Латинска книжевност

(Пренасочено од Римска литература)

Историја на книжевноста
Античка книжевност
Арапска книжевност
Грчка книжевност
Египетска книжевност
Индиска книжевност
Јапонска книжевност
Кинеска книжевност
Македонска книжевност
Персиска книжевност
Римска книжевност

Латинската или римска книжевност се развивала под влијание на хеленската и затоа нејзината вредност е двојна - таа не е само одраз на развитокот на римското робовладетелско општество, туку е и ризница во која се сочувани некои дела на хеленски научници и поети, чии оригинали се изгубени.

Римската книжевност може да се подели на неколку периоди: докласичен (до 80 г. п.н.е.), класичен (од 80 п.н.е. до 120 г.) и посткласичен период (од 120 г. до почетокот на VI век). Според ова, таа опфаќа цели осум векови. Римската книжевност настанува при крајот на Првата пунска војна и потоа се раширува, но сегогаш останувајќи единствена, сè до околу 600 година.

Докласичен период

уреди
 
Тит Макиј Плавт

Првиот период на римската книжевност го обележува Законикот на дванаесет плочи, кој претставува кодификација на дотогашните обичајни права и резултат на борбата на широките народни слоеви против патрициите. Познати писатели од докласичниот период се преведувачот на хомеровите дела Ливиj Андроник, комедиографот и епскиот поет Гнеј Невиј, поетот анала и преработувач на хеленските драми К. Енеј, комедиографите Тит Макциј Плавт, Сесилиј Стациј, Теренциј Афер, трагичарите Пакувj, Акиj, потоа војсководецот, државникот и беседникот Порциј Катон, сатиричарот Лусилиј и најплодниот писател и најголемиот научник на Стариот Рим - Теренкиj Варон.

Класичен период

уреди

Ова е периодот на уште еден расцут на римската книжевност, при што овојпат се користел класичниот латински јазик. Овој период го одбележуваат беседникот, државникот и писателот Цицерон, историчарите Јулиј Цезар, Салустиј Крисп, К. Непот, Тит Ливиј, В. Патеркул, Валериј Максим, Квинтиј Руф, Такит, па поетите Тит Лукрециј Кар, Валериj Катул, Вергилиј, Хорациj, Овидиј, К. Гал, Тибул, Проперциј, Енеј Лукан, Галериј Флак, Папиниј Стациј, сатиричарите Персиј Флак, Марцијал, Петрониј и Јуниј Јувенал, како и баснописецот Ј. Федар, стоичарот Сенека, енциклопедистот Плиниј Постариот, реториците Плиниј Помладиот и Квинтилијан. На овој период му припаѓаат најважните дела од римската книжевност во стихови и проза, и токму затоа се нарекува класичен период.

Посткласичен период

уреди

Овој период претставува есен во веќе обраното лозје. Во него, христијанството, кое излегува од своите катакомби, ја сочинува претходницата на поробените маси во борбата против Рим, а границите на Римското Царство се загрозени од варварите.

Посткласичниот период го обележуваат библиографот Светониј Транквил, историчарите Енеј Флор, Евтропиј, Марцелин, Касидор Сенатор, Аврелиј Виктор и Павле Орозиј, антикварот А. Гелиј, романописецот Апулеј, поетите Клаудијан, Авсониј, граматичарот и полихисторот Макробиј, црковните писатели М. Феликс, Тертулијан, Арнобиј, Фирмик Матерно, Амвросиј Медиолански, Јиероним, Августин и филозофот Боетиј. Царот Јустинијан го собрал и го објавил дотогашното законодавство заедно со коментарите на римските правници, кои пресудно влијаеле на настанувањето и развитокот на книжевниот латински јазик. Со затворањето на Платоновата академија во Атина, овој цар ја оттргнал и последната пречка на христијанството, која оттогаш постанува културна претходница на Европа.

Поврзано

уреди