Елена Колева
Елена Колева (Прилеп, 16 мај 1934) — македонски класичен филолог, редовен професор на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје.[1].
Елена Колева | ||
Родена | 16 мај 1934 Прилеп, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | класичен филолог, универзитетска професорка |
Животопис
уредиПроф. д‐р Елена Колева е родена на 16 мај 1934 година во Прилеп. Дипломирала на Филозофско‐филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за класична филологија во 1959 година. Магистрирала 1985 година на Филозофскиот факултет во Скопје, на Групата за историја со магистерската теза „Михаил Псел како извор за историјата на македонскиот народ “. Докторирала 1991 година на Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за општа и компаратив на книжевност со докторската дисертација „Систаса на прагми како поетичко начело“.
Елена Колева од 1960 до 1974 година работи како професор по латински јазик во неколку средни училишта во Скопје. Во 1974 година е избрана за лектор по старогрчки јазик на Катедрата за класична филологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а во 1984 година на истата Катедра е избрана во звањето предавач по старогрчка и римска литература. Во 1991 година д‐р Елена Колева е избрана во звањето доцент по античка литература, во 1995 година се здобива со звањето вонреден професор, а во 2000 година со звањето редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Со својата стручност и доблесност воспитувала и образувала бројни генерации на средношколци. Со своите инспиративни предавања, таа успеала да разбуди интерес за изучувањето на латинскиот јазик и да поттикне иницијативи за проширување и продлабочување на содржините предвидени со програмата.
Научна дејност
уредиСвојата педагошка дејност проф. Елена Колева ја продолжува на Филозофскиот факултет во Скопје на Катедрата за класична филологија, најнапред како лектор по старогрчки јазик, а потоа како професор по античка литература. Во постојните студиски програми и застапените методи на изучување на античката литература проф. Колева внесува значителни промени со што се унапредува изучувањето на оваа област во академскиот простор на Универзитетот. Имено, содржините од античката литература што дотогаш се изучуваа во една редуцирана рамка како историја на старогрчката и историја на римската литература, проф. Колева во рамките на своите предавања ги збогати со многу значајни сознанија од античката поетика и теорија на литературата. Ваквиот пристап ги направи нејзините академски обраќања атрактивни за студенти и од други катедри и институти на Филозофскиот и Филолошкиот факултет. Теориски освестениот пристап кон античката литература проф. Колева го артикулира во иницијатива за поинакво организирање на содржините на овие предмети, имено, за нивно еидолошко сегментирање. Оптималноста на ваквиот пристап кон една сложена и обемна материја набрзо го потврди високиот степен на апсолвирање на овие содржини кај студентите.
Покрај извонредниот и на многу рамништа потврден педагошки и стручен ангажман за унапредување на академската настава во Република Македонија, проф. д‐р Елена Колева со својата научна и преведувачка работа има значаен придонес за збогатување на нашето културно наследство и за проширување на неговите вредносни рамки. Својата долгогодишна преведувачка активност проф. Колева ја насочува главно кон философските дела на Платон. Таа е автор на првите преводи од старогрчки јазик на македонски на следните Платонови дијалози: Одбрана Сократова, Критон, Фајдон, Протагора, Евтифрон, Ион, Политеја, Закони, Гозба. Со овие преводи проф. Колева го промовира овој велик антички философ во македонскиот јазичен простор воспоставувајќи нови стандарди на преведување на античките философски текстови, кои дотогаш биле достапни само во посредувани преводи од други јазици. Новиот преведувачки пристап кон текстовите од античкото философско наследство значи, меѓу другото, настојување на соодветна словенска философска терминологија во македонскиот јазик и негово ослободување од традицијата на латинизмите. Од не помало значење за македонскиот културен простор е и Антологијата на хеленската лирика за која проф. Елена Колева го направи првиот превод на македонски јазик наблизу илјада фрагменти зачувани во разни антологии на хеленските лиричари и го придружи со обемна студија од стотина страници, Ѕоографија на Песната, што претставува релевантен и неизоставен из‐ вор за проучување на хеленската лирика, единствен од ваков вид во нашата академска јавност.
Во научната дејност на проф. д‐р Елена Колева има бројни интелектуални подвизи што отвораат нови простори за истражување во областа на класичната филологија и теоријата на книжевноста. Со својата докторска дисертација Систаса на прагми како поетичко начело таа промовира во македонската теорија една речиси непозната тема од античката поетика и поттикна бројни научни обраќања од оваа област. Нејзиното компетентно филолошко и теориско толкување на оригиналниот текст на Аристотеловата Поетика и посочената апликативност на ваквата анализа врз текстови од античката литература се инспиративни за научни истражувања и во други дисциплини, како што е естетиката, теоријата на литературата, други посебни литератури. За ваквата интелектуална раздвиженост сведочат бројните трудови што се појавуваат во нашата научна јавност со референца на ова бележито дело на проф. Колева.
Како почитуван теоретичар и врвен зналец на античката поетика, таа е вклучена во бројни проекти за истражување на различни аспекти и методолошки концепти на теоријата на литературата и естетиката. Еден од овие ангажмани е и нејзиното учество во изработката на Поимникотна книжевната теорија (МАНУ). Плодната и успешна академска и научна дејност на проф. д‐р Елена Колева се одликува со особен придонес во збогатувањето на македонската јазична ризница со бројни дела од античката философија и литература приложени за прв пат на македонски јазик и со особено значајниот и иновативен научен придонес во отворањето на нови истажувачки области во македонската теорија на полето на класичните науки, теоријата на литературата, теоријата на уметноста и естетиката[2].
Библографија
уреди• 1983 - Платон, Одбраната Сократова, Критон, Фајдон, превод од старогрчки и белешки, Македонска книга, Скопје.
•1984 - ‘Кон „Трагичната катарса“ (Аристотел, Περὶ ποιητικῆς, III, 12)’, ЖА 34.1‐2, 95‐104.
•1985 - ‘Мимесис во поетиките на Хомер и Прличев’, Спектар 6, 109‐118.
•1986 - ‘Мимесис во поетиките на Хомер и Прличев ‘, во: Конески Б. И д-р (уред.), Животот и делото на Григор С. Прличев (Зборник трудови од Симпозиумот посветен на животот и делото на Григор Прличев, одржан од 10 до 11 мај 1985 година во Скопје), Институт за литература, Филолошки факултет, 138‐145.
•1987 - ‘Гносеолошкиот комплекс на Ојдип ,Стремеж 31.1‐2, Скопје, 27‐ 32.
•1988 - ‘Михаил Псел како извор за историјата на македонскиот народ’, во: Мошин В. и Славева Л. (уред.), Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, том V, Институт за истражување на старословенската култура, Прилеп, 25‐120.
•1989 - ‘Семиотичноста на Теофилактовиот Логос‘, во: Матевски М и др. (уред.), Климент Охридски и улогата на Охридската книжевна школа во развитокот на словенската просвета (материјали од научен собир одржан во Охрид од 25 до 27 септември 1986 година), Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 91‐95.
•1990 -Платон, Одбраната Сократова, Критон, Фајдон, превод од старо‐ грчки јазик, белешки (заедно со В. Томовска), Култура, Скопје.
• ‘Coincidentia oppositorum’, во: Софокле, Антигона, Филоктет, препев од старогрчки Љубинка Басотова, Мисла, Скопје, 5‐20.
• ‘Потрага по обликот на Еразмоʹ, во: Еразмо Ротердамски, Пофалба на глупоста, превод од латински Љ. Басотова, Култура, Скопје, 165‐209.
•1991 - ‘Симонидовиот тетрагон или антролополошка симетрија како совршенство на суштествувањето“, во: Илиевски П. Хр. и Митевски В. (уред.), Грчко‐римска антика во Југославија и на Балканот (Прилози од 5‐тиот Научен собир на Сојузот на друштвата на антички студии на Југославија, одржан во Скопје од 26 до 29 септември 1989 год.), ЖА Посебни изданија IX, Скопје, 115‐119.
• ‘Превод како илузионистичко мајсторство“, во: Софокле, Ојдип тиранин, Ојдип на Колон, препев од старогрчки Д. Чадиковска, Мисла, Скопје, 5‐25.
• ‘Прилог кон античката теорија на поетиката“, Спектар 17, 99‐104.
•1992 - Систаса на прагми како поетичко начело, Ѓурѓа, Скопје, 1992.
• ‘Прилог кон античката поетика: Баумгартен и неговите филозофски медитации за некои аспекти на поетското делоʹ, ГЗбФф 45, 167‐172.
•1993 - ‘Топика на миметичка идеалност и хероизам во поетскиот облик Скендербејʹ, Културен живот 38.2, 3‐6.
•1994 - Платон, Дијалози: Протагора, Евтифрон, Ион, превод од старогрчки, предговори, белешки и објаснувања, Култура, Скопје.
• ‘Мимеса ‐ суштина на уметноста‘, Културен живот 39.1, 7‐9.
• ‘Апологија на обликот‘, Културен живот 39.4‐5, 41‐44.
• ‘Топика на миметичка идеалност и хероизам во поетскиот облик Скендербеј‘, во: Спасов А. и др. (уред.) Животот и делото на Григор Прличев (Зборник трудови од Научен собир одржан во Скопје на 21 и 22 април 1993 година), Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 145‐150.
•1995 ‘[[Квинт Хоратиј Флак’, во: Квинт Хоратиј Флак, За поетската уметност, препев од латински Љ. Басотова, Мисла, Скопје, 5‐39.
• ‘Уште неколку белешки за Еврипид‘, во: Еврипид, Хиполит,
•Ифигенеја во Авлида, Бакхи, препев од старогрчки Д. Чадиковска, Скопје, 261‐278.
• ‘Определување на трагедијата’, во: Софокле, Трахинки, Ајант, Електра, препев од старогрчки Д. Чадиковска, Зумпрес, Скопје, 223‐254.
‘Античкиот Ерос‘, Културен живот 40.7‐8, 44‐53.
•1996 - Антологија на хеленската лирика, предговор, вовед и препев од старогрчки, Зумпрес, Скопје.
• ‘Потрага по обликот на Еразмо‘, во: Еразмо Ротердамски, Пофалба на глупоста, превод од латински и белешки Љ Басотова, Детска радост, Скопје, 165‐209.
• ‘Потрага по обликот на Еразмо‘, Око 19, 81‐88.
•1998 - ‘Белешки за атинската трагедија‘, ГЗбФф 25 (51), 103‐131.
• ‘Синархија на архетипската стварност‘, во: Ќулафкова К. (уред.),
• Феминистички стратегии: Зборник на текстови, Сигмапрес, Скопје,120‐142.
• ‘Хоратиј, Избор’, препев и белешки, Стремеж, 44.3‐4, 30‐39.
• ‘Енергија на „Скитачкото сиже“’, во: Бакевски П., Елегии, Спектар прес, Скопје, 191‐237.
•1999 - ‘Публиј Вергилиј Марон: Fatum primum: метафизичко историски топос Август’, во: Публиј Вергилиј Марон, Ајнеида, препев од латински Љ. Басотова, Култура, Скопје, 7‐46.
•2000 - ‘Ајсхил и трагичната песна‘, во: Ајсхил, Трагедии: Прибегарки, Персијци, Седумтемина против Теба, препев од старогрчки јазик и белешки Д. Чадиковска, Мисла, Скопје, 5‐33.
• ‘Coincidentia oppositorum‘, Стремеж 46.7‐9, 102‐116.
•2001 - ‘Хесиод – обид за неколку хеуристички тези‘, во: Хесиод, Теогонија, препев, коментар и индекс М. Чичева‐Алексиќ, Сигмапрес, Скопје, 5‐28.
• Платон, Политеја, превод од старогрчки, предговор, коментар и белешки, Три, Скопје.
• ‘Предговор’, во Басотова, Љ., Latine discimus: Учебник по латинскијазик за II година за реформираното гимназиско образование, Просветно дело, Скопје, 3‐5. 120‐142.
•Аристотел, Никомахова етика, превод од старогрчки и предговор, Три, Скопје.
• ‘Потрага по обликот на Еразмо’, во: Еразмо Ротердамски, Пофалба на глупоста, превод од латински Љ. Басотова, Три, Скопје, 119‐151.
•2005 - ‘Платон: Политеја (извадоци)‘, превод од старогрчки, во: Џепароски И. (уред.), Убавина и уметност: од Платон до Кроче, Магор, Скопје, 3‐52.
•2006 ‘Regressus in (in)finitum или Чекорење назад до определено (историско) време’, во: Лукретиј Кар, За природата на нештата,препев од латински Љ. Басотова, Култура, Скопје, 5‐42.
• ‘Документарна подлога на ракописот: fussnote‘, Портал 19/20,11‐14.
•2007 Платон, Закони, превод од старогрчки и предговор, Три, Скопје.
•2008 Платон / Ксенофонт, Симпосиумска еротологија: Платон, Симпосион, Ксенофонт, Симпосион, превод од старогрчки, предговор, белешки и објасненија, Култура, Скопје.
• ‘Деконструкција на поимот – метаморфоза‘, во: Томовска, В. И Мартиновски, В. (уред.), Метаморфози и метатекстови: Зборник трудови од научната работилница одржана на 11. V. 2007, Друштво на класични филолози „Антика“, Друштво за компаративна книжевност на Македонија, Скопје, 9‐19.
•2009 - ‘Поетскиот устав или de institutione… orphica’, Синтези 15, 24‐30.
•2010 - ‘Атрагичниот пост‐хероизам во ‘Одисеја’ (митопеја или иманенција на свеста)’, во: Томовска, В. и Мартиновски, В. (уред.), Одисеи за Одисеја: Зборник трудови од научната работилница одржана на 01.VI. 2009 година, Друштво на класични филолози „Антика“, Друштво за компаративна книжевност на Македонија, Скопје, 9‐20.
•2013 - ‘Risus et ridiculi laus (Пофалба на смеата и шегата)‘, во: Томовска, В. и Мартиновски, В. (уред.), Сите лица на смешното (од антиката до денес): Зборник трудови од научната работилница одржана на 11. V. 2012, Друштво на класични филолози „Антика“, Друштво за компаративна книжевност на Македонија, Скопје, 9‐22.
• ‘Vergilius, vates pius’, во: Публиј Вергилиј Марон, Енеида, препев од латински Љ. Басотова, Конгресен сервисен центар / Макавеј, Скопје, 299‐316.
•2014 - Платон, Гозба, Ион, Федар, Држава, Кратил, превод од старогрчки јазик на Гозба, Ион, Федар и Држава и поговор, Магор, Скопје.
•2015 Стара грчка лирика, избор, препев од старогрчки јазик и поговор, Три, Арс Ламина ‒ публикации, Скопје.
• ‘Евдајмонизмот на смртта – суштината на поетскиот облик трагедија’, во: Софокле, Драми: Кралот Едип, Антигона, Електра, Филоктет, Едип на Колон, препев од старогрчки Д. Чадиковска и Љ. Басотова, Арс ламина – публикации, Скопје.
•Препеви од старогрчки на избрани песни од Архилох,, Семонид, (Аморгинецот), Калин, Тиртај]], Мимнерм, Алкман, Сапфо,, Алкај, Теогнид, Солон, Анакреонт, Хипонакт, Ксенофан, Симонид, Пратина, Тимокреонт и Пиндар, во: Дуев Р. и др. (уред.), Антологија на светската поезија преведена на македонски јазик, том 1: XX век пр. н.е. – IV век н.е., од Енума Елиш до Авсониј, Арс ламина – публикации,Скопје, 302‐372.
•2017 - ‘Парадокс и неговата поетолошка динамика (во општа смисла,и преку хеленски културолошки парадигми)’, во: Томовска В. и др.(уред.) Studia classica anniversaria: Прилози од меѓународната научна конференција одржана по повод 70 години од Институтот за класични студии, 22‐23 ноември, 2016, Скопје, Филозофски факултет ‒ Скопје, Скопје, 223‐231.
•2018 - ‘Публиј Вергилиј Марон’, во: Публиј Вергилиј Марон, Пастирски песни – ратајски песни, препев од латински јазик Љ. Басотова, Силсонс, Скопје[2],[3].
Награди и признанија
уредиПрофесор Елена Колева е добитник на бројни награди и признанија: • Државната награда „Св Климент Охридски“, Скопје, 2009 година[4] .
Наводи
уреди- ↑ Елена Колева
- ↑ 2,0 2,1 Елена Колева
- ↑ [Здружение на класични филолози АНТИКА-/Exegi monumentum aere perennius Зборник во чест на Елена Колева, Љубинка Басотова и Даница Чадиковска, по повод 85 години од нивното раѓање, Сиистасис Посебно издание 5 Скопје, 2019/ Елена Колева]
- ↑ Елена Колева[мртва врска]