Политеја (старогрч. Πολιτεία) првично бил израз во Стара Грција кој значел град-држава која има граѓанско собрание како дел од политичкиот процес. Тука избирачко право немале жените, робовите, крепосните селани и метиците. Така, право на глас имал само мал дел од машкото население.

Денес ова е општ термин кој означува политичка организација или група. Чсто се користи за лабаво организирано општество како племе или заедница, но може да значи политичка група како влада или империја, корпорација или академија. Се користи и во фразата црковна политеја како синоним за црковна управа.

Аристотел

уреди

Аристотел го користел зборот во првичната смисла, како и за еден конкретен вид на управување. Оваа поспецијализирана „политеја“ е општество владеано од многуте, од сите имотни класи - од богати до сиромашни (главно средната класа), во интерес на целата заедница. Тој сметал дека ова е идеалниот облик на управување, некаде помеѓу олигархија (власт на богатите) и демократија (власт на сиромашните).

Аристотел сметал дека политејата може да се гледа како петти вид на режим, покрај монархијата, олигархијата, демократијата и аристократијата. Мешавината би се постигнала со тоа што уставот би комбинирал некои одлики на демократијата, како собрание отворено за сите граѓани, со некои одлики на олигархијата, како избори за високи функции (богатството е предност во изборниот натпревар).[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-07-03. Посетено на 2007-07-19.