Диња
Диња | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Нерангирано: | Angiosperms |
Нерангирано: | Eudicots |
Нерангирано: | Rosids |
Ред: | Cucurbitales |
Семејство: | Cucurbitaceae |
Род: | Cucumis |
Вид: | C. melo |
Подвид: | C. melo subsp. melo |
Сорта: | C. melo var. cantalupensis |
Триномен назив | |
Cucumis melo var. cantalupensis[1] Naudin | |
Синоними | |
Cucumis melo var. reticulatus Naudin[1] |
Дињата е едногодишна билка. Припаѓа на фамилијата Cucurbitacae, каде припаѓаат и лубеницата, тиквата и краставицата.
Потекло
уредиДињата по потекло е од Азија и Африка. Се култивира и користи како храна повеќе од 4000 години.
Плод
уредиПлодот на дињата е жолтопортокалов, сочен, со благ вкус и карактеристична арома. За јадење е добра потполно зрела диња. Дињата се јаде свежа, исечена на парчиња и е одлично освежување во летните месеци. Но, од дињата се прават и овошни салати, компоти, џемови, сокови. Се користи плодот, коренот и семето.
Хранлива вредност
уредиХранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 141 kJ (34 kcal) |
8,16 г | |
Шеќери | 7,86 г |
Влакна | 0,9 г |
0.19 г | |
0,84 г | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) | (21 %) 169 μг(19 %) 2.020 μг26 μг |
Тиамин (Б1) | (4 %) 0,041 мг |
Рибофлавин (Б2) | (2 %) 0,019 мг |
Ниацин (Б3) | (5 %) 0,734 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (2 %) 0,105 мг |
Витамин Б6 | (6 %) 0,072 мг |
Фолна кис. (Б9) | (5 %) 21 μг |
Холин | (2 %) 7,6 мг |
Витамин Ц | (44 %) 36,7 мг |
Витамин К | (2 %) 2,5 мг |
Минерали | |
Калциум | (1 %) 9 мг |
Железо | (2 %) 0,21 мг |
Магнезиум | (3 %) 12 мг |
Манган | (20 %) 0,41 мг |
Фосфор | (2 %) 15 мг |
Калиум | (6 %) 267 мг |
Натриум | (1 %) 16 мг |
Цинк | (2 %) 0,18 мг |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Плодот на дињата содржи 95% вода, 1% белковини, 5,5% шеќери, 1 грам растителни влакна, лимонска киселина, етерични масла. Од витамини содржи многу каротин (2000 милиграми), витамини од групата Б и витамин Ц. Од минерали, дињата е богата со
- калиум (320 милиграми),
- фосфор,
- магнезиум,
- калциум,
- железо,
- цинк
- бакар.
Дињата содржи висок процент вода и многу малку калории. Како и другото овошје, дињата не содржи масти и холестерол. Енергетската вредност во 100 gr диња изнесува '24 kcal.' Во семето на дињата има вода, водородни соединенија, фитини и масни киселини.
Употреба
уредиНиту едно друго овошје не е покарактеристично за летниот период повеќе од лубеницата. Таа е одличен извор на калиум, но дињата содржи скоро трипати повеќе калиум од лубеницата. Својата портокалово-жолтеникава боја, дињата ја добива од бета-каротинот, кој е моќен антиоксиданс. Бета каротинот помага во борбата против ракот, а според некои последни истражувања се користи и во лечење на други типови на злоќудни болести.Затоа, дињата се смета дека е и антиканцерогено овошје.
- Дињата помага при лекување на разни болести, но и при заштита на кожата од изгореници.
- Во народната медицина дињата се користи за смирување и освежување. Водата и калиумот од ова овошје ја подобруваат работата на бубрезите и помагаат во отстранувањето на штетните материи од организмот.
- Дињата е природен лек за детоксикација на организмот.
- Дињата во народната медицина се користи и против камен во бубрег, при убод од инсекти и изгореници, при заболувања на желудникот и цревата. Помага при воспаление на жолчните и мочните патишта, при пореметено варење на храната.
- Сокот од диња, поради големата количина на антиоксиданси, му помага на организмот да се бори против штетните слободни радикали, кои ја оштетуваат кожата. Дињата и сокот од дињата штитат и од сончеви изгореници.
- Облози од сок од диња се користат за намалување на болката. На болното место се ставаат облоги од исцеден сок од диња или од изрендана диња.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ 1,0 1,1 „Taxon: Cucumis melo L. subsp. melo var. cantalupensis Naudin“. Germplasm Resources Information Network (GRIN). United States Department of Agriculture, Agricultural Research Service, Beltsville Area. Архивирано од изворникот на 2014-12-09. Посетено на 2010-12-09.