Ксенофан (околу 570-478 г.) се смета за основач на Елејската школа. Потекнува од Колофон, напреден малоазиски град. Тој бил против предрасудите и заблудите на народната религија. Според него луѓето ги создале боговите по своја лика и прилика. Според него, ако воловите, коњите и лавовите беа способни да сликаат, секој од нив би ги претставил боговите во својот лик - воловоте како волови, коњите како коњи, итн. Тој ги напаѓал Олимписките игри и славењето на физичката сила, додека силата на умот се потценувала. Бог, кој е еден, не наликува на луѓето. Тој е еден, вечен и непроменлив, еднороден. Всушност, под бог тој ја подразбирал целината на светот која има форма на најсовршено геометриско тело - топката.