката Струма.[3]
Историја
уредиВо Отоманската Империја
уредиВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Коприва (Koprivah) било село во Серската каза со 60 домаќинства сочинети од 100 муслимани и 78 Македонци.[4][5]
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за селото:
„ | Село Копрјуво (Коприва) е со мешано население; една црква, една џамија; християните се Македонци[4], а муслиманите се Турци Коњари; се наоѓа на 2 часа од Нигрита.[6] | “ |
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за Коприва:
„ | Коприва, чифлик со многу сопственици, во никаква состојба. Ова село е на З од Сер, на планина, разгранок на Круша. Има доста грнчари. Црква во која се служи на грчки. 45 македонски куќи.[7][8] | “ |
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Коприва имала 490 жители, од кои 350 македонци и 140 Роми.[4][9]
Сите христијани во Коприва биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Коприва (Kopriva) живееле 120 Македонци под Патријаршијата.[4][10]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 466 жители, а во 1920 г. во него се попишани 359 лица, бидејќи дел од населнието настрадало во Првата светска војна и се иселило во Бугарија. Под притисок на грчката власт во 1924 г. уште македонски семејства се иселиле во Бугарија, а на нивно место се доведени грчки колонисти.[3] Според пописот од 1928 г. селото било етнички мешано со 762 жители,[3] од кои 621 лице (162 семејства) биле грчки дојденци, а останатите мештани.[11] В 1927 година селото е прекръстено на Химарос.[12]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Китка[13] | Κίτκα | Лулуди | Λουλούδι[14] | месност на Ј од Коприва и на С од Турица[13] |
Ферезли[13] | Φερρεσλή | Като Ерипија | Κάτω Έρείπια[14] | поранешно село на Карадаг на З од Коприва[13] |
Ќосели[13] | Κιοσαλή | Месеја Ерипија | Μεσαία Ερείπια[14] | поранешно село на Карадаг на З од Коприва[13] |
Карсали[13] | Καρσαλή | Ано Ерипија | Άνω Έρείπια[14] | поранешно село на Карадаг на З од Коприва[13] |
Хаџи Салер[13] | Χατζή Σαλέρ | Халасмата | Χαλάσματα[14] | поранешно село на Карадаг на З од Коприва[13] |
Чавдарли[13] | Τσαυταρλή | Ерипија Сикалион | Έρείπια Σικαλιών[14] | поранешно село на Карадаг на СЗ од Коприва[13] |
Хамзали[13] | Χαμζαλή | Дистратон | Δίστρατον[14] | врв и шума на Карадаг на СЗ од Коприва (789 м)[13] |
Армут Трла[13] | Άρμούτ Ταρλά | Апидиес | Απιδιές[14] | возвишение на Карадаг на ЗСЗ од Коприва[13] |
Гуз Бунар[13] | Γούζ Μπουνάρ | Дио Врисес | Δύο Βρύσες[14] | возвишение на Карадаг на З од Кајали (583 м)[13] |
Нишан Тепе[13] | Νισάν Τεπέ | Симади | Σημάδι[14] | возвишение на Карадаг на З од Кајали (374,1 м)[13] |
Ѓулеменли[13] | Γκιουλεμενλή | Влахика Ерипија | Βλάχικα Έρείπια[14] | поранешно село на Карадаг на СЗ од Кајали[13] |
Стратунус[13] | Στράτουνους | Паралимнион | Παραλίμνιον[14] | возвишение на Карадаг на СЗ од Кајали (353 м)[13] |
Сиври Тепе[13] | Σιβρί Τεπέ | Митери Корифи | Μυτερή Κορυφή[14] | возвишение на Карадаг на СЗ од Кајали (400 м)[13] |
Дермен[13] | Ντερμέν | Милорема | Μυλόρεμα[14] | река на Карадаг на СЗ од Кајали, од југ се влева во Бутковското Езеро[13] |
Ќуланали[13] | Κιουλιαναλή | Рема Дилофу | Ρέμα Διλόφου[14] | река на Карадаг на СЗ од Кајали, од југ се влева во Бутковското Езеро[13] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 873 | 955 | 873 | 624 | 672 | 672 | 868 | 740 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 258. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 58.
- ↑ Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 845.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 180. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ 13,00 13,01 13,02 13,03 13,04 13,05 13,06 13,07 13,08 13,09 13,10 13,11 13,12 13,13 13,14 13,15 13,16 13,17 13,18 13,19 13,20 13,21 13,22 13,23 13,24 13,25 13,26 13,27 13,28 13,29 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 14,00 14,01 14,02 14,03 14,04 14,05 14,06 14,07 14,08 14,09 14,10 14,11 14,12 14,13 14,14 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1043. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)