Кобалишта

село во Драмско, Егејска Македонија

Кобалиште (грчки: Κοκκινόγεια, Кокиногија, до 1927 Κουμπάλιστα, Кубалиста) — село во околината на градот Драма во Егејска Македонија, Република Грција.

Кобалиште
Кобалиште во рамките на Егејска Македонија
Кобалиште
Местоположба на Кобалиште во Егејска Македонија
Кобалиште на карта

Карта

Координати 41°11′N 23°56′E / 41.183° СГШ; 23.933° ИГД / 41.183; 23.933
Население 600 жит.
(2021)
Шифра во ЕЛСТАТ 0205010601

Географија и местоположба

уреди

Селото Кобалиште се наоѓа западно од градот Драма и само пет километри западно од Просечен, сместено на надморска височина од 140 метри[1]. Всушност, селото Кобалишта се состоело од четири маала, и тоа од Дервен, Патилјам, Каљко и Таксијахре[1]. Низ селото минува суводолицата Сушица (Куручај), која доаѓа од Руждене.[2]

Историја

уреди

Во минатото, селото Кобалиште било населено со мешовито македонско, турско и ромско население, при што во статистиките на К’нчов од 1910 се споменува со 350 Македонци, 360 Турци и 20 Роми, додека Бранков го искачува бројот на Македонците на 440 жители[1]. По принудното иселување на Турците во 1923 година во Турција по сила на Лозанската конвенција тука биле сместени 219 бегалски семејства со вкупно 879 жители, така што селото повторно станало мешано[1], овој пат и со грчко население.

Потекло и значење на името

уреди

Името на селото Кобалиште најверојатно доаѓа од македонскиот збор кобел на местниот говор кобал со значење 'дрвен сад со долгнавесто дно за чување вода, млеко, кајмак и др. што може да се поврзе со изгледот на местоположбата каде што е сместено селото. Според Јордан Н. Иванов името веројатно е патронимично име од личното име *Кобил, од *ковил, од *копил(е). Но може да се претпостави дека доаѓа и од кобила (заради обликот Кобилица, сличен со местното име Кобилица на Шар Планина), а на тукашното место поради крстосување с грчкото καβάλλης, работен коњ од латинското caballus.[3]

Стопанство

уреди

Во селото се произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а населението делумно се занимава и со сточарство[4].

Население

уреди

Во пописот од 1913 година селото е евидентирано само со 887 жители, додека во 1920 година Кобалиште имало 805 жители. По населувањето на бегалските семејства во 1928 се води со 1341 жител, во 1940 имало 1786, во 1951 со 1335, во 1961 со 1308, за да опадне во 1971 на 812, во 1981 на 712, а во 1991 се намалило на 684 жители. Осетното намалување на бројот на населението по шеесеттие години се должи на масонвото иселување во поголемите градови[4].

години население
1928 1341
1940 1786
1951 1335
1961 1308
1971 812
1981 712
1991 684
2001 600

Општествени установи

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Најголемиот дел од македонското население се иселило во Бугарија, а муслиманското во Турција, додека осетното намалување на бројот на населението по шеесеттите години се должи на масонвото иселување во поголемите градови.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 172. ISBN 9989-9819-4-9.
  2. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 147, 201.
  3. Иванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 103.
  4. 4,0 4,1 Симовски, Тодор (1998). „Драмска околија“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 172.

Надворешни врски

уреди