Латинизам
Латинизам (латински: Latinismus) — збор, идиом или израз што потекнува од латинскиот јазик[1][2]. Латинизмите може да бидат заемки или усвоеници во јазикот што ги усвоил. Во европските јазици има многу латинизми.
Лексички латинизам
уредиНа основно ниво на одредени зборови и лексеми, создавањето и усвојувањето на латинизмите има долга историја, која датира од древни времиња. Раните лексички латинизми се потврдени во различни јазици кои стапиле во допир со латинскиот јазик за време на ширењето на античката римска култура. Овој процес продолжил и во средниот век, а во модерните времиња се здобил со нови облици под влијание на научната терминологија, главно заснована на научниот латински. Како посебна подгрупа на лексички латинизми, разни ономастични латинизми се образуваат преку латинизација на сопствените именки, вклучувајќи лични имиња и топоними.
Синтаксички латинизам
уредиОбновениот интерес за класичната латинска книжевност за време на ренесансата резултирала со појава на различни облици на синтаксички латинизми, изразени со на ренесансните и подоцнежните автори да ја обликуваат синтаксата на нивните реченици според реторичкиот стил користен од класичните латински автори, како Цицерон и Цезар.
Идиоматски латинизам
уредиИдиоматските латинизми се фрази или идиоми кои се усвоени од латинскиот јазик или моделирани според латинската фразеологија.