Кајали (Серско)
Кајали (грчки: Λιθότοπος, Литотопос; до 1927 г. Καγιαλή, Кајали[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција.
Кајали Λιθότοπος | |
---|---|
Поглед на селото од Бутковското Езеро | |
Координати: 41°8.4′N 23°13.18′E / 41.1400° СГШ; 23.21967° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Долна Џумаја |
Општ. единица | Долна Џумаја |
Надм. вис. | 45 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 450 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Кајали било мало село во Серската каза.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Кајли, сместено во пазувите Круша, близу источниот брег на Бутковското Езеро. Се наоѓа на ЈЗ од Џумаја 31⁄2 часа. 120 турски куќи и 10 ромски.[3] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Канли брои 420 жители, од кои 300 Турци и 120 Роми.[4]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 268 жители, а во 1920 г. се намалило на 115 лица.[5]
Во 1924 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место власта довела грчки колонисти. На пописот од 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско[6] со 114 жители.[5]
Поради поволната местоположба во Кајали се доселиле жители од попасивните села. Така, во 1940 г. селото имало 334 жители. Особен прилив на дојденци имало во 1950-тите, кога во него се сместиле и жителите на напуштеното Ортаќој (Орта Маало). Подоцна населението почнало да опаѓа поради иселување во поголемите градови.[5]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 334 | 343 | 829 | 663 | 545 | 620 | 698 | 692 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 850.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 256. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012