Загуш
Загуш (грчки: Ζάγγους, Зангус) — поранешно село во Зихненско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Просечен во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало во јужните падини на планината Штудер, југоисточно од Калапот и северозападно од селото Кобалишта, под чија општина спаѓало, на надморска височина од 315 м.[1]
Во минатото, тоа се сметало за едно од шестте маала на Чали Баши, заедно со соседните села Буџак, Доспат, Мезе, Пашина и Џами Маала.[2]
Историја
уредиВо XIX век Загуш било турско село во Драмската каза на Драмскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Загуш имало 440 жители Турци.[3]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи настрадало за време на војните, селото се води како напуштено во пописот од 1913 година, додека во 1920 г. броело 317 жители. Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Селото не било обновено и во 1928 г. било избришано од евиденција.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. И дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 163.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 201.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 198. ISBN 954430424X.