Ренди Њуман
Рендал Стјуарт Њуман (анг: Randall Stuart Newman; роден на 28 ноември 1943 г.) ― американски пејач, текстописец, аранжер, композитор и пијанист познат по карактеристичниот стил на пеење со југоамерикански акцент, песни под влијание на раниот американа музички правец и како композитор на музика за многу филмови.[1] Како пејач негови најпознати песни се „Short People“ (1977), „I Love LA“ (1983) и „You've Got a Friend in Me“ (1995) во дует со Лајл Ловет, а други пејачи постигнале успех со преработките на неговите песни: „Mama Told Me Not to Come“ (1966), „I Think It's Going to Rain Today“ (1968) и „You Can Leave Your Hat On“ (1972).
Ренди Њуман | |
---|---|
Ренди Њуман во 2012 | |
Роден(а) | Рендал Стјуарт Њуман 28 ноември 1943 Лос Анџелес, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1961–денес |
Партија | Демократ |
Сопружник |
|
Деца | 5 |
Ренди Њуман е роден во Лос Анџелес, а многу луѓе од неговото пошироко семејство биле холивудски филмски композитори. Тој својата кариера како текстописец ја започнал на 17-годишна возраст, и напишал песни за музичари како: The Fleetwoods, Сила Блек, Џин Питни и Алан Прајс. Во 1968 година, го објавил неговиот прв солистички албум Randy Newman. Четири негови албуми (исклучувајќи ги саундтрак албумите) се пласирале во топ-40 во САД: Sail Away (1972), Good Old Boys (1974), Little Criminals (1977) и Harps and Angels (2008).
Од 1980-тите, Ренди Њуман почнал да работи првенствено како филмски композитор. Тој компонирал музика за девет анимирани филмови на Дизни-Пиксар, тука спаѓаат сите четири филма за „Приказна за играчките“ (1995–2019), Животот на бубачката (анг: A Bug's Life)(1998), двата филма од франшизата „Monsters, Inc“ (2001, 2013) и првиот и третиот филм од „Автомобили“ (2006 и 2017 г), како и Дизниевите „Џејмс и џиновската праска“ (1996) и „Принцезата и жабецот“ (2009). Напишал музика и за други филмови: Cold Turkey (1971), Регтајм (1981), The Natural (1984), Awakenings (1990), Cats Don't Dance (1997), Pleasantville (1998), Запознај ги родителите (2000), Сибискит (2003) и Приказна за бракот (2019).
Ренди Њуман, 22 пати бил номиниран за Оскар во категориите за најдобра оригинална музика и најдобра оригинална песна; освоил два Оскара за најдобра оригинална песна. Со ова придонел Њуманови да сманат најмногу номинирано пошироко семејство за Оскар, со вкупно 92 номинации во различни музички категории. Ренди исто така има освоено три Еми награди, седум Греми награди и Гувернерска награда од американската Национална академија за запис на звукот.[2] Во 2007 година, компанијата Волт Дизни му ја доделила наградата Дизниеви легенди.[3] Ренди бил примен во Куќата на славата на текстописците во 2002 година и во Куќата на славата на рокенролот во 2013 година.[4]
Детство и младост
уредиРендал Стјуарт Њуман е роден на 28 ноември 1943 година, во Лос Анџелес во еврејско семејство. Детството го поминал во Њу Орлеанс, а на 11 годишна возраст, неговото семејство се вратило во Лос Анџелес. Студирал музика на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес, но се откажал еден семестар пред да дипломира.[5] Во јуни 2021 година, конечно дипломирал на универзитетот.[6]
Кариера
уредиТекстописец
уредиЊуман станал професионален текстописец уште од својата 17-та година. Тој навел дека Реј Чарлс најмногу музички влијаел на него во детството.[7] Негов прв сингл како изведувач бил „Golden Gridiron Boy“ од 1962 година, кој го објавил кога имал 18 години.[8] Синглот не бил успешен и Њуман одлучил во следните години да се насочи на пишување песни и аранжмани.
Една од првите поуспешни песни што ги напишал била „They Tell Me It's Summer“, за the Fleetwoods, по што Fleetwoods, а исто така и Pat Boone барале да им напише други песни.[9] Песни по негов текст снимиле: Џин Питни, Џери Батлер, Петула Кларк, Дасти Спрингфилд, Џеки Де Шенон, The O'Jays и Ирма Томас, меѓу другите. Како текстописец бил особено успешен во Обединетото Кралство: топ-40 хитови во Велика Британија напишани од Њуман биле: „I've Been Wrong Before“ од Сила Блек (бр. 17, 1965), „Nobody Needs Your Love“ од Џин Питни (бр. 2, 1966) и Just One Smile“ (бр. 8, 1966); и „Simon Smith and the Amazing Dancing Bear“ од the Alan Price Set (бр. 4, 1967).
Пејач
уредиНеговиот прв албум од 1968 година, Randy Newman, бил пофален од критиката, но не се пласирал во Топ-200 на Билборд. Многу пејачи, како: Барбра Стрејсенд, Хелен Реди, Бет Мидлер, Алан Прајс, Џуди Колинс, Глен Кембел, Кас Елиот, Арт Гарфанкел, the Everly Brothers, Бони, Дасти Спрингфилд, Том Одел, Нина Симон, Лин Андерсон, Вилсон Пикет, Пет Бун, Нил Дајмонд и Пеги Ли, ги преработиле неговите песни, а „I Think It's Going to Rain Today“ станала стандардна песна на репртоарите.
Во 1969 година, тој ја снимил песната „Gone Dead Train“ за филмот и саундтракот на <i id="mw-A">„Performance“</i> (1970), со Мик Џегер во главна улога.
Филмски композитор
уредиДискографија
уредиСтудиски албуми
уреди- Randy Newman (1968)
- 12 Songs (1970)
- Sail Away (1972)
- Good Old Boys (1974)
- Little Criminals (1977)
- Born Again (1979)
- Trouble in Paradise (1983)
- Land of Dreams (1988)
- Randy Newman's Faust (1995)
- Bad Love (1999)
- The Randy Newman Songbook Vol. 1 (2003)
- Harps and Angels (2008)
- The Randy Newman Songbook Vol. 2 (2011)
- The Randy Newman Songbook Vol. 3 (2016)
- Dark Matter (2017)
Музика за филм
уреди
- Cold Turkey (1971)
- Ragtime (1981)
- The Natural (1984)
- Parenthood (1989)
- Major League (1989)
- Avalon (1990)
- Awakenings (1990)
- The Paper (1994)
- Maverick (1994)
- Toy Story (1995)
- James and the Giant Peach (1996)
- Michael (1996)
- A Bug's Life (1998)
- Pleasantville (1998)
- Toy Story 2 (1999)
- Meet the Parents (2000)
- Monsters, Inc. (2001)
- Seabiscuit (2003)
- Meet the Fockers (2004)
- Cars (2006)
- Leatherheads (2008)
- The Princess and the Frog (2009)
- Toy Story 3 (2010)
- Monsters University (2013)
- Cars 3 (2017)
- The Meyerowitz Stories (2017)
- Toy Story 4 (2019)
- Marriage Story (2019)
Наводи
уреди- ↑ Kamf, David (February 18, 2016). „How Randy Newman and His Family Have Shaped Movie Music for Generations“. Vanity Fair. Архивирано од изворникот на February 20, 2016. Посетено на February 26, 2020.
- ↑ „Chronology“. Randynewman.com. Архивирано од изворникот на April 3, 2012. Посетено на July 29, 2011.
- ↑ „Randy Newman Disney Legend“. D23.com. Архивирано од изворникот на June 9, 2011. Посетено на September 28, 2014.
- ↑ „Rock and Roll Hall of Fame Announces 2013 Inductees“. Rock and Roll Hall of Fame. December 11, 2012. Архивирано од изворникот на December 14, 2012. Посетено на December 11, 2012.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „UCLA's 2021 commencement celebrates returning to and redefining normal“. UCLA Newsroom. June 11, 2021. Архивирано од изворникот на June 12, 2021. Посетено на June 12, 2021.
- ↑ All Songs Considered (August 4, 2008). „Guest DJ Randy Newman“. NPR. Архивирано од изворникот на August 4, 2011. Посетено на September 19, 2011.
- ↑ Billboard. November 3, 1962. стр. 4–. ISSN 0006-2510. Посетено на July 13, 2012.
- ↑ Kevin Courrier (2005). Randy Newman's American Dreams. ECW Press. стр. 47. ISBN 9781550226904. Архивирано од изворникот на June 10, 2023. Посетено на September 26, 2020.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Ренди Њуман на Семрежната филмска база на податоци (англиски)