Ени Чифлик (Нигритско)
Ени Чифлик (грчки: Χωραφάκια, Хорфакија; до 1927 г. Γενή Τσιφλίκ, Гени Цифлик[1]) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.
Ени Чифлик Χωραφάκια | |
---|---|
Поглед на остатоците од црквата „Св. Ѓорѓи“ | |
Координати: 40°55′N 23°36′E / 40.917° СГШ; 23.600° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Визалтија |
Општ. единица | Тахино |
Надм. вис. | 40 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото било сместено во Серско Поле, источно од гратчето Нигрита и североисточно од Хункос, во непосредна близина на селото Патрик, на надморска височина од 40 м.[2] Од селото денес е останата само апсидата на црквата „Св. Ѓорѓи“.
Историја
уредиВо XIX век Ени Чифлик било село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Јени-чифлик (Yeni-tchiflik) имало 9 домаќинства и 118 жители Роми.[3]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Ени Чифлик имало 60 жители, сите Македонци.[4][5]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи селото настрадало за време на војните, тоа било евидентирано како напуштена населба во пописите од 1913 и 1920 г.[2] Последен пат се спомнува во пописот од 1928 година, кога броело 19 жители.[6] Подоцна Ени Чифлик бил избришан од евиденција.
Наводи
уреди- ↑ „Διοικητικές Μεταβολές Οικισμών“. ЕЕТАА. Посетено на 23 јуни 2024.
- ↑ 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 234.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
- ↑ Υπουργείο Εθνικής Οικονομίας - Διεύθυνση Στατιστικής (1935). Πληθυσμός της Ελλάδος κατά την Απογραφήν της 15-16 Μαΐου 1928 - Πραγματικός πληθυσμός (PDF). Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 317.