Еузебиуш Смоларек
Еузебиуш "Еби" Смоларек (полски: Euzebiusz "Ebi" Smolarek; роден на 9 јануари 1981 година) — полски фудбалски тренер и поранешeн играч, кој играл на позицијата напаѓач.
Еузебиуш Смоларек | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 9 јануари 1981 | ||
Роден во | Лоѓ, Полска | ||
Висина | м | 1,78||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 2013 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2000–2005 | Фејенорд | 68 | (12) |
2005-2007 | Борусија Дортмунд | 81 | (25) |
2007–2008 | Расинг Сантандер | 34 | (4) |
2008-2009 | → Болтон | 12 | (0) |
2009-2010 | Кавала | 15 | (3) |
2010-2011 | Полонија Варшава | 23 | (7) |
2011-2012 | Ал-Хор | 10 | (3) |
2012 | АДО Ден Хаг | 12 | (2) |
2012-2013 | Јагелонија | 20 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2002-2010 | Полска | 47 | (20) |
Раководител на екипите | |||
2014 | Фејенорд (младинци) | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Тој е син на поранешниот фудбалер Влоѓимјеж Смоларек. Името го добил по славниот португалски фудбалер Еузебио.
Клупска кариера
уредиСмоларек израснал во Холандија, каде неговиот татко играл и работел како тренер. Тој играл во младинските категории на Фејенорд, а во 2000 година го направил своето деби за првиот тим. Со Фејенорд го освоил Купот на УЕФА во сезоната 2001-02 и одиграл 68 првенствени натпревари пред да замине во Борусија Дортмунд во јануари 2005 година. Во првите шест месеци од 2005 година, тој постигнал три гола, додека на крајот на следната сезона (2005-2006) — најдобар стрелец на жолто-црните во Бундеслигата, со 13 гола. Во својата последна сезона со Борусија постигнал 9 гола. Во летото 2007 се преселил во шпанскиот Расинг Сантандер, додека следната година тој бил позајмен на англискиот премиерлигаш Болтон. Тој се врати во Расинг, на 10 август 2009 по што го раскинал договорот со шпанскиот клуб.[1]
По враќањето во Полска, каде одиграл две сезони, имал авантура во Катар со екипата на Ал-Хор една сезона, па се вратил во Холандија каде играл за АДО Ден Хаг.[2] Кариерата ја завршил после една сезона во Јагелонија.
Во својата кариера трипати бил избран за Најдобар фудбалер на годината во Полска и тоа три години по ред во 2005, 2006 и 2007.
Репрезентативна кариера
уредиПрвиот повик во полската репрезентација го добил во 2002 година. Тој ја претставувал Полска на Светското првенство 2006 во Германија, но не успеал да го постигне гол.
Смоларек бил најдобриот стелец на Полска во квалификациите за Европското првенство 2008 постигнувајќи девет гола, еден повеќе од португалската ѕвезда Кристијано Роналдо. Смоларек постигнал хет-трик против Казахстан во Варшава. Тој ги одиграл сите натпревари за својата репрезентација на Европското првенство во Австрија и Швајцарија, но Полска била елиминирана уште во фазата по групи.
Интересно е тоа што, тој бил првиот полјак кој успеал да постигне гол против Португалија во последните 20 години, а последниот играч од Полска кој и дал гол на Португалија бил неговиот татко. Тој ги постигнал двата гола во победата со 2-1 во квалификациите за ЕП 2008.[3]
На 1 април 2009, Смоларек постигнал четири гола против Сан Марино. Со тоа тој бил прв стрелец во третата квалификациска група и на делба на второто место со Весли Сонк од Белгија на списокот на стрелците во Европската зона од квалификациите за Светско првенство 2010.
Најмногу голови на еден натпревар
уреди4. гола
уреди1 април 2009 Квал. за СП 2010 | Полска | 10 – 0 | Сан Марино | Арена Келце, Келце |
---|---|---|---|---|
20:30 ЦЕВ |
Богуски 1', 27' Смоларек 18', 60', 72', 81' Р. Левандовски 43' Јелен 51' М. Левандовски 63' Сагановски 88' |
Извештај | Судија: Алексеј Кулбаков (Белорусија) |
3. гола
уреди15 октомври 2005 Бундеслига | Кајзерслаутерн | 3 – 3 | Борусија Дортмунд | Стадион Фриц Валтер, Кајзерслаутерн |
---|---|---|---|---|
15:30 ЦЕВ |
Алтинтоп 13', 57', 78' | Извештај | Смоларек 7', 16', 40' | Судија: Питер Зипел |
13 октомври 2007 Квал. за ЕП 2008 | Полска | 3 – 1 | Казахстан | Пепси Арена, Варшава |
---|---|---|---|---|
20:30 ЦЕВ |
Смоларек 55', 64', 65' | Извештај | Бјаков 20' | Судија: Еспен Бернтсен (Норвешка) |
Титули
уредиФејенорд
уреди- Куп на УЕФА : 2001–2002
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ (шпански) Acuerdo entre el Racing y Smolarek para resolucion contractual Архивирано на 15 август 2009 г., realracingclub.com
- ↑ ADO Den Haag versterkt zich met Ebi Smolarek | ADO Den Haag
- ↑ „Poland 2–1 Portugal: Smolarek stuns Portugal“. espn.go.com. 7 October 2006. Архивирано од изворникот на 2012-10-21. Посетено на 15 November 2007.