Елванген

општина во Баден0-Виртемберг, Германија

Елванген на Јагст, официјално Елванген (Јагст), или само Елвангенград во округот Источен Алб во источниот дел на сојузната покраина Баден-Виртемберг во Германија. Се наоѓа на околу 17 км северно од Ален.

Елванген

Ellwangen

Грб на Елванген
Елванген во рамките на Германија
Елванген
Управа
Земја Германија
Покраина Баден-Виртемберг
Адм. подрач. Штутгарт
Округ Источен Алб
Обербургмајстер Карл Хилсенбек
Основни податоци
Површина 127,45 км2
Надм. височина 440 м
Население 26.574 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 209 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. AA
Пошт. бр. 73479
Повик. бр. 07961, 07965
Портал www.ellwangen.de
Местоположба на град Елванген во рамките на округот Источен Алб
Карта
Карта
Координати 48°57′40″N 10°7′50″E / 48.96111° СГШ; 10.13056° ИГД / 48.96111; 10.13056

Елванген има 25 000 жители.

Географија

уреди

Елванген е сместен во долината на реката Јагст која тече од југ кон север.

Историја

уреди

Градот се развива во 7 вик како алеманска населба на франко-швапската граница. Во 764 годин, франкскиот благородник Хариолф, бискупот на Лангр, го основал бенедиктанскиот манастир на ридот до населбата. Манастирот е спомнат во документ на Лудвиг Побожниот во 814 година.

Од 870 до 873 година, „апостолот на Словените“, Свети Методиј, бил затворен во Елванген откога бил уапсен од Ерманрич, бискупот на Пасау. Бил ослободен во 873 година благодарение на интервенцијата на папата Јован VIII

Манастирот бил „ослободен“ од 1124 година (можеби и порано), што значи дека директно му одговарал на папата. На опатите им била гарантирана царска непосредност во 1215 година. Службата фогт најпрво ја држеле грофовите од Етинген, а од 1370 година грофовите на Виртемберг. Од 1460 година опатијата била променета во ослободена куќа на каноници, водена од прошт и колегиум од 12 благородни каноници и 10 викари. Првично нејзината територија ги опфаќала окрузите на Елванген, Таненберг и Кохенбург. Округот Ретлен бил придодаден во 1471 Васералфинген во 1545 и Хојхлинген во 1609 година.

Во 1588 година и од 1611 до 1618 година околу 450 жители на Елванген биле убиени во лов на вештерки.

После германската медијатизација во 1802 година, Елванген станал дел од Војводството Виртемберг. Прво бил седиште на владата на Нојвиртемберг, териториите што Виртемберг ги добил со медијатизацијата. Во 1803 година, градот станал центар на округ, кој во 1806 година бил вклучен во новото Кралство Виртемберг. Во 1807 година Елванген станал седиште на округот Јагст, сè до 1924 година кога како резултат на спојување станал поголем. Кралот на Виртемберг кој присоединил големи подрачја со доминантно католичко население, сакал Елванген да стане седиште на римокатоличка диецеза. За таа цел, во 1812 година тој основал во Елванген ординарија и богословија, како и теолошки факултет. За брзо време факултетот бил преселен во Тибинген, каде станал дел од универзитетот Еберхард Карлс. Богословијата и ординаријата, во 1817 година отишле во Ротенбург на Некар, кој во 1821 година станал седиште на новоформираната диецеза за Виртемберг.

XX век

уреди

После Втората светска војна, членовите на 17. Панциргренадирска дивизија биле осудени за бројни воени злосторства, вклучувајќи и стрелање на странски логорски заробеници во Елванген.

Во април 1945 година, трупите на армијата на Соединетите Држави го окупирале Елванген и сè до 1946 година разни армиски единици биле стационирани во касарната. Од 1946 до 1951 година, касарната ја користела Меѓународната организација за бегалци како камп за раселени лица за 3 000 Украинци. Во 1951 година американската војска повторно ја зела касарната за свои потреби. Во септември 1955 година, Американците ѝ ја вратила касарната на германската влада.

Знаменитости

уреди

Најголема знаменитост на Елванген е неговиот средновековен центар со црквите, особено базиликата.

Добро позната е барокната црква Шененберг како и замокот кои се наоѓаат на блиските ридови.

Во непосредна близина на центарот се наоѓа плоштадот „Св. Методиј“ на кој се наоѓаат спомен-плочи на св. Методиј на македонски и на бугарски јазик.

Збратимени градови

уреди

Елванген е збратимен со:

Наводи

уреди
  1. „Општини во Германија по површина, население и поштенски број на 30 септември 2016 г.“. Сојузна статистичка служба на Германија. 2016. (германски)

Надворешни врски

уреди