Избишта (Драмско)

поранешно село во Драмско, Егејска Македонија

Избишта (грчки: Αγριοκερασιά, Агрокерасија; до 1927 г. Ίζμιστα, Измиста[1]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[2]

Избишта
Αγριοκερασιά
Избишта is located in Грција
Избишта
Избишта
Местоположба во областа
Избишта во рамките на Неврокоп (Егејска Македонија)
Избишта
Местоположба на Избишта во Неврокоп и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°27.0′N 24°4.0′E / 41.4500° СГШ; 24.0667° ИГД / 41.4500; 24.0667
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски
ОпштинаНеврокоп
Надм. вис.&10000000000000700000000700 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во историско-географската област Чеч, речиси на самата граница со Пиринска Македонија во Бугарија. Лежи на околу 4 км јужно од Годешево во Неврокопско одејќи по црни патишта. На запад се граничи со реката Места и Ракиштен, на југ со Витово, на исток со реката Доспат, а на север со Годешево преку границата.

Историја

уреди

Антика

уреди

Источно од селото во месноста Градиште (Циропаљ) има остатоци од стари ѕидини на римска тврдина која го контролирала влезот во Никопол на Места од југ.[3]

Во Отоманското Царство

уреди

Во скратен регистар на ливата Паша од 1519 г. селото Избишта (Избиште) е запишано вака — муслимани: 2 домаќинства; немуслимани: 50 домаќинства, ергени - 7, вдовици - 3.[4] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1524-1537 г. за селото Избишта (Избиште) са регистрирани муслимани: 35, [до крајот на редот нечитлив текст].[5] Во скратен регистар од 1530 г. селото Избишта (Избиште) се води со муслимани: 5 домаќинства; немуслимани: 67 домаќинства, ергени - 12; вдовици - 4.[6] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. даночно обврзаното население е претставено вака: муслимани - 14 семејства и 10 ергени; немуслимани - 28 семејства, 24 ергени и 2 вдовици.[7] Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската каза за 1723 г. за селото Избишта (Избиште) има 32 муслимански домаќинства, од кои 1 на спахија на тимар и едно на сеид (потомок на Мухамед од ќерка му Фатима).[8] Ова дава претстава за тоа кога населението било исламизирано.

Во XIX век Избишта било муслиманско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Избиште (izbischté) било село со 68 домаќинства на 190 жители Македонци-муслимани.[9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Избишта било село со 440 Македонци-муслимани[10][11] кои живееле во 60 куќи.[12] Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Избишта имало 214 мажи Македонци-муслимани кои живееле во 68 куќи.[13]

Во Грција

уреди

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По податоци на Бугарската егзархија, кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Избишта живееле 126 семејства со вкупно 584 лица.

По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Според грчка статистика во 1913 г. Избишта (Ίσμπιστα) имало 650 жители.[14] Во 1920 г. во селото се попишани 584 жители.[2]

Во 1923 г. Избишта имало 100 куќи со 580 жители.[3] Истата година жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени 126 грчки колонисти од Турција (37 семејства).[15] Во 1927 г. селото е преименувано во Агриокерасија[16] што значи „вишна“. Во 1928 г. селото имало 166 жители, а во 1940 г. броело 160 лица.

Селото е повторно иселено за време на Граѓанската војна, и потоа не било обновено.[2]

Наводи

уреди
  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 165. ISBN 9989-9819-5-7.
  3. 3,0 3,1 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 12.
  4. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 62. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  5. Радушев, стр. 108-109
  6. Радушев, стр. 129
  7. Стоjановски, Александар (2007). Турски документи за историjата на Македониjа. Опширен пописен дефтер за Паша санџакот (казите Драма, Кавала, Серез и Неврокоп) од 1569/70 година, том X, книга 2. Скопjе: Државен архив на Република Македониjа. стр. 581–583. ISBN 978-998-962-264-9. OCLC 645308759.
  8. Радушев, стр. 246-247
  9. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 130–131. ISBN 954-8187-21-3.
  10. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  11. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 195. ISBN 954430424X.
  12. Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. „Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“. Избрани произведения. Том I. София: Наука и изкуство. стр. 274.
  13. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (70/100/16)|format= бара |url= (help) (II. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 111. ISBN 954-9308-51-0.
  14. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 – Μακεδονία“ (грчки). Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 4 май 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  15. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  16. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012