Касиопеја Aостаток од супернова во соѕвездието Касиопеја и најсветлиот вонсончев радиоизвор на небото на честоти над 1 GHz. Суперновата се случила на приближно 11,000 светлосни години (3.4 килопарсеци) далеку во рамките на Млечниот Пат;[2][3] со оглед на ширината на Орионовиот Крак, тој се наоѓа во најблиската крак нанадвор, Персеевиот Крак, околу 30 степени од галактичкото противсредиште. Облакот од материјал кој се шири од суперновата сега се појавува на приближно 10 светлосни години (3 парсеци) од гледиште на Земјата. Виден е во бранови должини на видлива светлина со аматерски телескопи до 234 мм и со филтри.[4]

Касиопеја A
Неприродно обоена слика составена од податоци од три извори: црвената е инфрацрвена информација од Вселенскиот телескоп Спицер, златната е видливите податоци од Вселенскиот телескоп Хабл и сината и зелената се податоци од Чандранската рендгенска набљудувачница. Малата, светла, бебешкосина точка што е надвор од средината е остаток од јадрото на ѕвездата.
Други ознакиSN 1671, SN 1667, SN 1680, SNR G111.7-02.1, 1ES 2321+58.5, 3C 461, 3C 461.0, 4C 58.40, 8C 2321+585, 1RXS J232325.4+584838, 3FHL J2323.4+5848, 2U 2321+58, 3A 2321+585, 3CR 461, 3U 2321+58, 4U 2321+58, AJG 109, CTB 110, INTREF 1108, [DGW65] 148, PBC J2323.3+5849, 2FGL J2323.4+5849, 3FGL J2323.4+5849, 2FHL J2323.4+5848
Вид појаваСупернова
Спектрална класаIIb[1]
Датум1947 од Мартин Рајл и Френсис Греам-Смит)
СоѕвездиеКасиопеја
Ректасцензија23ч 23м &1000000000000002400000024с
Декиланција+58° 48.9′
ЕпохаJ2000
Галактички координати111.734745°, −02.129570°
Оддалеченостоколу 11,000 светлосни години[2]
ОстатокНадворешен слој
ДомаќинМлечен Пат
ЗабележителностиНајсилниот радиоизвор надвор од нашиот Сончев Систем
Најголема привидна величинаоколу 6
ПретходиSN 1604
СледиG1.9+0.3 (ненабљудувана, околу 1868), SN 1885A (следна набљудувана)
Страница на Ризницата На Ризницата

Проценувано е дека светлината од самата супернова првпат стигнала до Земјата во близина на 1690-тите, иако од тогаш нема дефинитивно соодветни записи. Касиопеја A е околуполарна ѕвезда на и над средните северни географски широчини кои имале обемни записи и основни телескопи. Нејзиниот веројатен пропуст во записите веројатно се должи на меѓуѕвездената прашина која прима оптичко зрачење со бранова должина пред да стигне до Земјата, иако е можно да е запишана како ѕвездата со шеста величина, 3 Касиопеја од Џон Флемстид. Можните објаснувања се наклонети кон идејата дека изворната ѕвезда била невообичаено масивна и претходно исфрлила голем дел од нејзините надворешни слоеви. Овие надворешни слоеви би ја прекриле ѕвездата и би примиле голем дел од емисиите на видливата светлина додека внатрешната ѕвезда се уривала.

Касиопеја A била меѓу првите откриени дискретни астрономски радиоизвори. Неговото откритие било пријавено во 1948 година од Мартин Рајл и Френсис Греам-Смит, астрономи во Кембриџ, врз основа на набљудувањата со Интерферометарот „Лонг Мајкелсон“.[5] Оптичкиот составен дел првпат бил идентификувана во 1950 година.[6]

Можни набљудувања

уреди

Пресметките кои работат наназад од моментално набљудуваното проширување укажуваат на експлозија што би станала видлива на Земјата околу 1667 година. Астрономот Вилијам Ешворт и други предложуваат дека кралскиот астроном Џон Флемстид можеби ненамерно ја набљудувал суперновата на 16 август [ст. ст. 6 август] 1680 година, кога каталогизирал ѕвезда 3 Касиопеја која е со шеста величина, но нема соодветна ѕвезда на запишаната положба. Можните објаснувања вклучуваат грешка во положбата,[7] или дека е запишано минливо тело. Каролин Хершел забележала дека ѕвездата во близина на τ Касиопеја, HD 220562, добро се вклопува со 3 Касиопеја, доколку е направена вообичаена грешка во читањата на секстантите.[8] Алтернативно, ѕвездата AR Касиопеја можеби била забележана, повторно со погрешно запишана положба. Положбата и времето значат дека можеби е набљудување на родоначалникот-супернова на Касиопеја А.[9] Друг предлог од неодамнешното меѓудисциплинарно истражување е дека суперновата била „ѕвездата на пладневниот ден“, забележана во 1630 година, за која било сметано дека го најавила раѓањето на Чарлс II, идниот владетел на Англија, Шкотска, и Ирска.[10]

Оттогаш, ниту една супернова што се појавува во Млечниот Пат не е видлива со голо око од Земјата.

Проширување

уреди

Проширувачкиот надворешен слој има температура од околу 30 милиони К, и се проширува со 4.000−6.000 км/с.[2]

Набљудувањата на експлодираната ѕвезда преку вселенскиот телескоп „Хабл“ покажале дека, и покрај првобитното верување дека остатоците се шират на униформен начин, постојат јазли со голема брзина кои се движат со попречни брзини од 5.500-14.500 км/с со најголеми брзини што се случуваат во два речиси спротивставени млазови.[2] Кога погледот на ѕвездата што се шири, користи бои за да ги разликува материјалите со различен хемиски состав, тоа покажува дека слични материјали често остануваат собрани заедно во остатоците од експлозијата.[3]

Радиоизвор

уреди

Касиопеја A имала густина на тек од 2720 ± 50 Jy на 1 GHz во 1980 година.[11] Бидејќи остатокот од супернова се лади, неговата густина на тек се намалува. На 1 GHz, неговата густина на тек се намалува со стапка од 0.97 ± 0.04 проценти годишно.[11] Ова намалување значи дека на честоти под 1 GHz, Касиопеја A сега е помалку интензивен од Лебед А. Касиопеја А сè уште е најсветлиот вонсончев радиоизвор на небото на честоти над 1 GHz.

Рендгенски извор

уреди

Иако Кас X-1 (или Кас XR-1), очигледниот прв извор на рендгенски зраци во соѕвездието Касиопеја не бил откриен во текот на 16 јуни 1964 година, лет на испитувачка ракета на Aerobee, бил сметан за можен извор.[12] Касиопеја А била скенирана за време на друг лет на ракетата Aerobee од 1 октомври 1964 година, но ниту еден значаен рендгенски тек над позадината не бил поврзан со положбата.[13] Касиопеја XR-1 била откриена со ракетен лет на Aerobee на 25 април 1965 година,[14] во ректасцензија 23ч 21м и деклинација +58° 30′.[15] Касиопеја X-1 е Касиопеја А, остаток од супернова од типот II во ректасцензија 23ч 18м и деклинација +58° 30′.[16] Ознаките Касиопеја X-1, Кас XR-1, Кас X-1 повеќе не се користени, но рендгенскиот извор е Кас A SNR G111.7-02.1) на 2U 2321+58.

Во 1999 година, Чандранската рендгенска набљудувачница го пронашла CXOU J232327.8+584842,[17] средишно збиено тело кое е остаток од неутронската ѕвезда, оставено од експлозијата.[18]

Одгласено ехо од супернова

уреди

Во 2005 година, инфрацрвено ехо на Касиопеја А било забележано на блиските облаци со гас со помош на Вселенскиот телескоп „Спицер“.[19] Инфрацрвеното ехо било видено и од Инфрацрвениот астрономски сателит и проучувано со Инфрацрвениот спектрограф. Претходно било сомневано дека блесокот во 1950 година од главен пулсар може да биде одговорен за инфрацрвеното ехо. Со новите податоци било заклучено дека тоа е малку веројатно и дека инфрацрвеното ехо било предизвикано од топлинска емисија на прашина, која се загревала од зрачењето на суперновата за време на избивањето на ударот.[20] Инфрацрвеното ехо е придружено со ехо на расфрлана светлина. Снимениот спектар на оптичкото светлосно ехо докажал дека суперновата е од типот IIb, што значи дека е резултат на внатрешен колапс и насилна експлозија на масивна ѕвезда, најверојатно црвен суперџин со јадро на хелиум, кое ја изгубила речиси целата водородна обвивка. Ова било прво набљудување на светлинското ехо на супернова чија експлозија не била директно забележана што отвора можност за проучување и реконструкција на минатите астрономски настани.[1][6] Во 2011 година, една студија користела спектри од различни положби на светлинското ехо за да потврди дека суперновата на Касиопеја А е несиметрична.[21]

Откривање на фосфор

уреди

Во 2013 година, астрономите откриле фосфор во Касиопеја А, што потврдило дека овој елемент е правен во супернови преку нуклеосинтеза на супернова. Односот фосфор-до-железо во материјалот од остаток од супернова може да биде до 100 пати повисок отколку во Млечниот Пат воопшто.[22]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Krause, Oliver; Birkmann; Usuda; и др. (2008). „The Cassiopeia A supernova was of Type IIb“. Science. 320 (5880): 1195–1197. arXiv:0805.4557. Bibcode:2008Sci...320.1195K. doi:10.1126/science.1155788. PMID 18511684.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Fesen, Robert A.; Hammell, Molly C.; Morse, Jon; Chevalier, Roger A.; Borkowski, Kazimierz J.; Dopita, Michael A.; Gerardy, Christopher L.; Lawrence, Stephen S.; Raymond, John C.; van den Bergh, Sidney (јули 2006). „The expansion asymmetry and age of the Cassiopeia A supernova remnant“. The Astrophysical Journal. 645 (1): 283–292. arXiv:astro-ph/0603371. Bibcode:2006ApJ...645..283F. doi:10.1086/504254. S2CID 8999768.
  3. 3,0 3,1 Stover, Dawn (2006). „Life in a bubble“. Popular Science. том 269 no. 6. стр. 16.
  4. Banich, Howard (декември 2014). „A visual guide to the Cassiopeia A supernova remnant“. Sky & Telescope.
  5. Ryle, M.; Smith, F. G. (18 септември 1948). „A new intense source of radio-frequency radiation in the constellation of Cassiopeia“. Nature. 162 (4116): 462–463. Bibcode:1948Natur.162..462R. doi:10.1038/162462a0.
  6. 6,0 6,1 Fabian, Andrew C. (2008). „A blast from the past“. Astronomy. Science. 320 (5880): 1167–1168. doi:10.1126/science.1158538. PMID 18511676.
  7. Ashworth, W. B. (1980). „A Probable Flamsteed Observation of the Cassiopeia a Supernova“. Journal for the History of Astronomy. 11: 1. Bibcode:1980JHA....11....1A. doi:10.1177/002182868001100102.
  8. Ashworth, William B. (февруари 1980). „A Probable Flamsteed Observation of the Cassiopeia a Supernova“. Journal for the History of Astronomy (англиски). 11 (1): 1–9. Bibcode:1980JHA....11....1A. doi:10.1177/002182868001100102. ISSN 0021-8286.
  9. Hughes, D.W. (1980). „Did Flamsteed see the Cassiopeia A supernova?“. Nature. 285 (5761): 132–133. Bibcode:1980Natur.285..132H. doi:10.1038/285132a0.
  10. Oullette, Jennifer. „Did supernova herald the birth of a king?“. Discovery.com. Архивирано од изворникот на 29 септември 2012. Посетено на 15 септември 2024.
  11. 11,0 11,1 Baars, J.W.M.; Genzel, R.; Pauliny-Toth, I.I.K.; Witzel, A. (1977). „The absolute spectrum of Cas A; an accurate flux density scale and a set of secondary calibrators“. Astronomy and Astrophysics. 61: 99. Bibcode:1977A&A....61...99B.
  12. Bowyer S, Byram ET, Chubb TA, Friedman H (1965). „Observational results of X-ray astronomy“. Во Steinberg JL (уред.). Astronomical Observations from Space Vehicles, Proceedings from Symposium No. 23 Held in Liege, Belgium, 17 to 20 August 1964. Astronomical Observations from Space Vehicles. 23. Меѓународен астрономски сојуз. стр. 227–239. Bibcode:1965IAUS...23..227B.
  13. „Observations of cosmic X-rays“. Astrophysical Journal. 143: 203–17. 1966. Bibcode:1966ApJ...143..203F. doi:10.1086/148491.
  14. „Cosmic X-ray sources, galactic and extragalactic“. Science. 152 (3718): 66–71. април 1966. Bibcode:1966Sci...152...66B. doi:10.1126/science.152.3718.66. PMID 17830233.
  15. „Distribution and variability of cosmic X-ray sources“. Science. 156 (3773): 374–8. април 1967. Bibcode:1967Sci...156..374F. doi:10.1126/science.156.3773.374. PMID 17812381.
  16. Webber, W.R. (декември 1968). „X-ray astronomy-1968 vintage“. Proceedings of the Astronomical Society of Australia. 1 (4): 160–164. Bibcode:1968PASA....1..160W. doi:10.1017/S1323358000011231.
  17. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур http://simbad.u-strasbg.fr/simbad/sim-basic?Ident=HD+20794. Отсутно или празно |title= (help) (англиски)
  18. Elshamouty, K.G.; Heinke, C.O.; Sivakoff, G.R.; Ho, W.C.G.; Shternin, P.S.; Yakovlev, D.G.; Patnaude, D.J.; David, L. (2013). „Measuring the cooling of the neutron star in Cassiopeia A with all Chandra X-Ray Observatory detectors“. Astrophysical Journal. 777 (1): 22. arXiv:1306.3387. Bibcode:2013ApJ...777...22E. doi:10.1088/0004-637X/777/1/22.
  19. Krause, Oliver; Rieke, George H.; Birkmann, Stephan M.; Le Floc'h, Emeric; Gordon, Karl D.; Egami, Eiichi; Bieging, John; Hughes, John P.; Young, Erick T. (јуни 2005). „Infrared Echoes near the Supernova Remnant Cassiopeia A“. Science (англиски). 308 (5728): 1604–1606. arXiv:astro-ph/0506186. Bibcode:2005Sci...308.1604K. doi:10.1126/science.1112035. ISSN 0036-8075. PMID 15947181.
  20. Dwek, Eli; Arendt, Richard G. (октомври 2008). „Infrared Echoes Reveal the Shock Breakout of the Cas A Supernova“. Astrophysical Journal (англиски). 685 (2): 976–987. arXiv:0802.0221. Bibcode:2008ApJ...685..976D. doi:10.1086/589988. ISSN 0004-637X.
  21. Rest, A.; Foley, R. J.; Sinnott, B.; Welch, D. L.; Badenes, C.; Filippenko, A. V.; Bergmann, M.; Bhatti, W. A.; Blondin, S. (мај 2011). „Direct Confirmation of the Asymmetry of the Cas A Supernova with Light Echoes“. Astrophysical Journal (англиски). 732 (1): 3. arXiv:1003.5660. Bibcode:2011ApJ...732....3R. doi:10.1088/0004-637X/732/1/3. ISSN 0004-637X.
  22. Koo, B.-C.; Lee, Y.-H.; Moon, D.-S.; Yoon, S.-C.; Raymond, J.C. (2013). „Phosphorus in the young supernova remnant Cassiopeia A“. Science. 342 (6164): 1346–1348. arXiv:1312.3807. Bibcode:2013Sci...342.1346K. doi:10.1126/science.1243823. PMID 24337291.

Надворешни врски

уреди