Жервохор (Нигритско)

село во Нигритско, Егејска Македонија

Жервохор (грчки: Ζερβοχώρι, Зервохори) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 75 жители (2021).

Жервохор
Ζερβοχώρι
Жервохор is located in Грција
Жервохор
Жервохор
Местоположба во областа
Жервохор во рамките на Визалтија (општина)
Жервохор
Местоположба на Жервохор во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°52′N 23°36′E / 40.867° СГШ; 23.600° ИГД / 40.867; 23.600
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаТахино
Надм. вис.&10000000000000170000000170 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно75
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено во Серското Поле, југоисточно од Нигрита и околу 2 км југоисточно од Хункос, на надморска височина од 170 м.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Жервохор било грчко село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Жервохор (Gervohor) имало 30 домаќинства и 100 жители Грци.[3]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Жервохор, село кое некогаш цветаше, сега лежи во урнатини; на 14 час на исток од Хункос. 10 грчки куќи.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Жервохор имало 120 жители Грци.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Зервохор (Zervohor) имало 160 жители Грци и во селото работело грчко училиште.[6]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 146 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 284 лица. Во 1923 г. во Жервохор се доведени 2 бегалски семејства (вкупно 9 бегалци).[2]

Стопанство

уреди

Населението одгледува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[2]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 327 302 309 205 173 167 117 87 75
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1924 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 7,7 квадратни километри.[2] Општината Жервохор била приклучена во општината Тахино во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.

Селото припаѓа на општинската единица Тахино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Жервохор, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 234.
  3. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
  4. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 846.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 180. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  7. „Ιερός Ναός Ἁγίου Αντωνίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 јуни 2024.