Кмерско Царство (кмерски: ចក្រភពខ្មែរ: Chakrphup Khmer или អាណាចក្រខ្មែរ Anachak Khmer) ― хинду-будистичко царство во Југоисточна Азија. Државата, која нејзините жители ја нарекувале Камбуџа, постоела од 802 до 1431 година на територијата на денешните држави Камбоџа, Виетнам, Тајланд и Лаос со центар во Ангкор. Историчарите овој период од историјата на Камбоџа го нарекуваат ангкорски период. Кмерското Царство управувало (или имало вазални држави под своја контрола) со поголемиот дел од континентална Југоисточна Азија,[1] а на север се протегало до Јужна Кина.[2][3] При својот врв, царството било поголемо од Византиското Царство, кое постоело во исто време.[4]

Кмерското Царство било основано во 802 година, кога кмерскиот принц Џајаварман II се прогласил за чакравартин (буквално „универзален владател“, титула еквивалентна на „цар“). Царството пропаднало откако сијамското кралство Ајутаја во 1431 година го освоило Ангкор; причините за падот на царството сè уште се предмет на научна дебата.[5]

Најголемо наследство на царството е наоѓалиштето Ангкор. Величествените споменици на Ангкор, како Ангкор Ват и Бајон, сведочат за огромната моќ и богатство на Кмерското Царство, импресивната уметност и култура, архитектонската техника, естетските достигнувања и разновидните системи на верување кои ги поддржувало своевремено. Со сателитски снимки било откриено дека Ангкор, за време на неговиот врв од 11-тиот до 13-тиот век, бил најголемиот прединдустриски урбан комплекс во светот.[4][6] Истражувачите, исто така, откриле дека Кмерското Царство го измислил првиот здравствен систем во светот, кој се состоел 102 болници.[7]

Историја

уреди

Основање и раст

уреди
 
Кмерски стрелци качени на слонови; рељеф во Бајон

Според еден натпис во храмот Сдок Кок Том,[8] :97[9] :353–354околу 781 година, кмерскиот принц Џајаварман II ја основал Индрапура како главен град на неговото владение.[10] Откако се вратил во својот дом во поранешното кралство Ченла, брзо стекнал влијание и поразил низа сопернички кралеви. Во 790 година станал крал на кралството кое од Кмерите било наречено Камбуџа. Потоа главниот град го преселил на брегот од езерото Тонле Сап.

Џајаварман II (владеел 802–835)[11] :xiii, 59се смета за крал основач на Кмерското Царство. Историчарите се согласуваат дека ангкорскиот период од историјата на Камбоџа започнал во 802 година, кога Џајаварман II во грандиозен ритуал ја осветил светата планина Махендрапарвата, денес позната како Пном Кулен.[12] На ритуалот, Џајаварман II се прогласил за чакравартин (во превод од санскритски, „универзален владател“; старокмерски: Kamraten jagad ta Raja) и девараџа (во превод од санскритски „добар крал“).[13] :35Тој, исто така, ја прогласил независноста на Камбуџа од местото кое во натписите се нарекува „Јава“.

Во годините што следувале, тој ја проширил својата територија и основал нов главен град, Харихаралаја, во близина на денешниот град Ролуос.[8] :98Со тоа ги поставил темелите на Ангкор, кој се издигнал на околу 15 км северозападно од Харихаралаја. Џајаварман II починал во 835 година,[11] :59а го наследил неговиот син Џајаварман III.[8] :103[14] Џајаварман III умрел во 877 година и бил наследен од Индраварман I.[8] :110

Наследниците на Џајаварман II продолжиле да ја прошируваат територијата на Камбуџа. Индраварман I (877–889) без војни успеал да го прошири кралството и започнал големи градежни проекти овозможени од богатството стекнато преку трговија и земјоделство. Најважни биле храмот на Преа Ко и иригациониот систем. Индраварман I продолжил да ја развива Харихаралаја и околу 881 година[8]:110–111 го изградил Баконг.[9]:354–358 Баконг има големи сличности со храмот Боробудур на Јава, и можеби служел како прототип за Баконг.[15]

Индраварман I го наследил неговиот син Јасоварман I (владеел 889–915), кој основал нова престолнина, Јасодхарапура, прв поголем град во областа Ангкор. Главниот храм во градот бил изграден на Пном Бакхенг, рид од околу 60 метри над рамнината на која се наоѓа Ангкор. Источен Барај, огромен резервоар за вода со димензии 7,1 на 1,7 километри, исто така бил направен за време на владеењето на Јасоварман I.[8]:111–114[9]:358, 360–361

На почетокот на 10 век, царството се расцепкало. Џајаварман IV го преселил главниот град во Лингапура (денешен Ко Кер), на околу 100 км североисточно од Анкор.[9] :360, 363 Откако Раџендраварман II се искачил на престолот (владеел 944–968), кралската престолнина била вратена во Јасодхарапура. Тој продолжил со градежните потфати на претходните кралеви и изградил многу хиндуистички храмови во областа Ангкор, како Пре Руп и Источен Мебон, храм кој се наоѓа на вештачки остров во Источен Барај. Биле изградени и неколку будистички храмови и манастири.[9] :363–367Во 950 година започнала првата војна помеѓу Камбуџа и кралството Чампа (кое се наоѓало во денешен централен Виетнам).[8] :114–117

Синот на Раџендраварман II, Џајаварман V, владеел од 968 до 1001 година, откако претходно се наметнал за нов крал над другите кнезови. Неговото владеење било период на мир, обележан со просперитет и културен процут. Тој воспоставил нов главен град малку западно од главниот град на неговиот татко и го нарекол Јаендранагари; неговиот државен храм, Та Кео, бил на југ. На дворот на Јајаварман V живееле филозофи, научници и уметници. Биле изградени и нови храмови; а најважни меѓу нив биле Бантеај Среи, кој се смета за еден од најубавите и најуметнички градби во Ангкор, и Та Кео, прв храм во Ангкор целосно изграден од песочник.[8] :117–118[9] :367

 
Пирамидата во Кох Кер. Кох Кер (Лингапура) кратко бил главен град на Камбуџа.

По смртта на Џајаварман V имало децениски конфликт. Тројца кралеви владееле истовремено како соперници еден на друг, а потоа на престолот се качил Сурјаварман I (владеел 1006–1050) и го презел главниот град Ангкор.[8] :134–135Неговото владеење било обележано со повеќекратни обиди на неговите противници да го соборат и војни со соседните кралства.[16] На почетокот на неговото владеење, Сурјаварман I воспоставил дипломатски односи со династијата Чола од јужна Индија.[17]

Во првата деценија од 11 век, Камбуџа влегла во војна со кралството Тамбралинга од Малајскиот Полуостров.[16][18] Откако одолеал на неколку напади од неговите непријатели, Сурјаварман побарал помош од моќниот чолски цар Раџендра I.[16][19][20] Откако дознал за сојузот на Сурјаварман со Чола, Тамбралинга побарала помош од кралот на Сривијаја, Санграма Виџајатунгаварман.[16][18] Сето ова довело до војна меѓу Чола и Сривијаја. Војната завршила со победа на Чола и Камбуџа и големи загуби за Шривијаја и Тамбралинга.[16][18] Двата сојузи имале религиозни нијанси, бидејќи Чола и Камбуџа биле хинду шаивити, а Тамбралинга и Сривијаја биле Махајана будисти. Има индикации дека, пред или по војната, Сурјаварман I му подарил кочија на Раџендра I за да ја олесни трговијата или сојузот.[8] :136[21][22]

По смртта на Сурјаварман I во 1050 година, тој бил наследен од Удајадитјаварман II, кој ги изградил Бапуон и Западен Барај.[8] :135, 137–138 Во 1074 година, имало конфликт меѓу Харшаварман III, помлад брат и наследник на Удајадитјаварман II, и Хариварман IV.[8] :152

Златно доба на кмерската цивилизација

уреди

 

Владеење на Сурјаварман II и Ангкор Ват

уреди

12 век бил време на војни и брутални борби за моќ. За време на владеењето на Сурјаварман II (владеел 1113–1150) кралството внатрешно се обединило.[11] :113 Во период од 37 години бил изграден Ангкор Ват, посветен на богот Вишну. На исток, походите на Сурјаварман II против Шампа и Даи Виет биле неуспешни.[11] :114 Сепак, во 1145 година успеал да ја освои Виџаја и да го собори Џаја Индраварман III.[23] :75–76 Кмерите ја држеле Виџаја под своја контрола до 1149 година, кога биле протерани од Џаја Хариварман I.[8] :160 Во 1114 година, Сурјаварман II пратил делегација во Чола и на царот Кулотунга I му подарил скапоцен камен.[24][25]

Следел уште еден период на кратко владеење на кралевите кои биле насилно соборувани од нивните наследници. Во 1177 година главниот град бил нападнат и ограбен од страна на чамската флота под команда на Џаја Индраварман IV, а кралот на Кмерите Трибхуванадитјаварман бил убиен.[8] :164[23] :78

Владеење на Џајаварман VII и Ангкор Том

уреди

  Кралот Џајаварман VII (владеел 1181–1219) се смета за најголемиот крал на Камбоџа. Тој уште како принц бил војсководец. Откако Чампа го освоила Ангкор, тој собрал војска и го вратил главниот град. Потоа, се искачил на престолот и во следните 22 години продолжил да војува против Чампа. Кмерите ја поразиле Чампа во 1203 година и освоиле големи делови од нејзината територија.[8] :170–171[23] :79–80Според кинески извори, во 1195 година Џајаварман VII кон територијата на Кмерското Царство го додал Пегу.[26]

Џајаварман VII е последен од големите кралеви на Ангкор, не само поради неговата успешна воена кампања против Чампа, туку и затоа што тој не бил тирански владетел како неговите непосредни претходници. Тој го обединил царството и презел значајни градежни потфати. Бил изграден новиот главен град, денешен Ангкор Том. Во центарот на градот, кралот (кој бил следбеник на махајана будизмот) го изградил Бајон како државен храм,[9] :378–382 со кули на кои се наоѓаат лицата на бодисатва Авалокитешвара, секоја кула е висока неколку метри, направена од камен. Други важни храмови изградени за време на Џајаварман VII биле Та Пром за неговата мајка, Преа Кан за неговиот татко,[9] :388–389Бантеај Кдеи и Неак Пеан, како и резервоарот Сра Сранг. Била изградена патна мрежа која ги поврзувала сите градови во царството, со одморалишта за патници и 102 болници низ целото царство.[8] :173, 176

Владеење на Џајаварман VIII

уреди

По смртта на Јајаварман VII, на престолот се искачил неговиот син Индраварман II (владеел 1219–1243).[8] :180–181 Тој довршил многу храмови започнати за време на владеењето на неговиот татко. Како воин не бил многу успешен. Во 1220 година, под притисок на сѐ помоќниот Даи Виет и неговиот сојузник Чампа, Кмерите се повлекле од многу провинции кои претходно ги освоиле од Чамите.   Индраварман II бил наследен од Џајаварман VIII (владеел 1243–1295). За разлика од неговите претходници, Џајаварман VIII бил следбеник на хинду шаивизмот и агресивен противник на будизмот. Тој уништил многу статуи од Буда во царството, а будистичките храмови ги претворил во хинду храмови.[11] :133Во 1283 година монголската династија Јуен ја нападнала Камбуџа.[27] Џајаварман VIII избегнал војна на тој начин што од 1285 година почнал да им плаќа годишен надомест на Монголите.[8] :192[27] Владеењето на Џајаварман VIII завршило во 1295 година кога бил сменет од неговиот зет Сриндраварман (владеел 1295–1309). Новиот крал бил следбеник на теравада будизмот, будистичка школа која во југоисточна Азија пристигнала од Шри Ланка и потоа се проширила низ поголемиот дел од регионот.

Во август 1296 година, кинескиот дипломат Џоу Дагуан дошол во Ангкор и забележал: „Во неодамнешната војна со сијамците, земјата беше целосно уништена“.[8] :211[23] :90

Слабеење

уреди

Камбуџа почнала да слабее во 14 век. Историчарите наведуваат различни причини за падот: религиозното преобраќање од вишнуитско-шиваитскиот хиндуизам во теравада будизмот што влијаело на социјалниот и политичкиот систем, честите внатрешни борби за превласт меѓу кмерските принцови, вазалскиот бунт, странската инвазија, чумата и еколошкиот распад.

Од социјални и религиозни причини, многу аспекти придонеле за падот на Камбуџа. Односот меѓу владетелите и елитата бил нестабилен – од 27-те владетели на Камбуџа, единаесет се сметале за нелегитимни, а неретко имало насилни борби за превласт. Камбуџа била повеќе насочена кон домашната економија и не ја користела меѓународната поморска трговска мрежа. Продорот на будистичките идеи, исто така, се косел и го нарушувал државниот поредок изграден врз хиндуистички идеали.[28]

Преобраќање од хиндуизам во будизам

уреди
 
Кмерска скулптура на Буда од 11 век

Последниот санскритски натпис потекнува од 1327 година и го опишува наследувањето на Индраџајаварман од Јајавармадипарамесвара.[8] :228 Историчарите сметаат дека кралевите почнале да го прифаќаат теравада будизмот; кралевите повеќе не се сметале за девараџа (божји кралеви) и затоа немало потреба да им се подигаат огромни храмови. Повлекувањето од концептот на девараџа, исто така, можеби довело до губење на кралскиот авторитет, а со тоа и до недостаток на работници. Системот за наводнување исто така, дегенерирал, што значи дека приносите биле намалена од поплави или суша. Додека претходно оризот можел да бере три пати годишно (кој дал значаен придонес за просперитетот и моќта на Камбуџа) намалениот принос дополнително го ослабнал царството.

Археолозите забележале дека не само што престанало да се градат нови градби, туку не постојат Кмерски историскиот натпис во периодот од 14 до 17 век. Недостатокот на историски наоди ги ограничува археолошките докази. Сепак, археолозите успеале да утврдат дека локалитетите биле напуштени, а потоа повторно населени од разни народи.[29]

Странски притисок

уреди
 
Буда кој седи од 12 век

Кралството Ајутаја било конфедерација од три градови-држави при на сливот на Долна Чао Фраја (Ајутаја-Суфанбури-Лопбури).[30] Од четиринаесеттиот век, Ајутаја била непријател на Камбуџа.[8] :222–223Во 1352 година, Ангкор бил опколен од ајутајанскиот крал Утонг. Откако го освоил следната година, со Кмерското Царство владееле сијамски принцови. Во 1357 година, кралот на Кмерите Сурјавамса Раџахираја го вратил престолот.[8] :236Во 1393 година, ајутајанскиот крал Рамесуан повторно го опколил Ангкор; ги зазел следната година. Синот на Рамесуан кратко време владеел со Камбуџа, а потоа бил убиен. Конечно, во 1431 година, кмерскиот крал Понхеа Јат го напуштил Ангкор зошто сметал дека не може да се одбрани од нападите и се преселил во областа наПном Пен.[8] :236–237

Нов центар на Кмерското Кралство бил Оудонг во близина на денешен Пном Пен. Сепак, постојат индикации дека Ангкор не бил целосно напуштен. Една лоза од кмерските кралеви можеби останала таму, а друга се преселила во Пном Пен за да основа паралелно кралство. Конечниот пад на Ангкор тогаш би се должел на трансферот на економската (а со тоа и на политичката) моќ, бидејќи Пном Пен станал важен трговски центар на Меконг. Големите суши и поплави кои следувале се сметаат за една од причините кои придонеле за падот на царството.[31] По првата суша царството се насочило кон регионалната трговија.[32]

Еколошко уништување

уреди
 
Сателитска слика на Ангкор. Исушениот Источен Барај укажува на еколошки промени во регионот.

Еколошка катастрофа и инфраструктурното уништување е уште една теоретска причина за падот на Камбуџа. Научниците кои работат на проектот Голем Ангкор сметаат дека Кмерите имале развиен систем од резервоари со вода и канали кои се користеле за трговија, транспорт и наводнување. Каналите се користеле за берба на ориз. Со порастот на населението, системот за наводнување бил сѐ пооптоварен. Во текот на четиринаесеттиот и петнаесеттиот век, имало и големи климатски промени кои влијаеле на системот за управување со водата.[31]

Периодите на суша довеле до намалена продуктивност од земјоделството, а големите поплави ја оштетиле инфраструктурата.[31] За да се прилагодат на порастот на населението, од ридовите во Кулен биле пресечени дрвата и земјиштето било прилагодено во оризови полиња. Како резултат на тоа дождот од ридовите носел талог во мрежата од канали. Ваквото оштетување на водоводниот систем би имало катастрофални последици.[33]

Чума

уреди

Теоријата на чума за падот на царството смета дека пренаселениот Ангкор го погодила тешка епидемија.[34] Во 14 век, Азија била зафатена од црна смрт, која се појавила во Кина околу 1330 година и стигнала до Европа околу 1345 година. Повеќето попатни станици од Кина до Европа го почувствувале влијанието на болеста, што можеби имало сериозно влијание врз животот во Југоисточна Азија. Како можни болести се наведуваат: бубонска чума, сипаници и маларија.

Анкор по 15 век

уреди

Постојат докази за понатамошен период на употреба на Ангкор по 15 век. Под власта на кмерскиот крал Баром Реачеа I (владеел 1566–1576), кој привремено успеал да ја протера Ајутаја, кралскиот двор накратко бил вратен во Ангкор. Натписите од 17 век сведочат за јапонските населби заедно со оние на преостанатите Кмери.[35] Најпознатиот натпис раскажува за Укондају Казуфуса, кој ја прославил кмерската Нова година во Ангкор во 1632 година [36] Меѓутоа, во следните децении јапонската заедница беше апсорбирана во локалната кмерска заедница, поради недостаток на нови јапонски пристигнувања и со тоа мала можност за обновување на нивната заедница.[35]

Култура и општество

уреди
 
Реконструкција на Бајон, центарот на Ангкор Том

Најголемиот дел од историските докази за Камбуџа потекнуваат од басрелјефите на храмовите на Ангкор и извештаите од прва рака на кинескиот дипломат Џоу Дагуан ( Царината на Камбоџа ), кои даваат информации за Камбоџа од 13 век и порано. Бас-релјефите, како оние во Бајон, го опишуваат секојдневниот живот во древното кралство на Кмерите, како и сцени од животот во палатата, поморските битки на реката и езерата и вообичаените сцени на пазарот.

Економија и земјоделство

уреди

Античките Кмери биле традиционална земјоделска заедница, која во голема мера се потпирала на одгледување ориз. Земјоделците, кои го сочинувале мнозинството од населението на кралството, саделе ориз во близина на бреговите на езерото или реката, во наводнуваните рамнини околу нивните села или на ридовите кога низините биле поплавени. Оризовите полиња се наводнувале со огромен и комплексен хидраулички систем, мрежа од канали и бараји, или огромни резервоари за вода. Овој систем овозможи формирање на големи заедници за одгледување ориз во околината на кмерските градови. Шеќерни палми, овошки и зеленчук се одгледувал на нивите покрај селата, од кој се добивале разни земјоделски производи како: палмин шеќер, палмино вино, кокос, разни тропски овошја и зеленчук.

 
Кмерскиот пазар во Бајон

Многу Кмери се занимавале и со слатководен риболов. Рибарски населби имало околу езерото Тонле Сап, а исто така во близина на многу реки и езерца. Населението од рибите правеле прахок – сушена, печена или барена рибина паштета завиткана во листови банана. Оризот и рибата биле основна храна. Други извори на белковини биле свињите, говедата и живината, кои биле чувани под куќите на фармерите, кои биле издигнати на потпорници за да ги заштитат од поплави.

Пазарот во Ангкор немал постојани градби; тој се одвивал на отворено, а трговците седеле на земја на плетени сламени душеци и ја продавале својата стока. Немало ни маси ни столчиња. Некои трговци се штителе од сонцето со едноставен сламен чадор. Службениците наплаќале еден вид наемнина или кирија за просторот што трговците го зафаќале на пазарот. Трговијата во Ангкор претежно ја воделе жени.

Општество и политика

уреди
 
Жени од кралскиот двор
 
Поморска битка против Чамите; релјеф во Бајон

Кралот бил опкружен со министри, државни службеници, благородници, членови на кралското семејство, жени од палатата и слуги; сите тие биле заштитени со стражари и војници. Главниот град Ангкор и кмерскиот кралски двор се познати по грандиозните церемонии, со многу фестивали и ритуали кои се одржувале во градот.

Религија

уреди

Главната религија бил хиндуизмот, а по него следел будизмот.[се бара извор]Првично, кралството го почитувало хиндуизмот како главна државна религија.[се бара извор]Вишну и Шива биле најпочитувани божества, обожувани во кмерските хинду храмови. Храмовите како Ангкор Ват се всушност познати како Фитсанулок (Вара Вишнулока на санскритски) или царството на Вишну, во чест на постхумниот крал Сурјаварман II како Вишну.

Хиндуистичките церемонии и ритуали што ги изведувале браманите (хинду свештеници), обично се одржувале само меѓу владејачките елити од семејството на кралот, благородниците и владејачката класа. Официјални религии во царството прво биле хиндуизмот и махајана будизмот, а во 13 век ги надвладеал теравада будизмот.[37]

Наводи

уреди
  1. „Khmer Empire | Infoplease“. www.infoplease.com. Посетено на 15 January 2023.
  2. Reynolds, Frank. „Angkor“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica, Inc. Посетено на 17 August 2018.
  3. Plubins, Rodrigo. „Khmer Empire“. World History Encyclopedia. Посетено на 17 August 2018.
  4. 4,0 4,1 Galloway, M. (2021, May 31).
  5. LOVGREN, S. (2017, April 4).
  6. Damian Evans; и др. (9 April 2009). „A comprehensive archaeological map of the world's largest preindustrial settlement complex at Angkor, Cambodia“. Proceedings of the National Academy of Sciences. 104 (36): 14277–82. doi:10.1073/pnas.0702525104. PMC 1964867. PMID 17717084.
  7. Bunthoeurn, O. (2022, July 21).
  8. 8,00 8,01 8,02 8,03 8,04 8,05 8,06 8,07 8,08 8,09 8,10 8,11 8,12 8,13 8,14 8,15 8,16 8,17 8,18 8,19 8,20 8,21 8,22 Coedès, George (1968). Walter F. Vella (уред.). The Indianized States of Southeast Asia. trans. Susan Brown Cowing. University of Hawaii Press. ISBN 978-0-8248-0368-1. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Coedes“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 Higham, C. (2014).
  10. Higham 1989, pp. 324 ff.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 Higham, C. (2001).
  12. Albanese, Marilia (2006). The Treasures of Angkor. Italy: White Star. стр. 24. ISBN 88-544-0117-X.
  13. Rooney, Dawn (16 April 2011). Angkor, Cambodia's Wondrous Khmer Temples. www.bookdepository.com. Hong Kong: Odyssey Publications. ISBN 978-9622178021. Посетено на 21 January 2019.
  14. David Chandler, A History of Cambodia, p. 42.
  15. David G. Marr; Anthony Crothers Milner (1986). Southeast Asia in the 9th to 14th Centuries. Institute of Southeast Asian Studies, Singapore. стр. 244. ISBN 9971-988-39-9. Посетено на 5 June 2014.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 Kenneth R. Hall (October 1975).
  17. A History of Early Southeast Asia: Maritime Trade and Societal Development by Kenneth R. Hall p. 182
  18. 18,0 18,1 18,2 R. C. Majumdar (1961), "The Overseas Expeditions of King Rājendra Cola", Artibus Asiae 24 (3/4), pp. 338–342, Artibus Asiae Publishers
  19. Early kingdoms of the Indonesian archipelago and the Malay Peninsula by Paul Michel Munoz p. 158
  20. Society and culture: the Asian heritage : by Juan R. Francisco, Ph.D. University of the Philippines Asian Center p. 106
  21. Economic Development, Integration, and Morality in Asia and the Americas by Donald C. Wood p. 176
  22. Indian History by Reddy: p. 64
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 Maspero, G., 2002, The Champa Kingdom, Bangkok: White Lotus Co., Ltd., ISBN 9747534991 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Maspero“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  24. A History of India, Hermann Kulke, Dietmar Rothermund: p. 125.
  25. Commerce and Culture in the Bay of Bengal, 1500–1800 by Om Prakash, Denys Lombard pp. 29–30
  26. Chatterji, B. (1939).
  27. 27,0 27,1 Cœdès 1966
  28. Stark, M.T. (2006).
  29. Welch, David (1998). „Archaeology of Northeast Thailand in Relation to the Pre-Khmer and Khmer Historical Records“. International Journal of Historical Archaeology. 2 (3): 205–233. doi:10.1023/A:1027320309113.
  30. Baker, Chris; Phongpaichit, Pasuk (2017). A History of Ayutthaya: Siam in the Early Modern World. Cambridge University Press. ISBN 978-1-107-19076-4.
  31. 31,0 31,1 31,2 Buckley, Brendan M; и др. (29 March 2010). „Climate as a contributing factor in the demise of Angkor, Cambodia“ (PDF). Proceedings of the National Academy of Sciences. 107 (15): 6748–6752. Bibcode:2010PNAS..107.6748B. doi:10.1073/pnas.0910827107. PMC 2872380. PMID 20351244. Посетено на 3 June 2020. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Buckley-2010“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  32. Vickery, M. T. (1977).
  33. Miranda Leitsinger (13 June 2004). „Scientists dig and fly over Angkor in search of answers to golden city's fall“. Associated Press. Архивирано од изворникот на 10 December 2008. Посетено на 21 August 2013.
  34. LG Gundersen. „A Reassessment of the Decline of the Khmer Empire“ (PDF). www.ijch.net.
  35. 35,0 35,1 Masako Fukawa; Stan Fukawa (6 November 2014). „Japanese Diaspora – Cambodia“. Discover Nikkei. Посетено на 18 October 2015.
  36. „History of Cambodia, Post-Angkor Era (1431– present day)“. Cambodia Travel. Архивирано од изворникот на 11 September 2019. Посетено на 18 October 2015.
  37. Keyes, 1995, pp.78–82

Библиографија

уреди

 

Надворешни врски

уреди

Предлошка:Empires