Емилија Пардо Басан
Емилија Пардо Басан (шпански: Emilia Pardo Bazán y de la Rua; Галисија, родена на 16 септември 1851 година - Мадрид, починала на 12 мај 1921 година) била најважниот претставник на натурализмот во Шпанија. Нејзин пример бил францускиот натуралист Емил Зола, како и шпанските реалисти Аларкон и Хуан Валера . Напишала бројни романи, критики, есеи, патеписи, претстави, биографии, лирски дела итн. Таа исто така се залагала за правата на жените и нивната позиција во општеството.[1]
Биографија
уредиЕмилија Пардо Басан е потомок на благородно семејство во Галисија кое имало големо влијание во Шпанија. Нејзини родители биле Хосе Марија Пардо-Басан и Москера и Амалија Марија де ла Руа и Фигероа. Нејзиниот татко и обезбедил најдобро можно образование, поттикнувајќи ја нејзината љубов кон литературата. На деветгодишна возраст, таа започнала да покажува голем интерес за пишување. Покрај куќата во која живеела со своето семејство, тие имале уште две - едната близу Сангенхо, мало рибарско село и другата на периферијата на А Коруња. Таа пронашла многу книги во библиотеката на нејзиниот татко. Тогаш таа велела дека нејзините омилени книги се „Дон Кихот“, „Библија“ и „Илијада“. Во куќата сместена во А Коруња ги прочитала делата „Освојување на Мексико“ од Антонио де Солис и „Паралелни животи“ од Плутарх. Таа исто така била воодушевена од книгите за Француската револуција и често патувала во Франција и на тој начин се сретнала со многу истакнати автори, како што е Виктор Иго - на овој начин се поврзала и со европската литература. Кога имала дванаесет години, семејството на Емилија решило да остане во А Коруња во текот на зимата, а за тоа време да ја подучуваат приватни професори. Сепак, таа не се согласила на вакво образование, одбивајќи да го помине своето време на часови по пијано и музика. Наместо тоа, таа го посветила целото свое време на својата вистинска и искрена страст - читањето.[2]
Историско значење
уредиПокрај тоа што била одличен писател, Емилија била неуморен борец не само за пристапот на жените до културата, туку и за нивната општа позиција во општеството и ослободување од инфериорност. Таа била главниот водач на феминистките во 19 век и една од најважните писателки во целата шпанска литература.[3]
Таа исто така била првата жена на столот на Универзитетот во Мадрид. Нејзините романи и есеи покажуваат доза на бунт во исто време. Во делото „Меден месец“ (шпански: Un viaje de novios) [4] таа дискретно, за прв пат, се обидела да го приближи францускиот натурализам до шпанската јавност. Делото ги воодушевило читателите и критичарите.[5] Таа воодушевеност се зголемила кога објавила уште похрабра приказна со наслов „Говорница“ (шпански: La tribuna), во кое влијанието на Емил Зола е многу забележливо.
Емилија се сметала себеси и за натуралистка и за добра католик. За да остане доследна, таа морала на некој начин да го „поправи“ натурализмот. Таа многу го почитувала Зола, но не го прифатила целосно. Таа ги усвоила темата, јазикот и структурата. Она што таа го одбила било суштината што се рефлектирало во акцентот на физиологијата на човечкото тело. Таа дала лична проценка и критика на францускиот натурализам во нејзиното најважно дело „Жешко прашање“ (шпански: La cuestión palpitante),[6] издадена во 1883 година. Ова е структурата на серијата написи што таа претходно ги објавувала во разни списанија. Таа направила еден вид реформа на шпанскиот литературен јазик и литература воопшто.[7]
Творештво
уредиЕмилија Пардо Басан била фантастична авторка, со многу романи и стотици раскази. Нејзината кариера е поделена на неколку литературни периоди, вклучувајќи реализам, натурализам и шпански модернизам, а нејзината работа ги рефлектира промените во вредностите и литературниот стил на крајот на 19-ти и почетокот на 20-та век во Шпанија. Таа исто така пишувала биографии и разни форми на есеи, како и литературна критика и летописи.
Писателите од XIX век, како и многу современи критичари, ја класифицирале Емилија како конзервативна, католичка писателка и ги гледале нејзините есеи од своја перспектива. Басанова ги охрабрила ваквите ставови за нејзините дела, повикувајќи се на католичката вера и традиционалните шпански вредности како основа против обвинувањата за радикализам. Таа била водач на феминистичкото движење и се залагала за ослободување на жените од инфериорност под водство на дарвинизмот и биолошкиот детерминизам. Во 1877 г. таа го напишала делото „Научни рефлексии против дарвинизмот“ и ја продолжила својата критика во есеите што подоцна ги објавила.[8]
Нејзиниот прв роман „Пасквал Лопес“ е објавен во 1879 година и до 1883 година, кога го објавила романот „Говорница“, тој станала предмет на контроверзии. Како и Емил Зола, таа пишувала за обичните луѓе, но во своето критичко дело „Жешко прашање“ таа го отфрлила песимизмот и детерминизмот на француските натуралисти.
„Жешко прашање“ е серија написи објавени помеѓу 1883 година и 1884 година, во која авторката презентирала многу идеи, од кои основни се: рамнотежата помеѓу идеализмот и реализмот, имагинацијата и набудувањето, реализмот како традиционална одлика на шпанската литература која не е туѓа за другите литератури, како што е англискиот, цитирајќи го Шекспир, не ги прифаќала сите идеи на Емил Зола, но од францускиот натурализам го присвоила она што и се чинело позитивно, како што е аналитичкиот и експерименталниот метод заснован врз детално набудување и проучување на општествените појави, со тоа потврдува дека уметноста не треба да служи за моралот, туку да ја рефлектира реалноста. Ова дело имало силна реперкусија во општеството и скандалот што го предизвикало, нејзиниот сопруг да ја замолил да престане да пишува, по што и настапил нивниот разводот во 1884 година.
На патувањата во Франција, 1886 година го запознала Зола и го открила модерниот руски роман, кој ја охрабрил да пишува дело за Руската револуција и романот од 1887 година. Таа продолжила да го пишува и заживува културниот живот на земјата на тврдоглав и неуморен начин, и покрај сите тешкотии. Во 1890 г. нејзиниот татко починал, а таа го искористила своето наследство за да основа списание што го напишала самата - „Нов критички театар“. Таа присуствувала на педагошки конгрес, каде зборувала за нееднаквоста во образованието меѓу мажите и жените. Во 1906 година станала првата жена што претседавала со литературниот дел во мадридскиот Атенеум, и прва што предавала на Универзитетот во Мадрид на Катедрата за литература.
Подоцнежните романи на Емилија биле инспирирани од Достоевски, Толстој и Иван Тургенев. Последните три романи - „Неман“ (1905), „Црна сирена“ (1908) и „Сладок сон“ (1911) се занимаваат со психологијата на религиозните искуства.
Многу нејзини познати есеи се на тема еманципација на жените, исто како што е случајот во есеите „Шпанска жена“ (1907), „Образованието на мажите и жените“ (1892), „Од Љубов и пријателство“ (1892) и „Академско прашање“ (1891).
Најзначајни дела
уреди- Опасносно хоби (1866)
- Меден месец (2006 година)
- Трибина (1883)
- Буколиќ и други романи 1885 (2007)
- Пазос де Улоа 1886 (2006)
- Мајка природа 1887 (1999)
- Морижа 1889 (2007)
- Изолација 1889 (2007)
- Камен темелник 1891 (1989)
- Химера 1895 (1991)
- Сеќавања на еден Солте 1896 (2006)
- Дулче Суео 1911 (1989)
- Авантурата на Исидро 1916 (1980)
- Шпанка и други писатели (1999)
- Мистерија (2000)
- Палпитантната потрага (2000)
- Полициски приказни (2001)
- Приказни за античка Галисија (2001)
- Христијанин (2004)
- Патувања во Шпанија (2006)
- Мевосек од минатото (2006)
- Приказни за летото и есента (2006)
- Божиќ и приказната за трите кралеви (2006)
- Зимски приказни (2006)
- Љубовни приказни (2006)
- Крвави приказни (2006)
- Пролетен волшебник и други приказни (2007)
- Приказни за интригите (2007)
- Спомени на еден ерген (2009)
- Интригни приказни (2009)
- Љубовни песни (2009)
- Божиќни песни (2009)
- Критична работа 1888-1908 (2010)
- Писмата на жените (2013) [9]
Имотот Уљоа
уредиИмотот на Уљоа (шпански: Los pazos de Ulloa) [10] е првиот роман на Емилија Пардо Басан кој е преведен на српски јазик. Дејството се случува во Галисија, за време на Величествената револуција од 1868 година кога група либерални монархисти и републиканци се кренале против Изабела II и ја собориле од власт. Суровиот начин на живот во шпанската ридска област, на богатиот имот во деветнаесеттиот век, е многу реално прикажано.[11]
Дон Педро Москосо бил неинтелигентен аристократ. Деновите ги минувал во лов и опивање. Тој дозволил еден игумен, кој повеќе бил заинтересиран за лов отколку за црквата, да ги води неговите работи. Управникот на имотот, ја користи неговата небрежност и дискретно ја уништува неговата репутација во покраината и го проневерува неговото богатство. Во исто време, Дон Педро се гледал со неговата убава ќерка. Таа работела како слугинка и готвела на имотот. За Дон Педро генерално се смета дека е татко на нејзиниот мал син.
Ангажира нов свештеник за да ги среди своите работи. Отец Јулијан, побожен млад интелектуалец, го убедува својот господар да земе благородна жена. Тој се оженил со девојче од градот по име Нунџа.
Иако е прилично слаба, Нунџа успеала да го преживее породувањето. Таа е класична шпанска сопруга на деветнаесеттиот век, која деновите ги поминувала во ткаење или целосно потоната во мајчинството со цел за момент да го заборави својот несреќен брак. Дон Педро не се грижел за неговата новородена ќерка и дури одбивал да и остави наследство. Тој ја поддржувал идејата дека жените нетреба да имаат право да го наследат престолот или имотот. Отец Јулијан почнал да се сомнева дека физички ја малтретира Нунџа. Таа е невротична и мислела дека постои заговор да ја убијат нејзината ќерка со цел вонбрачниот син на Дон Педро да го наследи целото негово богатство. Љубовта кон неа и нејзиното дете го тера свештеникот да ги спаси и извади од таа опасна куќа.[12]
Спомени од еден ерген
уредиРоманот „Спомени од еден ерген“ (шпански: Memorias de un solterón) [13] е објавен во 1896 година. Емилија ги опишала врските помеѓу мажите и жените од нејзиното време, поставувајќи ги прашањата во врска со феминизмот и пишувала за браковите. На почетокот, романот не бил прифатен доволно. Скоро никогаш не бил прочитано во весниците во кои бил објавуван. Можеби бил под влијание на неговите феминистички теми.[14] Во Шпанија во облик на книга е објавен дури во 1991 година. Емилија Пардо Басан, секако, дала значаен придонес за раѓањето на феминистичката свест во Шпанија во деветнаесеттиот век.[15]
Романот има две приказни кои постојано се испреплетуваат. Во него е опишан животот на Мауро Переха, заколнат ерген, кој се бори против идеологијата на женската слобода и чиј живот е испреплетен со животот на семејството на кое му припаѓа девојчето Феита. Подоцна се вљубува и наоѓа задоволство. Феита Нејра е претставник на идеите на Емилија за еманципацијата на жените. Тоа е девојка која, и покрај тешкотиите, сака да ги постигне своите цели во форма на образование, и која не смета дека нејзината единствена цел е да се омажи и да има деца. Дејството се случува во измислениот град Маринеда, околу 1885 година.
Литература
уреди- Фернандес Кубас, Кристина Емилија Пардо Базан, изданија ОМега, СА, 2001, Плато, 26 - 08006 Барселона
- Фреир Лопес, Ана Марија Емилија Пардо Базан. Образование од детството, Аликанте: Виртуелна библиотека Мигел де Сервантес, 2012 година
- Пардо Базан, Емилија Мајка природа, Едиционис Катерда, СА, 1999 година, Хуан Игнасио Лука де Тена, 15. 28027 Мадрид
- Пардо Базан, Емилија Лос Пазос де Улоа
- Пардо Базан, Емилија Спомени на солтерон
Наводи
уреди- ↑ „Emilia Pardo Bazán, La autora: Biografía“. Посетено на 14 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Biografía“. Посетено на 14 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Escritoras del siglo XIX (IV): Emilia Pardo Bazán“. Посетено на 7 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „The Project Gutenberg EBook of Un viaje de novios, by Emilia Pardo Barzán“. Посетено на 14 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Un viaje de novios“. Посетено на 14 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „La cuestión palpitante“ (PDF). Посетено на 7 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Emilia Pardo Bazán“. Посетено на 14 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Ser escritora en el siglo XIX: posiblemente no sea la mejor opción“. Посетено на 14 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Cuentos de Emilia Pardo Bazán, Biblioteca Digital, Ciudad Seve“. Архивирано од изворникот на 15 април 2014. Посетено на 14 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Los pazos de Uolla, Emilia Pardo Bazán, Biblioteca Digital“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 15 април 2014. Посетено на 14 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Los pazos de Uolla“. Посетено на 14 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Emilia Pardo Bazán Lengua y Literatura, Los pazos de Ulloa“. Посетено на 14 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Memorias de un solterón“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 16 април 2014. Посетено на 7 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Libertad honrada para las mujeres del siglo XIX“. Архивирано од изворникот на 8 април 2014. Посетено на 7 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Pardo Bazán Memorias de un solterón“. Посетено на 7 април 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)