Сашо Огненовски (1964, Битола) — македонски глумец, режисер и писател.

Животопис уреди

Огненовски дипломирал на Факултетот за драмски уметност во Скопје, во 1987 година. Во 2002 година магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, на тема од областа на комуникациите и медиумите. Работел како стручен соработник и професор на Педагошкиот факултет во Битола, и како професор по сценски говор на Меѓународниот славјански институт.[1]

Творештво уреди

Огненовски одиграл повеќе од 100 улоги на сцената на Народниот театар во Битола. Исто така, тој е автор на повеќе книги, како:[1]

  • Лавина (1995)
  • Обична бајка (поезија, 2002)
  • Режисерската семантика на Владимир Милчин (2002)
  • Монографија за Ацо Ѓорчев (2010)
  • Волшебниот компас (поезија, 2011)
  • Тага (драма, 2012)
  • Плодовите на пеколот (2014)
  • Пустински цвет (2015)
  • Тврдина (драми, 2017)

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Објавена книга со драми на Сашо Огненовски“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 17.