Каменица (бугарски: Каменица) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]

Каменица
Каменица is located in Бугарија
Каменица
Каменица
Местоположба во областа
Каменица во рамките на Пиринска Македонија
Каменица
Местоположба на Каменица во Општина Струмјани и Благоевградската област
Координати: 41°39′N 23°10′E / 41.650° СГШ; 23.167° ИГД / 41.650; 23.167
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСтрумјани
Површина
 • Вкупна7,485 км2 (2,890 ми2)
Надм. вис.&10000000000000191000000191 м
Население (2024)
 • Вкупно165 [1].
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2828

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Во текот на XIX век, селото било населено со муслимани и христијани и било во составот на Петричката каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Каменица (Kaménitsa) имало 16 домаќинства со 40 жители муслимани и 245 Македонци.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 220 жители, сите Турци.[4]

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Географија

уреди

Селото Каменица се наоѓа на околу 40 километри јужно од реонскиот центар Благоевград, на околу 4 километри западно-северозападно од општинскиот центар Струмјани и на околу 14 километри северозападно од градот Сандански. Се наоѓа во југоисточното подножје на Малешевските Планини, на околу километар од десниот (западен) брег на реката Струма.

Надморската височина се издига од околу 160 m на источниот дел на селото до околу 220 m на западниот дел, а во центарот кај црквата „Свети Пантелејмон“ е околу 190 m.

На исток од Каменица поминува Републичкиот пат III-1082 од трета класа, кој води кон север преку селата Горна Крушица и Сливница до градот Кресна, а на југ - до селото Микрево, поврзувајќи го со автопатот Струма и - надвор од реката Струма - со првокласниот Републички пат I-1 (дел од Европскиот пат Е79) и село Струмјани. Западно од Каменица води општински пат до селата Крпелево и Вракуповица.

Атарот на селото Каменица се граничи со атарите на: селото Горна Крушица северозападно и северно; селото Илинденци на исток; селото Микрево на југ; селото Крпелево на запад.

Население[5][6]

уреди
Население на Каменица по попис[6]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
Жители 179 218 297 381 335 259 208 155 105
Население по возраст
од 2011 година
[7]:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[8]

Број на население
Вкупно 105
Бугари 104
Турци -
Роми -
Останати -
Не се определиле -
Без одговор 1

Наводи

уреди
  1. www.grao.bg
  2. Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. 6,0 6,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Каменица, общ. Струмяни, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  7. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  8. Попис на населението од 2011 година