Волкот и седумте јариња

„Волкот и седумте јариња“ (гер. Der Wolf und die sieben Geißlein) — басна собрана од браќата Грим, поставена како бајка број 5 во нивната збирка.[1]

Волкот ги јаде јарињата

Содржина

уреди

Еден ден, мајката коза излегува во шумата по храна и ги предупредува јарињата на опасноста од лошиот волк. Таа ги советува јарињата дека неа ќе ја познаат по белите нозе и милозвучниот глас. По некое време доаѓа волкот на вратата, преправајќи се дека е нивната мајка, и сака да влезе. Меѓутоа, јарињата го препознаваат и му велат дека гласот му е груб, додека мајчиниот е мил. Волкот си змаинува незадоволен и јаде парче креда за да му се омекне гласот. Потоа, тој се враќа, но јарињата му велат дека шепите му се црни, додека мајчините се бели. Затоа, волкот оди кај воденичарот и си ги обелува шепите со брашно. Потоа, тој се враќа кај јарињата, им ги покажува шепите и тие го пуштаат внатре. Волкот ја превртува цела куќа, а јарињата се кријат на разни места. Сепак, тој пронаоѓа шест јариња и ги голта цели, додека седмото, кое скриено во ѕидниот часовник, волкот не успева да го пронајде.

Подоцна, кога мајката коза се враќа дома и го гледа нередот, најмалото јаре излегува и ѝ кажува што се случило. Потоа, таа оди надвор и го наоѓа волкот како спие, а нешто мрда во неговиот стомак. Додека тој спие, козата му го распарува стомакот и шесте јариња изглегуваат живи. Потоа, таа става камења во стомакот на волкот и го зашива. Кога се буди, волкот е жеден, па оди да се напие вода. Бидејќи се тешки, камењата го повлекуваат во водата и тој се дави во неа.[2] [3]

Изданија на македонски јазик

уреди

Приказната Волкот и седумте јариња доживеала повеќе изданија на македонски јазик, како што се:

  • „Волкот и седумте јариња“, во: Браќа Грим, Сказни. Наша книга, Скопје, 1972.
  • „Волкот и седумте јариња“, Македонска книга, Скопје (без дата). Книгата била издадена како заеднички проект на неколку други издавачки куќи: „Киндербухферлаг“ од Берлин, „Младинска књига“ од Љубљана, „Просвјета“ од Загреб и „Вук Караџиќ“ од Белград. Преводот на македонски јазик го извршил Јован Бошковски, а илустрациите биле дело на Берхард Наст. Книгата била дел од циклусот „Гримови сказни во десет сликовници“, а била испечатена во печатницата на ЗГП „Младинска књига“ од Љубљана.
  • „Волкот и седумте јариња“ во: Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980 (во превод на Ранка Грчева).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јакоб и Вилхелм Грим, Домашни приказни „Волкот и седумте јариња“ Архивирано на 14 септември 2015 г. (англиски)
  2. Волкот и седумте јариња, Македонска книга, Скопје (без дата).
  3. Браќа Грим, Сказни. Наша книга, Скопје, 1972, стр. 14-17.

Надворешни врски

уреди