Струма (автопат)
Струма (бугарски: Автомагистрала „Струма“) е автопат во Бугарија, која го поврзува автопатот Љулин преку Даскалово во близината на градот Перник со граничниот премин „Кулата-Драготин“ и на тој начин се обезбедува патна врска на Софија со Егејска Македонија во денешна Грција.
Трасата на идниот автопат е со приближна должина од 156 километри во правец на патот Е79 и е дел од европскиот транспортен коридор 4. За автопатот има прединвестициони истражувања со утврдена траса, со исклучок на делот во Кресненската Клисура. Во овој регион изградбата е проблематична, бидејќи автопатот се планира да помине низ една од најважните заштитени територии на биоразновидноста во Бугарија.
Завршени делници
уредиНа 31 јануари 2007 година била отворена првата делница од автопатот, која била со должина од 19 км од Драгичево до Долна Дикања. Автопатот е со габарит од 29 метри, со 2 ленти од по 11,50 метри, со активни 2 ленти и итна лента и има вредност од 54 милиони евра.
Планирани делници
уредиОстатокот од автопатот, кој треба да биде изграден, е поделен на четири дела. Изградбата на 1 и 4 дел се очекува да започне во јуни/јули 2011 година. [1] Финансирањето е овозможено од Европската унија, но деловите 1, 2 и 4 ќе бидат финансирани по оперативната програма „Транспорт“ 2007-2013 (бугарско кофинансирање) и имаат вкупна вредност од 250 милиони евра.
Наводи
уреди- ↑ Инж. Василка Костадинова (2010-12-17). „Извештај за подготовка и спроведување на сообраќајните инфраструктурни проекти, вклучени во Оперативната програма "Транспорт" 2007-2013. Приоритетна оска II“. ОП "Транспорт. Архивирано од изворникот на 2014-12-22. Посетено на 2010-12-21.
Надворешни врски
уреди„Струма (автопат)“ на Ризницата ? |
- ОП Транспорт 2007-2013 - АМ „Струма“ Архивирано на 22 декември 2014 г. (бугарски)