Ерик Придз
Ерик Придз (анг: Eric Prydz) (роден на 19 јули, 1976 во Стокхолм) е познат шведски диџеј и продуцент кој моментално живее и работи во ЛА. Претходно, во Лондон 2003та, ја создава својата прва музичка издавачка куќа Mouseville Records, на која издава своја продукција под псевдонимот Cirez D со техно стил. Сопственик е и на Pryda Recordings (издава под Pryda), и Pryda Friends (создадена за неговите пријатели и идни диџеи).
Ерик Придз Eric Prydz | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Ерик Шеридан Придз Eric Sheridan Prydz |
Роден(а) | 19 јули 1976 Стокхолм, Шведска |
Потекло | Табу, Стокхолм, Шведска |
Жанрови | Електро |
Занимања | Продуцент, диџеј |
Инструменти | Клавијатури, гитара, тапани |
Период на активност | 1995 - сѐ уште |
Издавачи | Mouseville Records, Pryda Recordings, Pryda Friends |
Соработници | Swedish House Mafia, Dukes of Sluca (со Andreas Postl), AxEr (со Аксвел), A&P Project (со Стив Анџело) |
Мреж. место | ericprydz.tv |
Изговорањето на неговото презиме (анг. Prydz) отсекогаш било дискутабилно.
Во октомври, 2011та год. списанието DJ Magazine ги објавува резултатите од Top 100 DJ Poll, каде Ерик се најде на 46тото место.
Приватен живот
уредиВо радио-шоуто A State of Trance, предводено од Армин ван Бурен, во февруари 2011, беше најавено дека Ерик од неодамна станал татко. Има ќерка Леја (анг. Leja), за која подоцна создава и истоимена трака која ќе се најде како 9 по ред на негов компилациски албум.
Дискографија
уредиСо музика се занимава уште од млади години. Музичката кариера му започнува 1999, но 2004 е годината кога го издава својот прв, светски познат, сингл Call on Me, кој ќе се најде на врвот на топ листите во многуте европски земји (спотот за песната, во Австралија, до ден денес го држи првото место на нај даунлоадиран видео запис на сите времиња). Во 2006та, по барање на своите пријатели и обожаватели, го издава и вториот класичен хит, Proper Education (ремикс на песна од Пинк Флојд), за кој добива и номинација на Греми наградите во 2007. На публиката исто така им е познат и по хитот од 2008та, Pjanoo и The Reason (2011). Има настапувано на EXIT во 2006, 2007, 2009 и 2013, а како редовен гостин врти музика и во клубот Tonight во Amnesia, Ибица.
Албуми
уредиВо март 2012та година, на својот Фејсбук и Твитер профил, Ерик објавува дека долгоочекуваниот "Eric Prydz Presents Pryda" албум ќе биде, конечно, издаден на 21 мај и ќе се состои од нови и, до сега, неиздадени Pryda продукции (вклучувајќи ги и Shadows, Agag, Mighty Love, Allein и својот интро едит од Pjanoo).
Веднаш по издавањето на албумот (колекција од негови неиздадени и нови продукции, како и двочасовен микс од најпознатите издадени песни), Ерик започнува и со своето прво месечно онлајн-радио (музички поткаст кој е слободен за симнување преку iTunes), со цел обожавателите и обожавателите на електронска денс музика да бидат во тек со неговите најнови изработки и секако песни од други артисти, поддржани од Ерик. Поради неговото често патување и презафатеност, до сега се издадени само 13 епизоди.
2014 беше 10-годишнината од функционирањето на Pryda и за таа цел на 4 мај на Фејсбук профилот ја објави долгоочекуваната вест, всушност се работи за PR(10)DA, исто така колекционен албум од неиздадена продукција под Прајда во периодот од јануари 2004 до декември 2014, а сето тоа ќе води до издавање на првиот уметнички музички албум, за кој вели дека бил во изработка во неговата глава многу долго време.
Apple's Music Beats One е новиот поткаст кој започна летото 2015та и редовно се издава на секои две недели. Исто така со негова помош го презентира најновиот музички материјал, како и постари демо снимки од позната, веќе издадена, негова музика.
Официјалниот деби-албум кој е завршен со изработка и требаше да се најде во продавниците во октомври минатата година, се издаде дигитално на 5 февруари и досега се стекна со позитивни критики од обожавателите.
- 2016: OPUS
Компилации
уреди- 2007: DJMagcom Vol.4
- 2012: Eric Prydz Presents PRYDA
- 2015: PR(10)DA Vol I, II и III
Синглови
уреди- 2004: Call on Me
- 2005: Woz Not Woz
- 2006: Remember
- 2007: Proper Education
- 2007: Genesis
- 2008: Pjanoo
- 2011: Niton (The Reason)
- 2012: Every Day
- 2014: Liberate
- 2015: Tether (vs. CHVRCHΞS)
- 2015: Generate
- 2015: Opus
- 2016: Breathe (ft. Rob Swire)
- 2015: Last Dragon