Кизили

село во Нигритско, Егејска Македонија

Кизили или Кизели (грчки: Ορέσκεια, Орескија; до 1926 г. Κιζιλή, Кизили[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 45 жители (2021).

Кизили
Ορέσκεια
Кизили is located in Грција
Кизили
Кизили
Местоположба во областа
Кизили во рамките на Визалтија (општина)
Кизили
Местоположба на Кизили во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°51′N 23°39′E / 40.850° СГШ; 23.650° ИГД / 40.850; 23.650
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаТахино
Надм. вис.&10000000000000140000000140 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно45
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во Серско Поле, на 1 км западно од соседното село Ежово и околу 13 км југоисточно од гратчето Нигрита, на надморска височина од 140 м.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Кизили било турско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Зили (Zili) имало 28 домаќинства со 25 жители муслимани и 50 жители Македонци.[4][5]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Кизили:

Казали Маала: жителите се турски коњари, 3 часа од Нигрита.[6]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 129 жители. Селото наполно настрадало во Првата светска војна, поради што не се спомнува во пописот од 1920 г.[3]

Кизили било обновено во 1923 година, кога се населени 18 бегалски семејства (вкупно 97 бегалци).[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Орескија (Ορέσκεια).[2]

Стопанство

уреди

Населението одгледува памук, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 293 234 274 124 84 48 80 57 45
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Тахино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ежово, во кој влегува и селото Ежово.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Кули

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 24 јуни 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 235–236.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 124. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 59.